Chombe_United
Да ми бричите ташаците!
- Член од
- 14 декември 2007
- Мислења
- 8.809
- Поени од реакции
- 452
Мамурен ден во Манчестер по титулата на Јунајтед
12.05.2008
Јунајтед не ја пропушти шансата. Решаваше сам и ја зграби десеттата Премиер лигашка титула. Челзи психолошки се подготвува за реванш во Москва, а во Манчестер минатата ноќ шампањ, виски и пиво.
Не дека досега не беше, но Манчестер Јунајтед не само што го зацврстува местото во англиската фудбалска историја туку и сериозно ја напаѓа водечката позиција.
17-от шампионски трофеј го доближи клубот од Олд Трафорд до, пред некоја година, недофатливиот Ливерпул.
Сер Алекс Фергусон ќе рече „Овој тим е млад. Пред него е иднината“. Менаџерот полека го газат годините, но шкотскиот стратег не најавува крај.
Се насели на театарот на соништата пред 22 години и оттогаш трае ерата на Ферги. Сите десет Премиер лигашки пехари со под негово водство и оттаму разбирливо е зошто Манчестер успеа да ги издржи парите на Абрамович, но и стратегијата на Венгер и на Бенитез.
Иако сезонава на рамниште на богови се издигнуваат уште неколку клучни фигури. Кристијано Роналдо со 41 гол, Руни и Тевез кои ја надополнија напаѓачката филозофија на Фергусон.
Но, не е се во нападот. Јунајтед создаде гранитен бедем со Фердинанд и Видиќ како главни алки. Евра и Браун му дадоа можности на Фергусон да маневрира со повредите во тој дел од тимот, а во средината на дело се виде менаџерското влијание во играта на еден тим.
Младите Нани и Андерсон, стандардните Керик и Харгривс и на крајот искусните Сколс и Гигс.
Нема дилеми дека Алекс Фергусон е најголемиот менаџер во модерно време во Англија, но во најстарото и најславното фудбалско минато каде што билет добиваат само најдобрите влезе и скромниот Рајан Гигс.
Го придружуваше Ферги од почетокот на премиерлигашките битки и го израмни рекордот на Сер Боби Чарлтон по бројот на натпревари за Манчестер.
Со такви индивидуи проткаени во тим чија сила произлегува од значењето на името Јунајтед или обединети, не е чудо уште наредната година да падне осумнаестеката на Ливерпул.
Признава и Аврам Грант дека Манчестер имаше одлична сезона.
Балак апелира што побргу да се заборави загубената битка затоа што претстои вториот дел од војната, финалето на лигата на шампионите. Алекс Фергусон ги предизвикува неговите фудбалери со триумф во Москва да докажат дека се најдобрата генерација во историјата на Манчестер.
Фудбалскиот свет одвај чека да дојде 21 мај.