Поп Ацев: Пливам за Македонија, а сам си плаќам влезница за базен!

  • Креатор на темата Креатор на темата Ilumious
  • Време на започнување Време на започнување
добро, се измешаа лончињата горе во постовите.за мајмун кој скока, јас разбрав, а верувам и тој кој го напиша тоа, за било кој спортист, еве и фудбалер нека е, кој зема 1, 3, 5, 20 милиони евра за година две три. а од друга страна еден врвен пливач не може ни тренингот да си го плати..ЖАЛОСНО!!!одсекогаш сум ги осудувал ОГРОМНИТЕ примања на некои спортисти наспроти примањата на лекари, пожарникари, полицајци..животи спасуваат, а со примањата крпат од први до први.некој пак, погоре рече дека некои(конкретно за лекарите) пак си ги сносат трошоците сами.па и јас како занетчија си ги сносам сам, да не дојде некој да ми даде пари случајно? ни случајно.
нема правда, рече калимеро.
 
Темава е напишана ко типов да е социјален случај, а тој зема стипендија од АМС, плус од спонзори (кои плаќаат помалку данок доколку го спонзорираат)

... "Навистина помалку смешно звучи, но јас таа стипендија од АМС месечно ја трошам за карта за базен и паркинг пред базенот. "

И што тука не чини? Нема услови ли за тренинзи или што? Таа стипендија му ја даваат имено за да може да си ги покрие трошоците за подготовки, а професијата му е како што кажавте забар. Инаку пливањето е индивидуален спорт и тој се бори за негов личен успех, ако почнува треба да е на јасно дека тоа не е спорт кој е доходен а едноставно го прави за задоволство и негов личен предизвик!
Пливањето не е тенис, фудбал, ракомет итн, тоа е спорт каде само најславните (кои се бројат на рака, земаат пари од правење на реклами)

Кај се видело спортист да зема плата од државата бе алооо, каде го има тоа? Во која нормална држава го има тоа??? Државата може само да му обезбеди услови за тренинг, а тоа дали ќе биде професионален спортист или не, зависи од тоа дали ќе успеее да направи успешен маркетинг проекти со приватни фирми (впрочем како што е и со секој спорт)

И сите вие кои серевте за ликови како Кадаиф само покажавте колку сте гагаџии и ограничени во мозок!
Дечкото не бара ништо само си ги кажува проблемите со кои се соочува и дечкото не е некој што не може да се квалификува за одредено селско натпреварување, тој е професионалец, а државата го смета дека тоа му е хоби, сака само да го смета за професионалец и да му ги обезбеди тие услови и која е таа држава со само два затворени базени (од кој еден е поасален) да има толку многу направено во овој спорт, ако не за друго барем на секоја втора олимпијада имаме по еден пливач
 
Дури и земањето плата од државата не е новост, и не е реткост тоа да се водат како вработени, па така бугарот Стојчев се води како вработен во бугарското МВР, исто и целиот италијански тим кој што тим е и директно спонзориран од италијанската полиција...
180939_1831532870204_1296857485_32097251_4836261_n.jpg

Во средината е Стојчев додека другиве двајца се италијани сите "вработени" во своето МВР :D
 
Секој што барем има меѓународен успех и се наоѓа на некоја ранг листа според мене треба да биде помогнат ако ништо друго во конкретниов случај со бесплатна карта на базен, паркингот нека си го плаќа :)
 
Значи да расчистиме неколку работи пошто гледам не се сите упознаени.
влезница на базен е 120 денари. два тренинга на ден 240 денари.( во зима во малиот базен на олимписки плус се случува да не работи по недела две што е премногу пауза)
Евгениј добива стипендија од државата. Но тоа е заслужена односно си има правилник во кој пишува дека за тоа и тоа место коешто го освоил му следува на било кој спортист(слободно пробајте). Така да не дека некој од џеб му ја дал. Поентата е дека тие пари ги троши на влезници и останати работи(значи неможе да се издржува сам). Значи тие пари покриваат трошоци кои ги има рекреативен спортист. Што значи нема пари за припреми и натпревари. Е сеа човекот не бара пари на рака за да може да ги троши него бара пари за авионски карти и припреми(наменски) он си има завршено стоматологија така да може да се откаже од пливањето и да си заработува за пристоен живот. Но тоа е целата поента што он мора да бира. А стварно е штета што на готов спортист неможе да му се овозможи да го достигне својот максимум. Значи тоа е најефтината варијанта бидејќи државата треба само да му овозможи услови. Ватерполо репрезентацијата е пример за скапата варијанта. Купени играчи со станови,припреми, тренери. Немам ништо против тоа само кога ќе се спореди трошокот на ватерполо репрезентацијата и на пливачите разликата е енормна. Сега ќе каже некој ама ватерполото е поатрактивен спорт. да вистина ама не е доволно атрактивен за спонзори да привлече него тие пари се од државата односно наши(не е исто како трифун кога си го правеше меракот со кометал од негов џеб, овде некој си го прави меракот од наш џеб). а со тие пари се рекламира секоја утакмица на телевизија па беспари е влез итн.
И главната поента не е само за Евгениј него самото тоа што нема пливачка репрезентација. нормално е да плаќаат за пливање ама да знаат дека ако се добри ќе влезат во некои си 10 репрезентативци кои нема да плаќаат за од тие да излезат двајца тројца врвни пливачи. исто е и со ватерполото парите ќе пресушат и пак нема никој да тренира ватерполо. мора да се размислува на долг план. а не од денес за денес
 
Да ти е мака што си се родил во државава.
 
Жално е стварно. Сега ќе добие внимание од владата ама само затоа што излегол јавно и го кажал ова...
 
Не видов некоја посебна тема за пливање така да....

Водат ли тренинзи уште Џајо или Боро?
 
Џајо не, Боро да, тренер е во П.К Вардар.

Епа си беше и претоа тренер во Вардар со Џајо и си остана таму значи. Ама најдобар тренер беше Живко Груевски. Не е#еше жива сила он. Тепаше деца кај и да стаса.
--- надополнето: 12 март 2012 во 00:17 ---
Инаку во Олимписки има уште од 9 до 12 пливање? Во Карпош цените не ми се свиѓаат повеќе, додека беа старине газди ми даваа месечна по багатела цена зашто им пливав таму од 5 години а башка сега и ме тераат на бричена глава капа да носам.
 
Епа си беше и претоа тренер во Вардар со Џајо и си остана таму значи. Ама најдобар тренер беше Живко Груевски. Не е#еше жива сила он. Тепаше деца кај и да стаса.
--- надополнето: 12 март 2012 во 00:17 ---
Инаку во Олимписки има уште од 9 до 12 пливање? Во Карпош цените не ми се свиѓаат повеќе, додека беа старине газди ми даваа месечна по багатела цена зашто им пливав таму од 5 години а башка сега и ме тераат на бричена глава капа да носам.

Ако мислиш за рекреативно(слободно) пливање за граѓани мислам дека нема таков термин од едноставна причина што моментално работи само малото користо на Олимпискиот базен а бидејќи моментално само тој базен на располагање на пливачките клубови(бидејќи на карпош фунционира клубот карпош и уште некои школи за пливање) малото корито речиси цело време во период од 07h сабајле до 21-22h е зафатен.
 
Ако мислиш за рекреативно(слободно) пливање за граѓани мислам дека нема таков термин од едноставна причина што моментално работи само малото користо на Олимпискиот базен а бидејќи моментално само тој базен на располагање на пливачките клубови(бидејќи на карпош фунционира клубот карпош и уште некои школи за пливање) малото корито речиси цело време во период од 07h сабајле до 21-22h е зафатен.
Цццц. Што убав спорт уништуваат. А па во Карпош дечкиве убиваат со цениве. Наместо да се организира, деца од основниве школи да се собирааат да ги носат да пливаат, правилно да се развиваат они цени за стари баби удриле. Јас дустабанлија што бев, до некаде ногата си ја исправив.
 
Цццц. Што убав спорт уништуваат. А па во Карпош дечкиве убиваат со цениве. Наместо да се организира, деца од основниве школи да се собирааат да ги носат да пливаат, правилно да се развиваат они цени за стари баби удриле. Јас дустабанлија што бев, до некаде ногата си ја исправив.

Тоа со нефункционирањето на големото корито преку зима не е новост трае нешто помалце од 8 години мислам. Тоа за држење часови на основци е многу на местом во Австралија каде пливањето е спорт број 1 децата во улилишниот распоред си имаат и час пливање. Инаку и јас почнав така првенствено од здравствени причини(искривување на 'рбетот сколиоза поточно) и еве сега после 12 години активно пливање а последниве 2 години може да се нарече и професионално занимавање со овој спорт немам никаков проблем.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom