Искрено, ве сфаќам вас, хејтерите на Жу-жу бургер. Некој на глава ви се качил со тоа колку е добар хамбургерот, па ајде сега да испаднеме интересни со тоа што ќе го хејтаме.
Да каже некој дека е просечен тој жу-жу бургер, да го сфатам. Ама кога некој ќе пише за хамбургерот дека е ТИЊЕ, тогаш знам дека на памет збори.
Од друга страна, 7мица ти е како Nokia. Оној што се разбира од телефони, знае дека веќе не ги бива, има нови и даааалеку подобри производители. Но, оние што се фатени во традицијата, сеуште може да ги видиш со N97-мица како ти викаат "Nokia си е Nokia брат!".
Единствената разлика помеѓу Nokia и 7-мица е дека овие од Nokia барем се трудат со нови телефони, додека овие од 7-мица ве бркаат од пред врата со метли (да, пред мои очи), али нели, Nokia си е Nokia.
Низ годините како што имам јадено во Седмица, плескавицата ја имаат намалено и заебано, лепчето го имаат заебано, значи две третини од хамбургерот. Компирите само им се стандард. Јас не оправдувам плаќање од 130 денари НИКАДЕ за хамбургер. Ако вие оправдувате, ќе ви кажам дека пред 2 недели на викенд во Охрид, во пицерија like a boss си јадев Quattro Formaggi за 140 денари, мала. И перфектна беше, како од Балила да речеме.
Али, ако морам да дадам 130 денари некаде, сигурно нема да ги дадам на место кое сеуште постои и вади профит само затоа што богатите (дап, луксуз е да даваш 130 денари за хамбургер секој втор ден) слепо продолжуваат со Седмица, без разлика какви цени или каков квалитет им се нуди.