Да но општество во кое нема стабилна и силна средна класа е мртво општество !
Од една страна имаш машносани пуфлиња: политичарчиња и бизнисмени т.н. газди, тајкуни, олигарси, елита, џет-сет или како ли да ги наречам, а од друга страна имаш сиромашна гола боса проста заостаната и лесно манипулативна раја(обичен народ) !
Основен столб и движечка сила на секое општество е средната класа, а без средна класа се е мртво, сиво и отидено у ку*ац !
Особено па кога ќе ги видам нашиве политичари(читај властодрсци)овдека мислам на сите наши политичари/политички партии/лидери, како и кога ќе ги видам нашиве бизнисмени/тајкуни/олигарси(читај феудалци) едноставно губам секаква воља за живот и паѓам во депресија !
Хахахаха ! Ме насмеа, жими се

Инаку, онтпоик, шо да кажам... Средна класа биле тие што имале 400.000 евра на страна

Ако некој ако во животот во капиталистичко опшстество, се дочепа до сума поголема од 50.000 евра, отвара бизнис. Кога човек ќе отвори бизнис, веќе не е обичен смртник, туку е бизнисмен. Газда, џет-сет, сноб, елита, како сакаш наречи го. Без разлика на тоа што е мал, има луѓе кои се под него, има луѓе кои работат за него. Може сега заработува 2.000 евра месечно, за 2 години тие ќе бидат 5.000, а за 20 можеби 50 илјади евра месечно.
Другата варијанта на „бизнисмени“ се државни работници кои имаат високи функции и крадат. Судии, министри, градоначалници...
Обичните смртници работат како работници во приватните бизниси на бизнисмените или имаат пониска државна функција.
Нема средна класа. Ако постои средната класа, тогаш тоа би биле оние луѓе кои работат во државна администрација (луѓе на шалтери во УЈП, во катастар, во општините, просветари...). Сепак, ова се луѓе кои имаат завршено факултет, а земаат ~25.000 денари плата. Па сега пресметајте дали еден работник на шалтер може да има заштеда од 400.000 евра дома и да биде средна класа.
А инаку, од каде ова дека ако едно општество нема средна класа, тогаш е мртво?