Прашања за Христијанството II

Статус
Затворена за нови мислења.

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.277
Се повикуван исклучиво на црковни извори а не на нецрковни.

Можам да посочам и пример, каде Црквата не наведува година на настанот, туку наведува време. Симболот од верата вели: „...кој беше распнат заради нас, во времето на Понтиј Пилат...„ (се однесува на распетието Христово, кое не е точно датирано, туку е посочено во кое/чие време Он Е распнат).

Според Црквата; Христос Е распнат и воскреснат во (30) 33-тата година од н.е.

Во Црквата, постојат бранители на црковното учење-апологети, кои наведуваат начини на кои се одредени датумите/годините или времињата од настаните битни за Црквата. За таа цел, користени се и вонцрковни извори, како на пример, записи од хроничари од времињата од раното рисјанство.

Верувам дека образован теолог може да посочи како е дојдено до тие години.
А како го црквата одредува времето кога Пилат управувал со Јудеја? Мора да се повика на одредени податоци од историјата за да му се дадат координати на местото и настанот.

Историски, Пилат беше управител 10 години (26-36 НЕ). Спрема неговото владение не може точно да се одреди распнувањето. Можел да биде распнат 27-ма 30ста 34та 36ста... затоа имаме други показатели, пример, Јован го крштева Исус, Херод го затвора Јован, му ја отсекува главата, Исус проповеда уште по тоа. Јован е обезглавен во 35та година. Пилат е управител до 36ста. Сега за сега се слагаат мозаиците дека и Пилат бил управител и дека Јован бил мртов. Кјафа бил сменет од положбата во 36ста година од страна на гувернерот на Сирија. Уште еден плус дека исус бил распнат некаде 35та - 36ста година од новата ера. И Пасхата во годината 36ста паѓа во Петок

Спрема евангелијата Исус бил роден за време на херод. Херод умира во 4та ПНЕ, година или две пред тоа е роден Исус - 5-6 година ПНЕ. Роден 5-6 ПНЕ распнат 35-36 дава дека исус имал 40-42 години кога е распнат. Ако евангелијата тврдат дека почнал да проповеда на 30 годишна возраст значи проповедал 10-12 години.

Сума сумарум, повеќе и поиздржани докази има дека Исус е распнат во годината 36ста и дека не проповедал една или ртри години туку 10-12 години. Би ме интересирало мислење на некој теолог кој го истражувал ова.
 

n/a

Член од
28 декември 2011
Мислења
1.194
Поени од реакции
2.258
епа испаѓа дека има..Еве например кога се збори зас светиот дух ние незнаеме всушност за кого се работи. „Светиот дух“ не само дека не е третата индивидуа од Тројството, туку дека не се однесува ниту на една индивидуа. Спротивно од тоа, од Исус најавениот „параклет“ е една одредена индивидуа. Оваа темелна разлика е заради тоа одлучен аргумент против хипотезата дека се работи за една иста личност.
Ако не знаете, не значи дека не постои такво знаење... освен ако не сте тотални субјективисти и формалисти (а верувам дека не сте... или барем посакувам да не сте...).

Да го споменеме на почеток Авраам, кој „Откако ги крена очите свои, виде Троица мажи како стојат спроти него.....и рече: Господи, ако сум нашол милост пред Тебе, немој да го одминеш слугата свој“ (1. Мој. 18, 2-3).... (на што ли мислел Авраам кога на тројца им се обратил со „Господи“)... ?

Оној, пак, за Кој вие не знаете е: „Духот Божји лебдеше над водата“ (1. Мој. 1,2), истиот Дух, за кој Давид вели:„Го праќаш ли духот Свој - се создаваат“ (Псалм103,30), Јов, пак: „Духот Божји ме создал и здивот на Седржителот ми дал живот“, „Кој живот твори, Кој исходи од Отецот и Кој говорел преку пророците“ (Символ на верата), за кој самиот Христос вели: „Одете и научете ги сите народи, крштавајќи ги во името на Отецот и Синот и Светиот Дух“ (Матеј 28.19), исто така и „Примете Дух Свети“ (Јован 20,22), потоа „Духот е тој што оживува, телото ништо не помага“ (Јован 6,63), „А кога ќе дојде Утешителот, Кого што ќе ви го испратам Јас од Отецот, Духот на вистината, Кој излегува од Отецот, Он ќе сведочи за Мене“ (Јован 15,26) итн.

И така, велите дека не знаете за овој Дух на вистината, кој сведочи?
Тогаш, какво ќе е сведоштвото ваше?
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Каков е ставот на православното христијанство (и не само тоа, било која конфесија) кон ликот и делото на Григориј Јефимович Распутин, маченикот за Христа и за Царот.
Се појавиле икони со неговиот лик, што значи дека имаат луѓето интерес да биде канонизиран како светец.

http://gal-shumilkina.narod.ru/GN-01.JPG
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Славниот Распутин може да биде канонизиран за „свет„ само ако руската помесна Црква донесе таква одлука. Икони можат да се појават и може било кој да ги изработи/иконописа, но како реков, само ако е тоа од Црквата одобрено и прифатено, а не по нечија лична одлука да изработи икона со ликот од Распутин.

Пред некое време се појави и икона на која беше ликот од Сталин, заедно со ликот од преподобна Матрона, па неупатените побрзаа да заклучат дека Сталин наводно бил прикажан како свет лик, а всушност, Сталин е само спореден лик од иконата..

Самиот Распутин, од она кое ми е познато за него, далеку е од лик кој е достоен да биде вброен меѓу Светиите. Тој лик, мене повеќе ми личи на ѓаолско искушение до целото семејство Романови, а воедно и (лош) предзнак за судбината на тоа семејство, кое беше убиено од мрачните сили.
 
B

Black Guard

Гостин
Дали има соодветно објаснение како тоа демоните и мрачните сили влијаат врз човекот,еве врз една индивидуа на пример...дали демонот доаѓа од пеколот или???
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Има.

Демонот (кој не доаѓа од пеколот, туку е/се овде, околу нас...), напаѓа на луѓето зависно до нивната (човековата) свесност за постоењето од демоните и нивното влијание, како и човековата отвореност за демонско влијание, преку (човековата) заинтересираност за мрачните сили и светови.

Начинот на кој напаѓаат демоните има различна сила: почнувајќи од „натурање„ помисли во човековиот ум, во облик од разно-разни сугестии и мисловни слики, преку демоноопседнатоста врз човекот, во облик од „необични„ способности (видовитост, биоенерегиј, комуникација и сл.) па се‘ до лична појава на демоните пред луѓето, во лажни облици, како „вонземјани„ или во нивниот вистински облик.
 
M

Muranyi

Гостин
Дали човекот кој под демонско влијание прави гревови,односно ги прекршува Божјите заповеди,ќе му биде судено за тие гревови?
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Поединците кои свесно или помалку свесно потпаднале под непосредно демонско влијание, самите себе веќе се осудиле, доколку не се покајат и приближат кон Бога.

Сите луѓе, со исклучок на достојните, ќе одговараат за своите животи (гревови, дела...).
 
M

Muranyi

Гостин
Зар свесно се потпаѓа под демонско влијание?Зар хомосексуалците,за кои вие тврдите дека се под демонско влијание,свесно се договараат со демоните за да постанат тоа што се?И кои се тие достојни луѓе кои нема да одговараат пред Бог?Што се тие посебно за да бидат поштедени од Божјиот суд?
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Зар свесно се потпаѓа под демонско влијание?
Потпаѓањето под демонско влијание може да биде и несвесно и свесно.
--- надополнето: 14 март 2012 во 11:48 ---
Зар хомосексуалците,за кои вие тврдите дека се под демонско влијание,свесно се договараат со демоните за да постанат тоа што се?
Не се работи за никаков договор со демоните туку се работи за свесно прифаќање на сугестиите кои демоните ги „натураат„ во умовите од блудниците, без притоа да имаат грам осет за страв Божји, за срам и конечно, за неизбежната осуда за изборот на начинот на нивонто живеење.
--- надополнето: 14 март 2012 во 11:50 ---
И кои се тие достојни луѓе кои нема да одговараат пред Бог?
Тоа се пред се‘, подвижниците, но и сите кои се покајале за своите гревови и ги покриле со добродетел.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Мики, зошто Бог како семоќен, не ги нареди на ред тоа демоните?

Две три едукативни заушки и повеќе нема да ни да писнат...
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Што се тие посебно за да бидат поштедени од Божјиот суд?
Начелно, тие не се „ништо посебно„, освен обични смртници, но и доживотни покајници и чинители на добри дела.
--- надополнето: 14 март 2012 во 11:53 ---
Мики, зошто Бог како семоќен, не ги нареди на ред тоа демоните?

Две три едукативни заушки и повеќе нема да ни да писнат...
Се‘ во свое време....
Ќе го биде и тоа, а до тогаш, Бог го пушта демонот, неговите ангели и овоземните слуги, да ги соблазнуваат луѓето, се‘ до второто Христово пришествие и Неговиот Страшен Суд, на кој Он ќе ни‘ суди на сите, вклучувајќи ги и демоните..
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Се‘ во свое време....
Ќе го биде и тоа, а до тогаш, Бог го пушта демонот, неговите ангели и овоземните слуги, да ги соблазнуваат луѓето, се‘ до второто Христово пришествие и Неговиот Страшен Суд, на кој Он ќе ни‘ суди на сите, вклучувајќи ги и демоните..
Да де, но зошто? Бог како семоќен, и вака и онака знае што ќе биде. Зошто се гњавиме?

Дајте нека слези уште еднаш, лошите во пеколот, добрите во рајот, и готово. Досадно стана ова...
 

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Потпаѓањето под демонско влијание може да биде и несвесно и свесно.
--- надополнето: 14 март 2012 во 11:48 ---


Не се работи за никаков договор со демоните туку се работи за свесно прифаќање на сугестиите кои демоните ги „натураат„ во умовите од блудниците, без притоа да имаат грам осет за страв Божји, за срам и конечно, за неизбежната осуда за изборот на начинот на нивонто живеење.
Не гледам зошто треба верниците да се плашат од Бог. Ако бог е толку мудар, милослив и праведен нема потреба од страв. Треба само да се плашиш од непредвилив и суетен Бог. Е сега за карактерот на бог зависи како го гледаш мене ми изгледаат како две личности или два Бога еден старозаветен и друг новозаветен. Бог си го сменил карактерот и како да е друга личност судејќи по неговите дела.
 

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Да де, но зошто? Бог како семоќен, и вака и онака знае што ќе биде. Зошто се гњавиме?

Дајте нека слези уште еднаш, лошите во пеколот, добрите во рајот, и готово. Досадно стана ова...
Aa не може ова така. Фудбалскиот натпревар мора да се одигра до крајот:D

И вчера оние јадните од БАзел сигурно сакаа судијата да свирне крај и да заврши маката, ама нема, правила си се правила.:P
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom