Бајнам последниве 4-5 утакмици ги игра на врвно ниво, се гледа дека ептен напреднал, башка и некако голема самодоверба има, му се познава на лицето, не е веќе оној мекуш од порано. Коби му подаваше цело време, не сакаше ич да форсира што според мене е и правилна одлука, уз добар центар кој знае да поентира најлесно се добива утакмица.
Артест доста добро изигра денес, слободните го јадеа малце али надокнади со трите тројки и со одличната игра во одбрана. Одличен беше и против Мајами, еве го и денес, он и Бајнам исклучително ја подобрија формата во последно време.
Исто така и тимскиот дух е доста добар, сите се бодрат, се враќаат насмевките на нивните лица, останува уште клупата да проработи или евентуално да донесат некого до четврток, до кога трае трејд лајнот бидејќи најголем проблем е тенката клупа. Како стојат работите Лејкерси ако бидат четврти ќе играат со Мемфис, ако се трети со Денвер, исто имаат изгледни шанси и за второто место само ќе треба да си ги запотат шупаците во настапите на гостински терен, за првото мест сметам дека нема шанса, 7 и пол победи се зад Оклахома, што е многу многу е.
И не знам дали приметивте колку добро ја смисли завршницата на натпреварот Мајк Браун и неговите помошници, капа доле за потезите. Најпрвин на еден разлика за ЛА, исфорсираа отворен шут од 5 и пол метра на Бас, а ги затворија другите опции, а потоа ЛА кога отидоа во напад побара тајм аут и место да задржаваат време они одиграа брз напад преку Бајнам кој стави зицер и зголеми на 3 разлика, за потоа одлично да ги затворат Пирс и Ален во обидите за 3 поена.