Минимална плата: Има ли достоинствен живот со 8.050 денари месечно?!

.i vo bugarija i srbija najniskata plata e 130 odnosno 120 evra

Чудна работа... зависно од потребите..
Кога треба нешто да фалиме споредуваме со поутепаните од нас...
А кога треба да критикуваме се споредуваме со подобрите т.е. за нигде сме биле..
 
ај бела......таму како шо гледаш пише до 8000......познавам луѓе со 6000-7000 текстилци и чувари.........не дека 1000 ке му го просветлат денот ама.....добра појдовна основа е....до вчера немаме загарантирана плата....додуа и сеа немам....оти им дадоа грејс период.........

секој како сака нека свака....не наметнувам мислење.....ама тргнување од мртва точка е подобро.......

да знам и такви што земат 12,000 на сметка после одат кај газдата и 3000 му вракат на рака

знам и пријател шо зема 12,000 на банка и плус 6000 на рака

се има и сам сум работел за 8450....основна плата

Јас не мислам дека сме тргнале некаде од мртвата точка, едноставно само сме ја обележале.
За да им смени нешто на тие што ги познаваш и што земаат 6000-7000, треба минималната плата да им ја направат барем 17 000 денари за барем малку да се почувствуваат како луѓе а не како животни. Е тоа е поместување од мртва точка, иако и тие пари се мизерни за нормален живот.
 
Овде ако не си со партија во овие 20 години никогаш и немало живот.Се разбира најлошо е токму во моментов.Луѓе врзуваат едвај крај со крај,градовите особено Скопје чиј жител сум е во тотален хаос.Паркинзи со некои измислени зони каде колата не смее да стои повеќе од 1,2,3 или 4 часа.Полицајци кои седат пред државна и лупаат казни на болни луѓе.Партиско здравство,полиција и администрација.Цените од ден на ден растат како луди.Горивата одат до плафон а реакција од вмровската раса нема.Со еден збор КАТАСТРОФА!!!!(n)(n)(n)
 
Јас не мислам дека сме тргнале некаде од мртвата точка, едноставно само сме ја обележале.
За да им смени нешто на тие што ги познаваш и што земаат 6000-7000, треба минималната плата да им ја направат барем 17 000 денари за барем малку да се почувствуваат како луѓе а не како животни. Е тоа е поместување од мртва точка, иако и тие пари се мизерни за нормален живот.

Утврдување на минимална плата на 8 илјади за некој кој претходно бил пријавен на 4 не е мал чекор. Да, се сложувам со идеите дека поголем износ ќе има подобар ефект, но немојте да го негирате и овој.
 
И спред тебе треба да се радуваме дека има и од лошо полошо?!?:icon_lol:
За плата од 4000, па и 8000, си во загуба да одиш на работа ако ги земиш во предвид давачките за превоз, храна, гардероба...
 
Јас не мислам дека сме тргнале некаде од мртвата точка, едноставно само сме ја обележале.
За да им смени нешто на тие што ги познаваш и што земаат 6000-7000, треба минималната плата да им ја направат барем 17 000 денари за барем малку да се почувствуваат како луѓе а не како животни. Е тоа е поместување од мртва точка, иако и тие пари се мизерни за нормален живот.
Mинимална плата 17 000 за едно 20 години под услов да не ја укашкаат работата со уште комуњарски мерки. Ако уведат сега таа плата 50% од луѓетот ќе летаат од работа а државата ќе банкоротира од плаќање социјално, здравствено и пензиско за невработените.
 
И спред тебе треба да се радуваме дека има и од лошо полошо?!?:icon_lol:
За плата од 4000, па и 8000, си во загуба да одиш на работа ако ги земиш во предвид давачките за превоз, храна, гардероба...

Основица за придонеси од 4 илјади во споредба со 8 илјади ... што е подобро? Само реагирам на моментот дека се е исто по воведувањето на минимална плата. Не е, но тоа незначи дека велам дека е добро, и секако ... точно е дека нема баш простор за радување.
 
Синдикатот пресмета по 500 евра потрошувачка кошничка
Во останатите шест елементи вметнати се најнеопходни трошоци по минимални утврдени количини и по минимални тековни цени, додека други трошоци за рекреација и образование не се предвидени, појасни Митровски.
Според минималната кошница на ССМ, за храна и пијалоци се издвојуваат 12.342 денари, за домување 9.016 денари, за хигиена 2.096 денари, за превоз 2.326 денари, за облека 1.808, за култура 1.070 и за одржување здравје 540 денари.

Ако се исклучи култура (според некои размислувања вишок при минималец) и ако се намалат расходите за пијалоци за 2000, ако за домување, хигиена, облека и превоз се намалат на половина (отприлика теоретски да ги минимизираме тие трошоци), пак доаѓаме до една месечна сметка од над 18000 денари минимум потребен за да нездраво функционира едно семејство. Притоа, ако се јави само еден непланиран трошок, мин. функционалност на семејството се доведува во прашање.
А муабет за здрава работна сила, здрави идни култивисани, дисциплинирани, учени генерации не доаѓа предвид. Дури ни со тие 500 евра пресметани од ССМ. Зашто се подебела црна хроника... Тоа е одраз на економските услови со дооолгорочни последици. Со други зборови ќе трпат последици најмалку една-две генерации деца, а збориме дали има достоинство во 8000.
 
Основица за придонеси од 4 илјади во споредба со 8 илјади ... што е подобро? Само реагирам на моментот дека се е исто по воведувањето на минимална плата. Не е, но тоа незначи дека велам дека е добро, и секако ... точно е дека нема баш простор за радување.

Придонесите го засегаат работодавецот, работникот не добива скоро ништо од тоа, квалитетот на неговиот живот нема да се промени...
 
И спред тебе треба да се радуваме дека има и од лошо полошо?!?:icon_lol:
За плата од 4000, па и 8000, си во загуба да одиш на работа ако ги земиш во предвид давачките за превоз, храна, гардероба...

Па ќе си одат пешки,гардероба ќе земат од децата останата, а храна ќе одат по црвен крст.И ете на крај ќе им останат сите 4000 т.е 8000 денари.;) А да заборавив за струјата.Ама и за тоа има лек.Се врзува за некоја бандера и од таму едно штекерче:icon_lol:.
Е сега единствено што мора да се плати е за МТВ.Значи во Македонија било лесно да се живее.Единствено само пропагандата се плаќа и тоа еднократно(мислам месечно).Друго се е бесплатно.Туку ќутете и не кажувајте на никому.Да не им текне на овие да плаќаме после и за Сител и Канал5 Тв.Сепак не е фер само на мтв да плаќаме такса.Треба и на нив.Нели и они ни го перат мозокот.Епа народе за перење се плаќа:свиркам:
 
Mинимална плата 17 000 за едно 20 години под услов да не ја укашкаат работата со уште комуњарски мерки. Ако уведат сега таа плата 50% од луѓетот ќе летаат од работа а државата ќе банкоротира од плаќање социјално, здравствено и пензиско за невработените.

17000 по 20 години ќе се исто како 1700 сега.
 
Mинимална плата 17 000 за едно 20 години под услов да не ја укашкаат работата со уште комуњарски мерки. Ако уведат сега таа плата 50% од луѓетот ќе летаат од работа а државата ќе банкоротира од плаќање социјално, здравствено и пензиско за невработените.
Дај не заебавај, и онака сега еден работи за тројца тогаш еден ке треба да работи за 5/6 души , нема теорија да се отпуштат работници освен ако „ газдите “ не сакаат да им пропадне бизнисот.
 
Друга финта ќе им направат. Ќе ги пријават на минимален износ и после пак ќе им ги повлечат парите на рака. Има милион газди кои прават така.
 
Дај не заебавај, и онака сега еден работи за тројца тогаш еден ке треба да работи за 5/6 души , нема теорија да се отпуштат работници освен ако „ газдите “ не сакаат да им пропадне бизнисот.
Македониците се вреден народ ама толку...:icon_lol: Ако имаш бизнис кој ти носи поврат на капитал под 20% годишно не ти се исплати ризикот боље шиткај све тури пари во банка или недвижнини и свирај си а радниците сами нека му ја мислат. Мисли малку.:icon_lol:
 
20% не се каматите во банките, а ако на некој му стиска, нека инвестира се во недвижнини
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom