Ало тие анонимуси се нешто ново создадено од некоја моќна влада.
Зошто баш да бидат толку анонимни, викиликс не се а гледа какви информации пуштија на нетот.
Запрашајте се само зошто да бидат анонимни, од што се плашат да се откријат, од државните органи, или од народот?
Ако е од државата, знаеме кој е стравот но по таа логика би требало и викиликс да се плашат, а ете ги ништо не им направија.
Ако е од народот, е тоа е веќе покомплицирана тема.
Да, да, добро ме читате, анонимуси се создадени од ВЛАДА на некоја моќна држава, за на долг рок да може да одржува некаква рестриктивна контрола врз протокот на информации меѓу големата маса народ. Тие не сакаат народот да дознава се, а се повеќе се дознава благодарение на интернетот, па на оној на кој не му одговара да протекуваат секакви тајни информации, мора на некој начин да направи рестрикција. Исто така и пратете ги законите во Америка за интернетот што ги носат, ке видите дека тие се закони кои полека но сигурно, водат кон се поголеми ограничувања на содржината на интернетот.
Пров еве ги почнуваат со некакви за нас вообичаени хакнувања, нормални, ама понатаму хакнувањата ке бидат се поголеми, ке стигнат до таа мера што ке се воведат некакви законски регулативи и ограничувања, кои ке важат за сите нас, а оправдувањето ке бидат анонимусите.
Народот како овци сите ке мислат дека тоа е праведно, а уствари, коренот на проблемот не можат да го видат.
Ги прочитавме и со војните на блискиот исток, а треба и сега да ги прочитаме, што е ова срање со таа група наречена анонимус.
Оној кој сака да ја оддржи моќта мора прво да направи раздор, па после да окриви некој и да превземе некаква рестрикција поради тој некој, и народот да го гледа како светски полицаец кој се залага за мир, а уствари....
Мораме во иднина, за да можеме на време да го детектираме првиот кој го започнал проблемот, да размислуваме посвесно. Ова е мое лично мислење, за кое размислував во последно време.
НЕ СЕ ПАЛЕТЕ НА ОВИЕ АНОНИМУСИВЕ, БАШ ДЕКА СЕ СКРИЕНИ ИМААТ СКРИЕНИ НАМЕРИ, НЕМОЈТЕ ДА СЕ ЗАЛАЖЕТЕ ДЕКА ТИЕ МУ МИСЛАТ ДОБРО НА НАРОДОТ Т.Е НА НАС.