ATP тенис - општа дискусија

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.726
Поени од реакции
18.473
Со една разлика што јас сум фан на Федерер, така да слободен си :D
 

Cannon

Doctor
Член од
22 март 2009
Мислења
5.101
Поени од реакции
5.841
Стариов пак тепал а??? , мајстор си е мајстор:cool:
Заслужува уште еден Гренд слем да освои и да си се пензионира на големо !!!


Во исчекување на полуфиналето, морам да посочам едно видео, како очигледен доказ за успорувањето на терените и значителната промена на играта со текот на годините, со примарна цел доминацијата на Федерер да заврши, како и профитот од мечевите - спонзорите да се зголеми, имено мечевите сега се со подолга размена на удари (релиа) многу е потешко да освои винер, топките имаат поголем баунс - (на нив беше извршена беше промена исто така) и многу други работи да не ги набројувам сега што го прават спортот теоретски поинтересен/актрактивен и возвудлив за новите фанови но и исцрпувачки и нехуман за голем дел од тенисерите. Тука би додал една изјава на еден спортски новинар, кој изјави: ниту еден спорт каде што доминира еден спортист не е интересен, помал интерес = помал глобален профит од истиот спорт, парите и маркерингот си го прават своето.



Ако некој мисли дека ова го посочувам затоа што сум фан на Федерер и не држи вода.....ќе го поздравам со моменталниот скор на Федерер на вистински тврда подлога (25-0) во мометов, додека ако од тој скор се земат во предвид дуелите со Надал ќе добиете скор од 6-0, мечеви во кои Надал освоил само 3 сета, ова го посочувам затоа што Надал е најсилниот и единствениот доминатен тенисер во дуелите со Федерер, што докажува дека Федерер е без трошка сомневање најдобриот тенисер во историјата на вистински брзи подлоги. Да се вратам на темата и да го оставам ривалитетот на страна, останати средно брзи/брзи подлоги се следните:

Базел, Синсинати, Дубаи, Ротердам, АТП ворлд тур, додека пак во моментов грен слем турнирите се скоро еднакви според начин на игра, т.е. разликата помеѓу RG, и AUS Open е многу помала него што беше порано, тревата е сега еднаква на брзината на старите тврди подлоги, додека сегашните тврди подлоги се толку спори што според динамиката на играта и одскокнувањето на топката би биле еднакви на терените со земјена подлога пред 10-на години, тука неморам да спомнувам дека терените со земјена подлога се и додатно успорени за разлика од порано, што е за мене несватливо и на некој начин мамење.Еве ако се земе RG како пример, на овој турнир воза да освоиш винер треба да погодиш најмалце 3/4 пати по ред во самиот агол, екстремно брзо и длабоко (генерално) поготово против тенисери од топ 5 ранг листата, ако ова се спореди со вистинска брза подлога ќе добиете резултат од само 1 или 2 потребни такви удари за да се освои поенот со винер.

Истово би го тврдел доколку терените се убрзаат повеќе него што треба верувајте ми...никој несака да гледа константи serve and volley поени, но од друга страна, сте виделе ли некој да игра сега на тој начин, НЕ! а знаете зошто? затоа што тој стил сега би ве донел до 9 од 10 порази доколку против себе имате играч од типот на Мареј, или Џокович, или пак било кој играч кој е добар во одбрамбената игра т.е. играч кој е физички на високо ниво.

Повелете,

П.С. Секоја чест за постов, тотално се согласувам со него , а гледам пошто нема реплики и од фановите на другите тенисери значи и тие се согласуваат целосно со него.
 
L

Löwe

Гостин
Абе уште толку нека ги успорат подлогите, и уште толку нека се зголемува отскокот на топчето :)
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.872
Поени од реакции
16.079
Типичен коментар на фан на србинот. Ако не му било гајле за исходот на натпреварот зошто тогаш воопшто играл на турнирот? Од кур кејф сигурно не се пријавил!

Само молим те не го сфаќај ова го провокација за да не мора да се препуцаваме. :)
Подруго се гледа на работите кога си број 1, а уште подруго кога сакаш да станеш број 1 во тенисот.
Сеа Новак може слободно да си тактизира, башка јасна му е целта оваа година, РГ, ОИ .. а зошто да не и голден слем.
Тој и самиот е свесен дека како ланската сезона тешко да биди и да ги повтори резултатите..

Честито титула на Федерер.
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Во секој случај годинава како се одвиваат работиве, ниеден фан на тенисот нема да остане разочаран ако првенствено го сака тенисот како спорт, па потоа се истакнува како навивач на икс тенисер. Согласно ова што јас барем досега имав можност да го видам, има да се бијат битки помеѓу големата четворка и тоа на големо.

Јас три турнири ги чекам како клучни оваа година, Ролан Гарос, Вимблдон и Олимпијада. И нема да ме чуди ако тројца различни тенисери освојат по една од овие круни. Како никогаш досега откако гледам тенис немало толку квалитет и изедначост во цела една четворка. Обично ривалството се сведува на првиот и вториот, ама овој пат интересно воопшто не е така.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.726
Поени од реакции
18.473

На 31 години им држи лекции на 24 годишни тенисери, кои се во својата најдбора форма (генерално), 6:04 & 6:47 OMG!!!
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.726
Поени од реакции
18.473
1.Надал не му лежи како противник, веќе посочив дека е единствен противник кој има доминантен скор против Федерер на претходната страна.
2. Со сите други се снаоѓа одлично, поготово со најдобриот во моментов, Џокович на којшто успеа да му ја прекине неверојатната серија во неверојатната година, на RG и тоа на земјена подлога.
3. И ако веќе толку сакаш да знаеш, на вистински тврда подлога (брза) меѓусебен скор со Надал им е 6-0 во корист на Федерер, дуели во кои Надал земал само 3 сета, повеќе нема што да се пишува.

Иначе ќе го видиме Надал на 31 година како ќе се носи со тенисерите од типот на Томич и слично.
 
L

Löwe

Гостин
1.Надал не му лежи како противник, веќе посочив дека е единствен противник кој има доминантен скор против Федерер на претходната страна.
2. Со сите други се снаоѓа одлично, поготово со најдобриот во моментов, Џокович на којшто успеа да му ја прекине неверојатната серија во неверојатната година, на RG и тоа на земјена подлога.
3. И ако веќе толку сакаш да знаеш, на вистински тврда подлога (брза) меѓусебен скор со Надал им е 6-0 во корист на Федерер, дуели во кои Надал земал само 3 сета, повеќе нема што да се пишува.

Иначе ќе го видиме Надал на 31 година како ќе се носи со тенисерите од типот на Томич и слично.
А колку има на земја скор ? :D
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.726
Поени од реакции
18.473
Не ми ја сваќаш поената.....
 
L

Löwe

Гостин
Не ми ја сваќаш поената.....
Те сваќам те сваќам, само ти кажувам дека ми се фалиш 6-0 на брза подлога. Епа Надал не е тој тип на играч, стилот на Надал е за спора подлога, мислам дека само една победа во 10тина дуели има Федерер на земја против Надал...
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.726
Поени од реакции
18.473
Tи си тој што ја почна спроедбата, не јас. Јас јавно кажав и признав дека Надал има предност во дуелите генерално со Федерер на претходната страна....ама бидејќи ја започна таа тема ти посочив дека на своја омилена подлога секој од нив доминира, така да тие дуели и резултати помеѓу нив не ги зимајте толку здраво за готово, омилена подлога на Федерер = Федерер тепа, омлиена на Надал, Надал тепа тоа е тоа..е сега има и ислклучоци ама ретки се.
 
Член од
30 септември 2011
Мислења
2.714
Поени од реакции
2.599
Otkako vo finaleto vo Dubai, Marej bese porazen od Federer, teniserot od Skotska, rece: "Mislam deka tvrdata podloga definitivno mu lezi na Roger, da bi imalo poveke turniri vo tekot na godinata na vakvi podlogi, toj sigurno mnogu podolgo vreme bi se naogal na prvoto mesto na ATP listata".
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.726
Поени од реакции
18.473
Otkako vo finaleto vo Dubai, Marej bese porazen od Federer, teniserot od Skotska, rece: "Mislam deka tvrdata podloga definitivno mu lezi na Roger, da bi imalo poveke turniri vo tekot na godinata na vakvi podlogi, toj sigurno mnogu podolgo vreme bi se naogal na prvoto mesto na ATP listata".
Има исто мислење со мене Мареј :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom