Можиш шо сакаш да работиш. Можиш таксист да си, да печиш костени на плоштад... шанкер, келнер по кафичи, имаш голем избор со овој факултет
Шала на страна, мене многу ме избедира еден муабет. Одам во читалнана до градежен, 24 часа што работи, навечер демек да учиме со еден другар. И тука има една трафика па земав кроасан и типот што продаваше ме прашуваше нешто и разговорот ни помина вака:
- Студент си на архитектонскиов овде?
- Не сум.
- А, значи не си студент.
- Сум, ама на економски сум запишан, овде дојдов за в читална да одам да поучам нешто.
- Да? И јас завршив економски па еве сега овде продавам....
И таман ми даваше кусур јас застанав и се избедирав, ја навалив главата и со раката се потпрев тука кај касата. И тој ми велеше извини не мислев да те демотивирам, сега можда се сменети времињава... Едно пола сат се извинуваше незгодно му беше. Па после и мене незгодно ми падна.
Едвај го изедов кроасанот после, а ни в читална не ми се седеше.