DimceY
Jimmy
- Член од
- 20 ноември 2007
- Мислења
- 5.863
- Поени од реакции
- 5.737
Стандардниот првотимец на Манчестер Јунајтед и репрезентативец на Србија Немања Видиќ се опоравил од повредата на коленото и се приклучил на тренинзите на првиот тим, соопштено е денес на Олд Трафорд.
Видиќ го повреди коленото на првиот четврфинален натпревар во Лигата на Шампионите во кој „црвените ѓаволи“ победија со 2-0 на гостувањето кај Рома. Во прв момент се чинеше дека се работи за тешка повреда, но покасно се утврди дека не страдале ни лигаментите ни менискусот, па опоравувањето траеше двесетина дена.
Видиќ поради повредата ги пропушти реваншот против Рома и два првенствени натпревари, а во клубот се надеваат дека би можел да заигра веќе во сабота, кога Манчестер му гостува на Блекбурн во Премиер лигата. Менаџерот на Манчестер Алекс Фергусон на тој натпревар ќе може да смета и на напаѓачот Луис Саха, кои исто така се опорави од повредата на коленото, поради што не настапуваше еден месец.