Така то било за да влезеш во рајо.. ни едно собче да не напраиш да се помолиш.. поедноставно е да кажеш “А бе 100% сум сигурен дека исус не мислел така бе“.. “То не се однесува на нас... го знам бе јас Исуса... наш чоек е, си го толкувам јас баш онака ко шо тој си мислеше да каже“
Се однесува на сите... и ден денес постојат „фарисеи“, кои не се молат во својата „скришна соба“ (во срцето), со затворена врата („собрани мисли“), ами јавно, па така „веќе си ја добиле својата награда“.... освен ако навистина не очекувале нуклеарен напад, па сите по дома имале скривници...
Јас ја знам историјата,
1. Не можело да има судење во приватна куќа
2. Не можеше толпата да му наредува на римскиот управител што да прави
3. Никогаш не постоел обичај за пуштање на затвореник за Пасха
4. Миење на раце по пресуда е еврејски обичај не е римски
5. Осуден на распнување не го носел крстот туку само гредата на која ќе биде распнат, (хоризонталниот дел)
6. Распнувањата не се вршеа по приватни имоти и далеку од јавноста, тисе се извршувале на јавни места, долж патишта пред порти на град...
7. Распнатиот не се симнувал од крст се додека не почне да се распаѓа
8. Телото не му се давало на никого туку се фрлало во заеднички гробници
При Христовото судење и распнување се прекршени сите „правила, прописи и стандардни оперативни постапки“ за распнување... но, не во Негова корист, ами напротив. Инаку, ако римските војници го уапсиле заради бунт и востание, зошто прво е одведен кај првосвештеникот, а не директно кај Пилат?
Пилат на неколку места, а и после разговорот со Христос вели дека не наоѓа во него никаква вина, но свештениците и народот се тие кои бараат распнување, заради тоа што тој себеси се прогласил за Божји Син и Цар, а ним не им било дозволено да убиваат, инаку радо би го убиле (какво лицемерие), алудирајќи дека ако Пилат го пушти, и самиот би станал непријател на цезарот.
по другите точки - за градината, за Голгота, за измолувањето на телото од страна на Јосиф од Ариматеја, веќе се објаснувавме, но ти одлучуваш да ги игнораираш претходните објави, но сеедно...
Тоа така пиши во евангелијата... оти не ги избришат “неваќните работи“ многу работи таму укажуваат дека се работи за измислени прикаски пишани од луѓе кои ниту го знаеле јудизмот ни биле во јудеја ни го знаеле римскиот закон ни биле очевидци на настаните.
Ништо ново под Сонцето... некој претходно рече, а и јас ти посочив, дека твоиве ставови и толкувања се веќе чуени и побиени, па дури и прогласени за нерелевантни од историски аспект... е сега, секој чита и бара она што сака да најде. Ако бараш недоследности, ќе ги најдеш во било која книга, ако бараш поуки - исто... Свети апостол и Евангелист Јован Богослов е директен учесник во сите настани... па повторно кај него нема да најдеш ни „В“ од востание или бунт или што и да е... ако одлучиш да фантазираш на тема, тогаш никој не може да те спречи... но, твојата вистина не е конечна вистина, туку отвора повеќе прашања на кои немаш одговор отколку што дава одговори...
Kaзнетите биле камшикувани, удирани и најчесто голи) распнувани. Исус не беше нешто посебно третиран (освен што умира зачудувачки брзо и без скршени нозе). Најдолго забележано преживување на крст е 9 дена!
Инаку мртво тело - дефинитивно не крвари ако се прободе. И тоа нарочно мртов во вертикална положба и прободен во горен дел од телото. Можеби го проболе додека уште бил жив?
Ако имаш медицинско образование, ќе разбереш... ако не, џабе ќе се препираме... прободен во ребрата до срцето (шуплив орган во кој сигурно останала извесна количина на крв), од кое истекува „крв и вода“, т.е. (веќе коагулирани крвни елементи и серум) под дејство на гравитација и заради непостоење на тонус на околните мускулни ткива, укажува дека веќе настапила смрт....но сеедно...
Колку докази и да ти се приложат, ти веќе имаш свое предубедување и ќе се обидеш да ги прикажеш работите во тоа светло.
Тоа е твоја волја и слобода и размислување... и тука никој не ти може ништо...
само, остави малку простор за сомнеж... можеби не си во право, а?!
Поздрав