Тони ќе му ја земе Ballon d'Or на Роналдо?
Според италијанските медиуми Luca Toni може да му ја земе на Cristiano Ronaldo наградата Ballon d’Or, доколку Италија го освои Европското Првенство.
Cristiano Ronaldo е најголем фаворит за освојување на оваа титула по прекрасната игра за Манчестер Јунајтед, и 38те гола. Како и да е, во Италија се зборува дека оваа награда може да ја добие и Luca Toni доколку Италија има успех на Европското Првенство.
Тој има исто така одлична сезона во Баерн Минхен и е најдобар стрелец во Бундес Лигата и во Купот на УЕФА, а има вкупно 36 голови.
Тој веќе има освоено еден трофеј оваа година, ДФБ Купот, и е на поен до освојување на Бундес Лигата, а игра и во полуфиналето од Купот на УЕФА.
Во минатото се гледаше кој игра добро на големите интернационални натпреварувања, а големо значење имаа и наградите за Светски и Европски фудбалер на годината.
Ова се докажува кога во 2002 Бразил го освои Светското Првенство, Роналдо ја доби наградата, и во 2006 кога Италија го освои светското првенство Канаваро ја доби, и покрај извондредната сезона на Роналдињо.
Во италијанските медиуми исто се шпекулира дека К. Роналдо има слаб перформанс на важните натпревари, се мисли на натпреварите во Лигата на Шампионите.
Доколку Роналдо го предводи Манчестер Јунајтед до освојување на Премиер Лигата и Лигата на Шампионите наградата ке биде негова, но доколку не успее ке има проблеми кај гласачкото тело.