Значи, бев банирам, и не можев да пишам во меѓувреме. Прво, сакам да ви изразам честитки за пласманот понатаму во ЛШ, како тим кој не надигра во првиот меч, и тим кој знаеше што сака.
Арсенал проба да го направи невозможното, и по 43 минути беше на дофат да го стори тоа. Во низата со бисери, фалеше уште еден, и тоа, токму тој гол за 4-0. Но, не дојде. Не сум тука дојден да обвинувам ниту да кажувам кој беше подобар, кој полош. Во првиот меч на Сан Сиро, Милан не надигра комплетно, можеби требаше да ни дај и уште некој гол. Во вториот меч, Арсенал беше подобар, иако пред мечот никој не ни даваше шанси за тоа. На полувреме, рацете ми се потеја, имав крокодили во стомакот и срцето ми чукаше во 200 отчукувања во минута. Мислев, дека мојот тим е на праг на историја. И тоа, да му се врати на еден од тимовите со НАЈГОЛЕМА ИСТОРИЈА ВО ЛШ, МИЛАН. Момците се надминаја себеси (Арсенал) и сигурен сум, дека на полувреме и вие стравувавте за пласманот понатаму. Покажаја и докажаја дека Арсенал е тим за респект. Но, Милан е тим, кој знаеше што сака. Ноншалантноста во првото полувреме, Алегри ја забележа и успеа да ги нареди, конците во тимот. Искуството на Милан, беше пресудно, во вториот дел. Иако, Арсенал имаше шанси, сепак и Милан не беше за фрлање. Немањето на клупа на Арсенал и умешноста на Аквилани да ја задржи топката во нозете на неговите соиграчи, можеби беа клучните моменти од мечот. Арсенал изгоре во желбата да им даде повеќе од 4 гола на Милан. Но, знаете јас сум горд на мојот тим, и покрај се. Сепак, не се посрамотивме и со достоинство ја напуштивме Лигата на Шампионите. Милан е единствениот тим од Италија (заедно со Наполи), кој можам да го гледам на ТВ, од Италијанските Екипи. Едноставно уживам.
Искрено, ви посакувам се најдобро понатаму во Лигата на Шампионите, и барем, оние најдобрите навивачи на клубот, ќе се сложат со мене, во постов. Не можев да дочекам да ми заврши казната, за да ви пишам и за да знаете дека не се кријам и слично. И нема потреба. Победи тимот, со поголема одлучност и со поголемо искуство. Можеби нијанси одлучуваја за да се виде кој е подбар и посреќен, но тие секогаш се на страната на похрабрите. Во случајот, Вие.
Се најдобро !