Фан Клуб: Вардар

Член од
25 август 2011
Мислења
93
Поени од реакции
285
шо бе дужен, си ја врати кладбата само 1-1 сме сега :icon_mrgr:
Порадувај се таму кај ти давам можност да се вратиш во игра :icon_lol:

Заслужена победа иако дојде со гол во последните екунди.
Бевме подобар противник во текот на целиот меч, на катастрофалниот терен поради лошото време.
Многу непотребни остри стартови во првиот дел. Али ќе му скинеше нога на Костовски по што ќе се запукаа за малку играчите.

Man of the match Јорде :)

Се повампири, знсаев дека вака ќе брани :facepalm:

Вардар имаше неколку сто постотни шанси:
Ивановски од некоолку метри проба да го лобува Јорде ама топката заврши над пречката.
Костовски излезе сам пред Јорде, али не успеа да го совлада.
Ивановски имаше шут клизна на една нафрлена топка, али Јорден успеа со прстите да ја одбие покрај стаивата.
Петров еднашка се фрли со клизач, али Јорде ја фати со рамо...
Најголемата шанса, Огбона се посрамоти :facepalm:
Од пет метра го утна цел гол, откако еден од дефанзивците на Тетекс заспа, па овој му се прикраде од позади.

Може имаше уште некоја шанса, али овие беа сто постотни, прд Стојаковиќ по една извонредна акција да избие сам пред Јорде и да ја искине мрежата :icon_mrgr:

Тетекс не беа лоши. Се бранеа цврсто иако лесно испаѓаа во некои случаи. Имаат потенцијал за повисок пласман.

Како бе сме добиле црвен? КАко сум го пропуштил тој момент :eek:

Одбраната беше ко под конец.
Зошто отсуствуваше Оса денес? Ептен фалеа со Ранѓеловиќ...
Игравме 4-4-2 со Мичка-Таневски-Вајс-Бошкоски, Петров-Стјепановиќ-Стојаковиќ-Лико и Костовски-Ивановски во нападот.
Цикарски влезе место Бошкоски, Огбона место Костовски...

Од кај нас мислам дека Стојаковиќ изигра најдобро. Се надевам ја враќа формата од почетокот :D

Инаку имаше и еден непријатен момент. Кога во скок дуел со Ивановски капитенот на тетекс остана да лежи на тревата.
Никој не примети дека се онесветил и го голтнл јазикот. Ги фати паника сите, ама брзо го освестија...

На трибините бевме одлична бројка 700 души отприлика. Навивање така-така. Имаше неколку пароли али везе немам што пишуваше.
Имаше и 30-тина Војводи, кои како и секогаш извадија добри димни :icon_mrgr:
Оса имаше мала повреда на коленото ама веќе почна да тренира па се надевам дека ако не за во среда ама во недела ќе биде спремен.
Инаку добра утакмица и штета што барем од една од шансите не падна гол, ќе беше каде каде поквалитетно, а дефинитивно се согласувам со тебе играч на натпреварот голманот на Тетекс, стварно дечкото имаше екстра одбрани.
Фала богу што Стојаковиќ се оправи од повредите, а црвениот картон на Таневски ќе не осакати за наредните натпревари. Директен црвен доби за намерен удар со лакт во играч (што немаше врска) и тоа ќе биде автоматски суспензија само ќе видиме за колку натпревари. Во секој случај добро засилување посебно што игра интелегентно и не паничи.
За комити ќе кажам одлично навивање освен делот со претардите на терен пак ќе не мрцварат по судови и со прекршочни пријави. Да знаевме порано дека ваква атмосфера ќе се прави во Маџари како таа денес и со Работнички ќе го одберевме тој стадион. Дефинитивно навивањето делува помоќно.

ПС. Со Господ напред и со среќа во среда
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.094
Поени од реакции
74.896
Добро бе што сум правел кога сме добиле црвен, како сум го пропуштил тој детал :pos:

Каде се случувало тоа, на кој дел од теренот?

Директен викате а? Ќе го окрка два најмалку и тоа најважните :facepalm:
А Бојовиќ нели имаше повреда?
Ако неможе ни он да игра, Вељановски ќе го пуштиме :icon_mrgr:
 
Член од
15 јануари 2011
Мислења
371
Поени од реакции
497
Добро бе што сум правел кога сме добиле црвен, како сум го пропуштил тој детал :pos:

Каде се случувало тоа, на кој дел од теренот?

Директен викате а? Ќе го окрка два најмалку и тоа најважните :facepalm:
А Бојовиќ нели имаше повреда?
Ако неможе ни он да игра, Вељановски ќе го пуштиме :icon_mrgr:
ни јас не го видов, највероватно било додека сме ја кревале кореографијата
 
Член од
25 август 2011
Мислења
93
Поени од реакции
285
Добро бе што сум правел кога сме добиле црвен, како сум го пропуштил тој детал :pos:

Каде се случувало тоа, на кој дел од теренот?

Директен викате а? Ќе го окрка два најмалку и тоа најважните :facepalm:
А Бојовиќ нели имаше повреда?
Ако неможе ни он да игра, Вељановски ќе го пуштиме :icon_mrgr:
Па негде околу 70 минута кога напаѓаше Тетекс од десна страна во наша половина, Таневски загради топка со грб, а фраерот се одби од него, падна одглуми и ете ти црвен. Од два до четири ама ваљда ќе успее жалбата има и снимки дека не е фаул, а камоли за црвен.
 
Член од
8 декември 2008
Мислења
643
Поени од реакции
41
Мислам дека и Лико имаше една шанса со глава, ја удри и наркоманот ја одбрани со врвот на прстите и покрај гол пројде топката, не видов некој да го пише ова погоре или јас сум трипал на утакмица :cool:
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.094
Поени од реакции
74.896
Па негде околу 70 минута кога напаѓаше Тетекс од десна страна во наша половина, Таневски загради топка со грб, а фраерот се одби од него, падна одглуми и ете ти црвен. Од два до четири ама ваљда ќе успее жалбата има и снимки дека не е фаул, а камоли за црвен.
Претпоставував дека беше тогаш.
Приметив дека еден од гостинските играчи лежи таму блиску до нашата клупа, и цела екипа дотрчаа до судијата. Ама не сум приметил ни каков бил фаулот ни дека сме добиле црвен :confused:
 
Член од
18 јули 2009
Мислења
6.774
Поени од реакции
6.569
Нема закон што ќе ги раздели Комити и Војводи (ФОТО) 11 мар 2012 20:04 Ниту дождот и лошото време, а уште помалку забраните не се пречка да се бодри миленикот. Тоа денеска го покажаа дуелот на Вардар и Тетекс во „братско дерби“ во скопската населба Маџари, на кое Комити и Војводи повторно беа заедно, без оглед на забраната на ФФМ за гостувања на навивачи. Иако ФФМ, во „пет до 12“ пред самиот старт на пролетниот пролонгиран дел од пролетната етапа во сезоната донесе одлука за забрана за гостувања, поради многубројните инциденти на меѓунационална основа во изминативе десетина дена, навивачите на Тетекс, Војводи во сосема солидна бројка се појавија на трибината на стадионот „Борис Трајковски“. Очекувано, тетовци, кои во главниот град допатуваа во сопствена режија со автомобили, и влегоа заедно со Комити, а потоа, иако се одвоија на другиот крај на трибината, само го надополнија прекрасниот амбиент и му дадоа дополнителен шмек на дербито. Ако на теренот и не мина се „братски“, затоа што стартовите и лизгавиот терен внесе дополнителна доза на нервоза и кошкање меѓу фудбалерите, на трибините приказната беше поинаква – двете групи си навиваа заедно. Нормални погласни беа домаќините, кои на крај и се радуваа на победата, откако трибината еруптираше по голот во последните мигови на Игор Стојаковиќ. Скандирањата Тетово – Скопје, како и заедничкото навивање за Тетекс и Вардар на двете групи само докажаа дека во моментов нема закон, ниту одлука, а уште помалку забрана за да се раздвојат братските групи, и една од нив да не дојде „на гости“ кај другата.
 
Член од
29 јануари 2010
Мислења
1.619
Поени од реакции
1.551
Ни ја не приметив дека добил некој црвен , ама ако коа играме со црвен играме боље и даваме гол у 90+ хахаха , исти курац ко со наркоманите коа го исклучија Влатче
 
Член од
24 декември 2008
Мислења
1.375
Поени од реакции
1.566
Апел до Скопјанец1978, годинава сме сериозен клуб, не не водат веќе оние ебиветри од минатото, мора сериозно да настапите во среда со нивниот фамозен тунел, доколку проработи не дај Боже, макар и да погледнат на криво некој од играчите, да му кажете на Илчо да ја повлече екипата. Мора да се расчистат веќе тие работи што се случуваат во тунелот во Тетово, мислам дека ќе имате поддршка од цела јавност, не подпаѓајте под притисоци, нека играат машки играчите, ако има валкани работи во соблекувална и да си бараме службено бодови!
 
Член од
14 април 2010
Мислења
4.701
Поени од реакции
6.087
Добро бе што сум правел кога сме добиле црвен, како сум го пропуштил тој детал :pos:

Каде се случувало тоа, на кој дел од теренот?

Директен викате а? Ќе го окрка два најмалку и тоа најважните :facepalm:
А Бојовиќ нели имаше повреда?
Ако неможе ни он да игра, Вељановски ќе го пуштиме :icon_mrgr:
Абе Бојовиќ го видов беше на клупа би требало да биде спремен у среда и се некако за у среда мислам дека ќе тепаме плус ако игра Оса сигурен сум дека се враќаме без примен гол
 

Kajgana Shop

На врв Bottom