Задграничен Округ
Комита
- Член од
- 22 февруари 2009
- Мислења
- 1.065
- Поени од реакции
- 2.975
Утрешното дерби во Тетово го помести мечот Вардар – Металург за в понеделник
Дербито за титулата помеѓу актуелниот првак Шкендија и актуелниот лидер Вардар ќе се игра дефинитивно утре на Градскиот стадион во Тетово, по многуте перипетии во последните 48 часа. Но, поради одложувањето на овој дуел, се случи вистинска каша-попара во распоредот за наредните натпревари.
Како што беше најавено од синоќа, фудбал во Тетово ќе се игра, иако пред два дена на барање на МВР поради безбедносни причини, ФФМ даде препорака да се преместат мечевите на трите тетовски прволигаши надвор од градот под Шара. Сега излегува дека од утре фудбал во Тетово ќе се игра секој ден до следната среда, освен в сабота.
Ова значи дека в петок Тетекс во Тетово ќе игра со Напредок, меч што исто така требаше да се игра утре, со што ќе се комплетира второто пролетно коло. За да имаат доволно денови за одмор, Вардар и Металург наместо в недела ќе се сретнат ден подоцна – в понеделник. За вторник е закажан мечот Ренова – Напредок, а тетовската пресметка Шкендија – Тетекс ќе се игра в среда, со што би се комплетирало 21. коло.
„Чекаме потврда од СВР Тетово за да го закажам мечот за во Тетово, но тоа што е ново е дека поради тоа што Вардар игра натпревар в четврток, неговиот дуел со Металург се одложува за в понеделник. Исто така, поради тоа што Тетекс ќе игра в петок со Напредок, градското дерби со Шкендија ќе се игра наредната среда, додека Ренова ќе го пречека Напредок во вторник“, ни изјави Миле Спиркоски, комесарот за натпревари на ФФМ.
И сега кој изгуби најмногу?