Прашања за Христијанството II

Статус
Затворена за нови мислења.

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
.


Се’уште не Го познаваш Вистинскиот Исус, Неговите вистински Апостоли, Неговиот вистински Меч, ... Неговата вистинска Борба, Неговото вистинско Востание!

Оди легни и да си спиеш убаво и да се разбудиш убаво ... но пред тоа не заборави да Му се поклониш на Оној Кој што на своите им дава во сон!


Лека ноќ .:)
.
Ваљда на пишеле лаги по евангелијата
 

spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
986
.

Ваљда на пишеле лаги по евангелијата
.
Сведоштвата за Евангелието БОЖЈЕ (Христос) - на кое ти не веруваш - исто така сведочат дека Исус никогаш не пролил нити една капка крв, нити пак дал благослов тоа да се прави!


Гледаш ли дека ти - и слични на тебе - се тие коишто шират лаги?


.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
.



.
Сведоштвата за Евангелието БОЖЈЕ (Христос) - на кое ти не веруваш - исто така сведочат дека Исус никогаш не пролил нити една капка крв, нити пак дал благослов тоа да се прави!


Гледаш ли дека ти - и слични на тебе - се тие коишто шират лаги?


.
Ни хитлр не убил лично никого али тој повел цели дивизии, корпуси и армии во војна
Исус не беше како Хитлер мислам немаше на располагање ни морнарица ни оклопни единици ни авијација, но да имаше одма ќе ги пратеше во битка против римските окупатори
 

n/a

Член од
28 декември 2011
Мислења
1.194
Поени од реакции
2.258
Така то било за да влезеш во рајо.. ни едно собче да не напраиш да се помолиш.. поедноставно е да кажеш “А бе 100% сум сигурен дека исус не мислел така бе“.. “То не се однесува на нас... го знам бе јас Исуса... наш чоек е, си го толкувам јас баш онака ко шо тој си мислеше да каже“
Се однесува на сите... и ден денес постојат „фарисеи“, кои не се молат во својата „скришна соба“ (во срцето), со затворена врата („собрани мисли“), ами јавно, па така „веќе си ја добиле својата награда“.... освен ако навистина не очекувале нуклеарен напад, па сите по дома имале скривници...

Јас ја знам историјата,

1. Не можело да има судење во приватна куќа
2. Не можеше толпата да му наредува на римскиот управител што да прави
3. Никогаш не постоел обичај за пуштање на затвореник за Пасха
4. Миење на раце по пресуда е еврејски обичај не е римски
5. Осуден на распнување не го носел крстот туку само гредата на која ќе биде распнат, (хоризонталниот дел)
6. Распнувањата не се вршеа по приватни имоти и далеку од јавноста, тисе се извршувале на јавни места, долж патишта пред порти на град...
7. Распнатиот не се симнувал од крст се додека не почне да се распаѓа
8. Телото не му се давало на никого туку се фрлало во заеднички гробници
При Христовото судење и распнување се прекршени сите „правила, прописи и стандардни оперативни постапки“ за распнување... но, не во Негова корист, ами напротив. Инаку, ако римските војници го уапсиле заради бунт и востание, зошто прво е одведен кај првосвештеникот, а не директно кај Пилат?
Пилат на неколку места, а и после разговорот со Христос вели дека не наоѓа во него никаква вина, но свештениците и народот се тие кои бараат распнување, заради тоа што тој себеси се прогласил за Божји Син и Цар, а ним не им било дозволено да убиваат, инаку радо би го убиле (какво лицемерие), алудирајќи дека ако Пилат го пушти, и самиот би станал непријател на цезарот.

по другите точки - за градината, за Голгота, за измолувањето на телото од страна на Јосиф од Ариматеја, веќе се објаснувавме, но ти одлучуваш да ги игнораираш претходните објави, но сеедно...




Тоа така пиши во евангелијата... оти не ги избришат “неваќните работи“ многу работи таму укажуваат дека се работи за измислени прикаски пишани од луѓе кои ниту го знаеле јудизмот ни биле во јудеја ни го знаеле римскиот закон ни биле очевидци на настаните.
Ништо ново под Сонцето... некој претходно рече, а и јас ти посочив, дека твоиве ставови и толкувања се веќе чуени и побиени, па дури и прогласени за нерелевантни од историски аспект... е сега, секој чита и бара она што сака да најде. Ако бараш недоследности, ќе ги најдеш во било која книга, ако бараш поуки - исто... Свети апостол и Евангелист Јован Богослов е директен учесник во сите настани... па повторно кај него нема да најдеш ни „В“ од востание или бунт или што и да е... ако одлучиш да фантазираш на тема, тогаш никој не може да те спречи... но, твојата вистина не е конечна вистина, туку отвора повеќе прашања на кои немаш одговор отколку што дава одговори...



Kaзнетите биле камшикувани, удирани и најчесто голи) распнувани. Исус не беше нешто посебно третиран (освен што умира зачудувачки брзо и без скршени нозе). Најдолго забележано преживување на крст е 9 дена!
Инаку мртво тело - дефинитивно не крвари ако се прободе. И тоа нарочно мртов во вертикална положба и прободен во горен дел од телото. Можеби го проболе додека уште бил жив?
Ако имаш медицинско образование, ќе разбереш... ако не, џабе ќе се препираме... прободен во ребрата до срцето (шуплив орган во кој сигурно останала извесна количина на крв), од кое истекува „крв и вода“, т.е. (веќе коагулирани крвни елементи и серум) под дејство на гравитација и заради непостоење на тонус на околните мускулни ткива, укажува дека веќе настапила смрт....но сеедно...

Колку докази и да ти се приложат, ти веќе имаш свое предубедување и ќе се обидеш да ги прикажеш работите во тоа светло.
Тоа е твоја волја и слобода и размислување... и тука никој не ти може ништо...
само, остави малку простор за сомнеж... можеби не си во право, а?! :)

Поздрав
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Се однесува на сите... и ден денес постојат „фарисеи“, кои не се молат во својата „скришна соба“ (во срцето), со затворена врата („собрани мисли“), ами јавно, па така „веќе си ја добиле својата награда“.... освен ако навистина не очекувале нуклеарен напад, па сите по дома имале скривници...
ее кога чоек ќе почне да толкува шо сакал Исус да каже... небаре Исус бил со некоја мана па не можел јасно и правилно да си ги каже мислите, или ви е скапо едно собче да одвоите за молитва па се вадите на толкувања. Јасно рече Исус, собче, затвори врата и моли се. Е не било то собче, не била тоа врата туку ај сите јавно да се молиме - сосем спротивно од она шо го велел Исус, па еден ден ко ќе се најдиш пред него и ко ќе почнеш да се правдаш “Ами јас мислев дека ти се зафркаваш ко велеше за соба и врата....“

При Христовото судење и распнување се прекршени сите „правила, прописи и стандардни оперативни постапки“ за распнување... но, не во Негова корист, ами напротив. Инаку, ако римските војници го уапсиле заради бунт и востание, зошто прво е одведен кај првосвештеникот, а не директно кај Пилат?
Пилат на неколку места, а и после разговорот со Христос вели дека не наоѓа во него никаква вина, но свештениците и народот се тие кои бараат распнување, заради тоа што тој себеси се прогласил за Божји Син и Цар, а ним не им било дозволено да убиваат, инаку радо би го убиле (какво лицемерие), алудирајќи дека ако Пилат го пушти, и самиот би станал непријател на цезарот.
Према еврејски закони, синедириумот никако не се состанувал ноќе, во приватна куќа пак уште за Пасха . Тоа може да го напише некој кој ни бил евреин ни ги знаел нивните закони и прописи. Евреите смееле да извршат смртна казна за богохулење со каменување. Ете рает си го каменувале Стефана за богохулење па ником ништо.

по другите точки - за градината, за Голгота, за измолувањето на телото од страна на Јосиф од Ариматеја, веќе се објаснувавме, но ти одлучуваш да ги игнораираш претходните објави, но сеедно...
Распнувањето беше казна за приер, се распнувале на прометни јавни места каде имало фреквенција на народ, долж патиштата, пред порти, во Ерусалем распнувале и долж градските зидини, а према евангелијата Исус го распнале во приватна градина и далеку од јавноста. Јасно е дека описот на распнување го напишал некој кој немал абер од таа тема


Ако имаш медицинско образование, ќе разбереш... ако не, џабе ќе се препираме... прободен во ребрата до срцето (шуплив орган во кој сигурно останала извесна количина на крв), од кое истекува „крв и вода“, т.е. (веќе коагулирани крвни елементи и серум) под дејство на гравитација и заради непостоење на тонус на околните мускулни ткива, укажува дека веќе настапила смрт....но сеедно...

Колку докази и да ти се приложат, ти веќе имаш свое предубедување и ќе се обидеш да ги прикажеш работите во тоа светло.
Тоа е твоја волја и слобода и размислување... и тука никој не ти може ништо...
само, остави малку простор за сомнеж... можеби не си во право, а?! :)

Поздрав
Срцето не е херметички затворено тоа е со вени и артерии поврзано со телото, тоа ти е сад со отвори и од него ќе истечи сета крв надолу, освен ако артериите и вените не се затнати и течноста и крвта од него ќе се спуштат надолу, ќе истечат додека срцето рабти , ја турка крвта низ телото вчмукува од една страна и испумпува на друга, кога престанува, течноста ќе истечи онаму каде гравитацијата ќе ја повлече, кај распнат човек - надолу. А инаку не гледам нигде во евангелијата дека Исус го проболе во срцето, или тоа ти така си замислуваш?? Исус умрел па свештениците по некое време отишле до Пилата, па Пилат ги примил ги сослушал па наредил да му кршат нозе па некој со таа наредба се вратил ... поминало време кога квта веќе се спуштила, и почнала да коагулира. Нема шанса да истечи крв и вода и тоа од горен дел од телото.
Немогуќе е.
 

n/a

Член од
28 декември 2011
Мислења
1.194
Поени од реакции
2.258
ее кога чоек ќе почне да толкува шо сакал Исус да каже... небаре Исус бил со некоја мана па не можел јасно и правилно да си ги каже мислите, или ви е скапо едно собче да одвоите за молитва па се вадите на толкувања. Јасно рече Исус, собче, затвори врата и моли се. Е не било то собче, не била тоа врата туку ај сите јавно да се молиме - сосем спротивно од она шо го велел Исус, па еден ден ко ќе се најдиш пред него и ко ќе почнеш да се правдаш “Ами јас мислев дека ти се зафркаваш ко велеше за соба и врата....“

Према еврејски закони, синедириумот никако не се состанувал ноќе, во приватна куќа пак уште за Пасха . Тоа може да го напише некој кој ни бил евреин ни ги знаел нивните закони и прописи. Евреите смееле да извршат смртна казна за богохулење со каменување. Ете рает си го каменувале Стефана за богохулење па ником ништо.

Распнувањето беше казна за приер, се распнувале на прометни јавни места каде имало фреквенција на народ, долж патиштата, пред порти, во Ерусалем распнувале и долж градските зидини, а према евангелијата Исус го распнале во приватна градина и далеку од јавноста. Јасно е дека описот на распнување го напишал некој кој немал абер од таа тема

Срцето не е херметички затворено тоа е со вени и артерии поврзано со телото, тоа ти е сад со отвори и од него ќе истечи сета крв надолу, освен ако артериите и вените не се затнати и течноста и крвта од него ќе се спуштат надолу, ќе истечат додека срцето рабти , ја турка крвта низ телото вчмукува од една страна и испумпува на друга, кога престанува, течноста ќе истечи онаму каде гравитацијата ќе ја повлече, кај распнат човек - надолу. А инаку не гледам нигде во евангелијата дека Исус го проболе во срцето, или тоа ти така си замислуваш?? Исус умрел па свештениците по некое време отишле до Пилата, па Пилат ги примил ги сослушал па наредил да му кршат нозе па некој со таа наредба се вратил ... поминало време кога квта веќе се спуштила, и почнала да коагулира. Нема шанса да истечи крв и вода и тоа од горен дел од телото.
Немогуќе е.
па ти посочив цитати кајшто е опишано дека распнувањето е извршено на Голгота (или на словенски Лобно, или на македонски Место на черепи), кадешто вообичаено се извршувале распнувања, и тоа во непосредна близина на градските ѕидини...

Исус самиот има кажува на апостолите дека зборува во параболи, ама пак ќе речам, секој ќе најде она што бара...

Инаку, многупати Исус Христос ги разобличувал верувањата и практиките на Евреите и многупати се обидувале да го каменуваат за богохулење (а имале илјада можности кога јавно проповедал), но секогаш биле разобличени (како и во случајот „кој е без грев нека го фрли првиот камен“)...

Постои т.н. форензичка патологија со чија помош се доаѓа до недвосмислено толкување на истекувањето на крв и вода.... ама веќе реков, колку докази и да ти се приложат, ти си имаш своја конструкција.

Поздрав.
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Постои т.н. форензичка патологија со чија помош се доаѓа до недвосмислено толкување на истекувањето на крв и вода.... ама веќе реков, колку докази и да ти се приложат, ти си имаш своја конструкција.

Поздрав.
Moze da ni linknes nesto za toa nedvosmislenoto tolkuvanje da procitame?
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Исус самиот има кажува на апостолите дека зборува во параболи, ама пак ќе речам, секој ќе најде она што бара...
Потполно точно, оној што по секоја цена бара, ќе најде, макар и во заблудата некоја своја “вистина“, а вистината никој не ја знае.
 

n/a

Член од
28 декември 2011
Мислења
1.194
Поени од реакции
2.258
Moze da ni linknes nesto za toa nedvosmislenoto tolkuvanje da procitame?
http://jama.ama-assn.org/content/255/11/1455.short
http://www.cfpeople.org/Apologetics/page51a024.html
http://www.shroudstory.com/forensics.htm
Првиот линк е оригиналниот апстракт, вториот ја дава статијата во целост.Третиот е еден од многуте што вклучуваат прикази на истражувањата на Торинскиот покров (платно) или како и да е познато веќе....

Потполно точно, оној што по секоја цена бара, ќе најде, макар и во заблудата некоја своја “вистина“, а вистината никој не ја знае.
Мене не ми се потребни докази за она во што верувам. Можеби вам ви се потребни...
Се работи за лично искуство кое, како што кажав претходно, не е подложно на докажување со научен метод. Не постои човек кој може насила да те „натера“ да поверуваш, нити да „одверуваш“...

Тоа е доволен доказ за слободната волја што ја имаме (повторно, кој како си ја сфаќа и прифаќа).

И конечно... туку, ај... доста е за вечерва.

Поздрав.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Тоа второто Христово доаѓање нон стоп се поместува за некое идно време.
И да Ти кажам дека си во право, нема да ми веруваш...:icon_lol:

Да, навистина Христос го одложува своето второ пришествие, ради молитвите и покајанието кои се‘уште ги има во Неговата Црква. Но, тоа одложување не е бесконечно, оти уште сега се очигледни условите/предзнаците, кои ќе бидат услов за Неговото повторно доаѓање.
--- надополнето: 12 март 2012 во 08:58 ---
Идејата дека низ историјата нешто се остварува, и дека некаде води, одамна заврши на буништето на пропаднати проекти.

Со погорниов пост, практично, ништо суштински не кажуваш, туку тоа е само еден песимистички став-став без смисла и цел, небаре препишан од Френсис Фукујама.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Со погорниов пост, практично, ништо суштински не кажуваш, туку тоа е само еден песимистички став-став без смисла и цел, небаре препишан од Френсис Фукујама.
Да го имаше прочитано Фукујама, ќе знаеше дека тој го заговара токму спротивното. Тој усвојува едно квази Хегелијанско стојалиште и тврди дека политичката историја на човештвото недвосмислено и неизбежно води кон либералните демократии (исто онака како што Хегел тоа го тврдеше за Пруската држава со што заслужи прекар државен филозоф), и дека либералната демократија е најдоброто можно државно уредување (христијанскиот рај симнат на Земјата).

Мики, не е срамота да не се знае, но срамота е незнаењето да се претставува како знаење.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Ставрогин,
никаде не напишав дека сум го читал Фукујама, така?

А и немам намера, оти не ми е од интерес.

Фукујама го наведов само како пример од автор, кој е (пре)често цитиран токму од фаци, кои сметаат дека Фукујама е во право со ставот дека историјата се движи кон својот крај. А ако велиш дека Фукујама се повикува на Хегел, тогаш и Фукујама сам на себе си става сопка: Хегел смета(ше) дека дијалеткиката ем постои, а воедно, ем завршува со формирањето на државата (пруска), демек, самото формирање на држава е крај на дијалектиката (што значи дека дијалектиката одеднаш „престанала„ да функцинонира?), па така и Фукујама би се зафркнал сам себе, оти рекол дека либерализмот бил крај на историјата, а да не заборавиме дека токму идеите за брлавиот и некотролиран либерализам, ја доведоа тековната економска, финансиска и политичка криза во Светов не на локално, туку на планетарно ниво.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Ставрогин,
никаде не напишав дека сум го читал Фукујама, така?

А и немам намера, оти не ми е од интерес.

Фукујама го наведов само како пример од автор, кој е (пре)често цитиран токму од фаци, кои сметаат дека Фукујама е во право со ставот дека историјата се движи кон својот крај. А ако велиш дека Фукујама се повикува на Хегел, тогаш и Фукујама сам на себе си става сопка: Хегел смета(ше) дека дијалеткиката ем постои, а воедно, ем завршува со формирањето на државата (пруска), декем, самото формирање на држава е крај на дијалектиката (што значи дека дијалектиката одеднаш „престанала„ да функцинонира?), па така и Фукујама би се зафркнал сам себе, оти рекол дека либерализмот бил крај на историјата, а да не заборавиме дека токму идеите за брлавиот и некотролиран либерализам, ја доведоа тековната економска, финансиска и политичка криза во Светов не на локално, туку на планетарно ниво.
Мики, батали. Врати му се на духовната логика. Во филозофијата, па дури и во филозофијата на политиката сака мислење, и користење на проста логика, овоземска, не духовна...

;)
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Мики, батали. Врати му се на духовната логика. Во филозофијата, па дури и во филозофијата на политиката сака мислење, и користење на проста логика, овоземска, не духовна...

;)
Да, и пак ќе речам: и да си во право по прашањето на користењето на логиките (рационална и духовна, нели...), нема да ми веруваш...:icon_lol:

А каде не‘ води и каде не‘ доведе рационалната човекова логика, тоа е очигледно.
 
L

Löwe

Гостин
Вака: Имам едно прашање... Дали е пристојно во црква да се влези по тренерки?
Тренирам тенис и секоја сабота и недела редовно на патот кон тренинг поминувам покрај црквата, многу пати сум наумил да влезам да запалам свеќа но се премислував бидејќи бев по тренерки.. Пристојно или е по тренерки да влези човек или не?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom