ауу многу возбуда, одлично е финале а таму ќе го подигнеме трофејот
Каков гол еј од кога нема дадено Сколс ваков гол
Одлична игра на Евра го стави во џеб меси ништо не направи само се моташе, и Тевез одлично играше добро ја држеше топката не ги губеше лесно одлично ги бркаше им создаде конфузија во одбраната одличен и Роналдо постојана закана кон голот по 2-3 го чуваа од пусти страв, Сколс и Керик беа фантастични ме изненади Керик колку само трчаше еј, а не сум задоволен од Нани според мене беше најслаб многу беше себичен беспотребно се заглавуваше и многу топки изгуби/подари, но уште е младо ќе научи сепак сигурно нема играно досега на ваков голем и важен меч
И според мене најдобриот денес Рио Фердинанд едноставно Ето не мрдна и ги расчисти сите ситуации во шеснаесетник феноменално одигра уште еднаш покажа што значи да бидеш командант на одбраната и на екипата
Посебна чест и за Ван Дер Сар кој беше сконцентриран цел меч, за останатите што не ги спомнав одиграа како што требаше добро и она што им беше кажано.
За овој меч фалеше Руни кога Роналдо тргна сам во неколку ситуации му беше потребна неговата подршка
Одлична тактика и од Ферги до пред 60 мин држеше рамноправна игра дури и поконкретна од Барса после им ја препушти играта бидејчи виде дека немаат некоја идеја за конкретна акција и го доведе тимот до финале
П.С. Може некој ќе речат дека сме имале среќа но изреката вели среќата ги следи храбрите
Поздрав, до крај ни требаат три победи за две титули односно да си го земеме она што е наше:party1:

lee::pehar: