Што се случи со средната класа во Македонија?

Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Мешаш право со обврска никој не е должен ништо да ти обезбеди. Ти имаш право да го имаш сето тоа никој не го негира. Но, никој не сноси обврска да ти го обезбеди тоа. Има многу луѓе кои ги немаат тие услови кој ги наброја. Најди ми член во кој се вели дека некоја друга личност сноси обврска да ти биде твој донатор и да се грижи за твојот квалитет на живот.
--- надополнето: 20 март 2012 во 10:16 ---

Очигледно не ја разбираш зошто служи берзата. Берзата е наменета за компании од сите видови да обезбедат средства за финансирање на нивните проекти. Секоја компанија има право да печати акции и да ги продава со што собира капитал. Ова важи и за Земјоделски претпријатија и за рудници. „нови пари“ се прават во банки (комерцијални и централни). Инвесторите се најбитен дел од економскиот систем тие одлучуваат каде ќе одат парите ако ја погодат правата компанија се наградени а компанијата успева со нивните пари да отвори работни места и да ја движи економијата. Значи парите доаѓаат од банките и после се дистрибуираат од страна на инвеститорите со цела најдобро можно да ги задоволат побарувањата на потрошувачите а во процесот на тоа отварат работни мести. На кратко така функционира системот.

Онака офтопик само да прашам.Да не имаш слушнато за Ron Paul?
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Рон Пол ми е идол :)

Знаев одма препознав по постовите.Многу е ретко Македонец да се сретне што разбира пазарна економија не па да знае кој е Хајек.Мислам повеќе научив од него за економија отколку овие 4 години на економски.
 

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Знаев одма препознав по постовите.Многу е ретко Македонец да се сретне што разбира пазарна економија не па да знае кој е Хајек.Мислам повеќе научив од него за економија отколку овие 4 години на економски.
Мизес, Ротбарт, Хајек, Бам-Баверк итн од Австриска Школа се супер oд новите автори многу го сакам Питер Шиф. Од другите многу ми се допаѓаат Aдам Смит, Милтон Фидман па и Кејзн ОК му се теориите и за краткорочни интервенции е во право само на долг рок не е така. Од новите мотиванциони автори ми се допаѓа Роберт Кијасаки. Инаку не сум економист по професија ама сакам да читам на таа тема доста, макроекономија, инвестирање, филозофија итн.
 
Член од
7 март 2009
Мислења
1.161
Поени од реакции
827
Примања како апсолутна вредност може ни животен стандарт е жива глупост да го земаш како основа за класна припадност.
Види,убаво ти реков,ова важи за во дивиот-либерален капитализам,а ти ако знаеш поубаво мерило за класна припадност напиши,немој да тролаш.И што мислиш,некој во Британија кој е социјален случај со минимални месечни примања а е внук на некој гроф автоматски припаѓа на повисока класа? Тие филмови поминаа одамна пријателе,сега мерило и за животен стандард и за калсна припадност ти е профитот кој го остваруваш и точка.;)
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
Значи средна класа се оние кои јаваат коњи, кои свират на клавир, одат на опери, оние кои се занимаваат со стрелаштво, мечување, сликарство и.т.н. :pos:
ОК ќе си купам еден коњ и еден клавир ! :D
Шала на страна, но за да некој поединец или пак некоја фамилија/семејство ги окарактеризираме како припадници на средната класа, тука треба да се земат обзир повеќе параметри, на прво место секако приходите(месечни) кои влегуваат во таа куќа, потоа треба да се земе обзир и самиот начин на живот(дали се трошајлии или цинцари...) исто така интелектуалното ниво, сфаќањата, културата и.т.н.
Еве јас лично приметувам(во мојава средина конкретно) дека поситуираните лица по некое непишано правило имаат најчесто повисоко интелектуално ниво, покасно влегуваат во брак и имаат по едно дете, додека пак понеситуираните фамилии обично се на пониско интелектуално ниво, влегуваат во брак доста рано и имаат повеќе деца !
Исто така познавам поситуирани луѓе кои се поштедливи од некои понеситуирани и ред други параметри, но поентата ми беше дека освен приходите и некои други работи ја определуваат припадност кон одредена социо-економска класа: начинот на живот, домашното воспитување, интелектуалноста, сфаќањата, културата и.т.н.
Ама сепак приходите(месечни) се еден од најрелевантните фактори кои ја одредуваат класата !
Во Македонија средна класа се оние семејства кои имаат приходи(вкупни) не помали од 40/50/60 илјади ден. на месец, зборам за просечни МК семејства: мајка, татко и две деца, не зборам за некои затуцани со по пет или десет деца !
 

Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.178
Поени од реакции
2.857
За мене средна класа е онаа која:
-нема проблем со егзистенцијата,
-има куќа или стан,
-возат два автомобила,
-има се по дома,
-оди на одмор, летен зимски,
-има пари да го школува детето/децата ...
-едноставно пристоен живот ...
По некои мерила над 30/40/50 % треба да е бројот на средната класа од бројот на вкупното население, во зависност од степенот на севкупниот економски равој на некоја држава ...
 
Член од
8 јуни 2007
Мислења
6.102
Поени од реакции
12.199
Во Македонијава, многу лоши критериуми постојат за определување на класи. Затоа, во голем дел од реториките, биле тие на медиум или во слаткарници, се слуша дека немало средна класа. Има, секако дека има.

Проблемот е онаа, работничката.
Него, еве текст каде што на широко се разглаба за овој проблем. Со некои критериуми за делбата на кастите. И најглавната граница - онаа психолошката.

http://cubanrights.wordpress.com/2014/06/29/состојбата-на-работничката-класа-во-р/
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
1.082
Поени од реакции
588
Средната класа во Македонија се прекласира во сиромашна!
 

Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.178
Поени од реакции
2.857
Во РМ средна класа те сметаат ако го замениш возниот парк од Фичо, Рено4, Застава 101, Југо, Голф 1, Голф 2 за некое половно количе од 1996-1999 година...Или пак ако редовно купуваш маслиново масло...:tapp:А пак доколку поседуваш АЈФОН, ајпод, смартфон, таблет, лаптоп, или пак одиш секое лето на одмор во Грчка тогаш тоа е симбол на невидена благосостојба...:tapp:
 

marinium

Even Cops Dial 911 -S.W.A.T !
Член од
5 мај 2013
Мислења
994
Поени од реакции
506
скоро да ја нема...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom