Let 3
The Nipple Erector
- Член од
- 13 јули 2008
- Мислења
- 30.896
- Поени од реакции
- 31.278
А како го црквата одредува времето кога Пилат управувал со Јудеја? Мора да се повика на одредени податоци од историјата за да му се дадат координати на местото и настанот.Се повикуван исклучиво на црковни извори а не на нецрковни.
Можам да посочам и пример, каде Црквата не наведува година на настанот, туку наведува време. Симболот од верата вели: „...кој беше распнат заради нас, во времето на Понтиј Пилат...„ (се однесува на распетието Христово, кое не е точно датирано, туку е посочено во кое/чие време Он Е распнат).
Според Црквата; Христос Е распнат и воскреснат во (30) 33-тата година од н.е.
Во Црквата, постојат бранители на црковното учење-апологети, кои наведуваат начини на кои се одредени датумите/годините или времињата од настаните битни за Црквата. За таа цел, користени се и вонцрковни извори, како на пример, записи од хроничари од времињата од раното рисјанство.
Верувам дека образован теолог може да посочи како е дојдено до тие години.
Историски, Пилат беше управител 10 години (26-36 НЕ). Спрема неговото владение не може точно да се одреди распнувањето. Можел да биде распнат 27-ма 30ста 34та 36ста... затоа имаме други показатели, пример, Јован го крштева Исус, Херод го затвора Јован, му ја отсекува главата, Исус проповеда уште по тоа. Јован е обезглавен во 35та година. Пилат е управител до 36ста. Сега за сега се слагаат мозаиците дека и Пилат бил управител и дека Јован бил мртов. Кјафа бил сменет од положбата во 36ста година од страна на гувернерот на Сирија. Уште еден плус дека исус бил распнат некаде 35та - 36ста година од новата ера. И Пасхата во годината 36ста паѓа во Петок
Спрема евангелијата Исус бил роден за време на херод. Херод умира во 4та ПНЕ, година или две пред тоа е роден Исус - 5-6 година ПНЕ. Роден 5-6 ПНЕ распнат 35-36 дава дека исус имал 40-42 години кога е распнат. Ако евангелијата тврдат дека почнал да проповеда на 30 годишна возраст значи проповедал 10-12 години.
Сума сумарум, повеќе и поиздржани докази има дека Исус е распнат во годината 36ста и дека не проповедал една или ртри години туку 10-12 години. Би ме интересирало мислење на некој теолог кој го истражувал ова.