Косово ќе се обедини со Албанија

Tоni

ILLYRIAN
Член од
26 февруари 2009
Мислења
13.639
Поени од реакции
10.237
Фактите се дека во Албанија, косоварите се етикетирани. Никој не сака да си има работа со нив.
Летото газда на апартмани во Албанија не сакал да ги издаде на мој пријател затоа што мислел дека е Албанец од Македонија.
Кога му кажал дека е Македонец, се согласил објаснувајќи му дека Албанците од Косово и Македонија му правеле лом по апартманите т.е. нивото на култура им било испод просек.

True story, не добивам ништо ако те лажам.
Не велам дека нема вакви случаи или други со ова проблематика. Но работата е дека мнозинството во Албанија сака соединување. Повеќето апартмани ги даваат на албанци од Македонија и Косово.
Но тоа што вие сакате да го кажете дека сите албанци од Албанија се против соединување, ви кажувам дека грешите. Многу пати сум бил во Албанија и тоа во различни градови и можам да кажам дека сум почуствувал посебен респект како албанец од Македонија ;)
 

_The Great_

Il Genio
Член од
18 јуни 2008
Мислења
5.955
Поени од реакции
3.318
Не велам дека нема вакви случаи или други со ова проблематика. Но работата е дека мнозинството во Албанија сака соединување. Повеќето апартмани ги даваат на албанци од Македонија и Косово.
Но тоа што вие сакате да го кажете дека сите албанци од Албанија се против соединување, ви кажувам дека грешите. Многу пати сум бил во Албанија и тоа во различни градови и можам да кажам дека сум почуствувал посебен респект како албанец од Македонија ;)
За тоа дека мнозинството сака да се соедини е малку повеќе дискутабилна тема. Албанија избра евроинтеграции, а не уназадување. Косово е во гомна, некој треба да го вади.
Но прво и основно, соединувањето не зависи само од Албанците, туку најпрвин од Америка, па до некаде и Србија.

Ама знаеме како заврши сето тоа нели... ? ;)
Како се заврши? Оваа армија не беше поразена, газеше се пред себе, герила многу тешко може да се справи со механизирана армија каква што е Српската.
Замисли НАТО пичкарски да не ја бомбардираше Србија која песна сега ќе се пееше на Косово. Затоа пред така гордо да се лупнеш в гради, помисли на Американците и нивните интереси кои полека го напуштаат овој регион...
 
Член од
8 август 2011
Мислења
232
Поени од реакции
79
Фала богу дека ке сакат да се обединат.И ние сакаме да се обединеме со македонците од Егејот,Мала Преспа и Пиринска.
 

CELTIK

magionicar
Член од
23 декември 2007
Мислења
2.909
Поени од реакции
839
едно се желби а друго е реалност. како само косоварите да се прашуваат за ова.
во уставот на Абанија стои дека земјата нема да цели кон територски проширувања и не е баш а верувам нит изводливо да се оствари
so te gledam cuden
--- надополнето: 8 септември 2012 во 03:46 ---
albanija i kosovo se edna drzava toa e svrsen cin po novive geostratreski zbiduvanja od avion se gleda deka amerikancite ja odbraa albnija kako nov nivni partner voregonov a istoto vazi za srbija koja e na pat da stane privezok na rusija , ocekuvam nov triler na balkanot golema albanija no isto i golema srbija koja cas poskoro ke se spoi so r srpska toa e fakt ,kade sme nie vo celava situacija ,razmislete sekoj posebno sto ke se slucuva rok eve 10 godini davam deka i srbija i albanija ke se golemi
-
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.545
Дали ќе се обедини, ќе видиме. А интерес сигурно постои и кај Косоварите и кај Албанците. Со евентуално обединување, Косоварите веднаш би добиле полн меѓународен политички и територијален легитимитет преку Албанија. Албанија, од друга страна би добила и де јуре територија, не само де факто. Со тоа би се зголемиле апетитите на Албанија, која од најмала и најзаостаната држава во Европа, по распаѓањето на СФРЈ (и со припојувањето на Косово) ќе претендира да биде балкански фактор. По таквото припојување (или напоредно со него) Албанците од Македонија (во огромно мнозинство) ќе спакуваат референдум за припојување кон матичната земја. Албанците не ги кријат овие апетити, напротив -- се курчат максимално по распадот на СФРЈ и независноста на Косово.

Македонските килави политичари се ждерат меѓу себе и се кладат на влез во ЕУ и НАТО како би се загарантирале границите на МК. Се' со цел да си ги здржат фотељите и рушветот. Ги боли к*р за се' останато. Албанските политичари (од Албанија, Косово и МК) ги имаат истите интереси за намлатуење пари док се на власт. Разликата е што додатно лобираат систематски и координирано за ваквата агенда и без ич срам им ги гланцаат чевлите на Америте. На секое ќуше брцаат амерички знамиња као потсетник на таа алијанса. Гниди као Тачи кои имаат забрана за влез во САД на цела уста ги фалат Америте и викаат „нема гајле, ако ме стаивте на црна листа, ја пак ве обожавам.“ Поголемо увлекуење у шупак, здравје. Нема буквално ниеден албански политичар што зуцнал против НАТО, ЕУ и Америка. Сите ја дрват истата мантра. Се' тоа е слабо фајде за МК.

За разлика од Босанците кои, контра долгогодишната секуларна држава, се копучат со вехабиски џамии и забулуење жени, Албанците не ги боли уво за исламот. Исламот кај Албанците е алатка за национална кохезија и ништо друго.

Кои би биле интересите на Америте за подршка на Албанците? Меѓу другото, да создадат лојален вазал на Балканот кој нема да заглавува во исламски фундаментализам и да праи бељи. Кога се работи за послушност кон господарот и дисциплина, Албанците се докажани верни слуги.

Од ваквото сценарио Македонија (освен губење значителен дел од територијата) сигурно би имала бонус проблеми и зијан. Приказните за интеграција, соживот, градење заедничка иднина се само пуста желба на наивните. За жал.
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.453
Поени од реакции
5.862
Бериша : Косово и Албанија да се зближат

Бериша побара од министерот за млади и спорт да се состане со неговиот колега од Косово и да разговараат да се создаде заедничка сенационална фудбалска лига.
Според него ова е патот за истакнување на целиот потенцијал и талентите во фудбалот.

Бериша побара да се воспостави заедничка ТВ мрежа , албанската државна телевизија треба да им овозможи на Косовските медиуми да постават антени , за да можат косовските медиуми да емитуваат низ цела Албанија. Исто така и косовската страна треба да им овозможи на албанските медиуми да емитуваат низ цело Косово.
Не дека не постои тоа , но со плаќање е , ќе се потрудиме тоа да функсионира бесплатно - изјави Бериша.

Живееме во пет држави , но тоа не значи дека сме пет нации. Едно сме , и да не помисли некој да го интерпретира нашето живеење во пет држави како за пет албански нации.

Повеќе албанци живеат во дијаспора него ли во етничките граници

Ќе се формира и Комитет на Дијаспората , за да им се помогне на сите албанци каде и да се , Бериша им се извини на албанците што досега не го добиле потребното внимание надвор од државата. Комитетот на Дијаспората ќе им се најде блиску на албанците каде и да се.

http://alsat-m.tv/lajme/rajoni/178168.html
 
H

HITCH

Гостин
Живееме во пет држави , но тоа не значи дека сме пет нации. Едно сме , и да не помисли некој да го интерпретира нашето живеење во пет држави како за пет албански нации.
Ова е мешање во внатрешни работи на другите држави, чии делови ги барате за да си ја обедините Албанија. Да не спомнувам дека ова ја покажува вашата нелојалност кон државите во кои живеете. Не знам како не ви се здосади од војни и убивања...

Само да си знаете, кај нас најлесно ќе поминете. Ние Македонците сме педантен народ, не си ги валкаме ние рачињата, дури ни животот кога ни е загрозен. Само кажете со време до каде ќе земате, оти и Бугарија и Србија се заинтересирани да ќарат некој дел.

На Балканов никогаш не е досадно... Lucky Balkanians! :pos:
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Ова е мешање во внатрешни работи на другите држави, чии делови ги барате за да си ја обедините Албанија. Да не спомнувам дека ова ја покажува вашата нелојалност кон државите во кои живеете. Не знам како не ви се здосади од војни и убивања...

Само да си знаете, кај нас најлесно ќе поминете. Ние Македонците сме педантен народ, не си ги валкаме ние рачињата, дури ни животот кога ни е загрозен. Само кажете со време до каде ќе земате, оти и Бугарија и Србија се заинтересирани да ќарат некој дел.

На Балканов никогаш не е досадно... Lucky Balkanians! :pos:
Каде овде виде мешане или претензии ком другите држави?
 
Член од
8 јуни 2007
Мислења
6.102
Поени од реакции
12.199
Логично е да се обединат. Геополитичка реалност. Според мене, во следните 5 до 7 години тоа ќе биде завршена приказна.
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
И што от тоа? Силнене и кохезиja на албанскиот народ? Тоа тебе ти пречи?Пречи ти албанците да имат албанска самосвест каде и да са - КС, РМ,РС,ГР ? Или албанофобиjaта е нешто убаво за тебе?
Тоа дека Албаниja и Косово ке започнат да соработуват потесно не е нешто изненадвашто, но тоа и не значи обединуване. Двете држави ке направат вака,дека само имената им да са различни,а реално ке деjствуват како една. Дали тоа ке са фудбалските им репрезантации, дали тоа ке са телевизионите им канали, дало тоа ке са мобилните оператори, дали тоа ке са програмите на школите им... нема значане.
--- надополнето: 4 јануари 2013 во 17:42 ---
Албанците ќе бидат клучот за една голема балканска војна,тие ќе бидат причина што ќе се отвори вистинската пандорина кутија на Балканот, албанците ќе бидат најголеми губитници во ова игра..
Има само две држави на Балканот, кои имат лудост да започнат наново провокации и двете са со големи фискалин и долгови проблеми. Пробаха заеднички да управуват Балканот, но филмот им се разпадна.
 
Член од
21 мај 2012
Мислења
330
Поени од реакции
104
Албанците ќе бидат клучот за една голема балканска војна,тие ќе бидат причина што ќе се отвори вистинската пандорина кутија на Балканот, албанците ќе бидат најголеми губитници во ова игра..
Никој не е луд во 21 век да започне војна. И да е луд, великите сили нема да му дозволат.Но Албанците дефинитивно ке сакат да се обединат. И тагава може да настанат тензии во Западната част на Македонија, като баранија за автономија, федерализиране и слични.
 
N

NikolaMKD91

Гостин
Де јуре Косово и Албанија тешко дека ќе се обединат во една држава, дефакто тие се и денес економски обединети заедно со западна македонија. Во пракса териториите каде што албанците се мнозинство се обединети и така си функционираат, да не се лажеме на терен ние ја живееме велика Албанија.

Треба да отвориш само прозор и да погледнеш таму каде што живеат албанци и се ти е јасно. Албанското знаме, химна и јазик се официјални од Групчин до Подмолје, полицијата е исто албанска т.е од етничка албанска припадност мање више ако носат униформи на Р. Македонија. Во Тетово и селата се повеќе се плаќа во евра, а денарот како валута се исфрла. Тоа е реалноста, териториите на Косово,Албанија и Западна Македонија се обединети.

На хартија најмногу што можат да добијат е конфедерација Косово - Албанија и федерација Македонија - Илирида, што повторно во практика си постои но не е официјализирано. Албанците знаат многу добро дека нема и неможе да се создаде единствена албанска држава, затоа што утредента веднаш ќе избие меѓусебна граѓанска војна кој да биде главен град и центар, дали Приштина или Тирина, или можеби Тетово. Ниту Хашим Тачи ќе му ја предаде власта на Сали Бериша ниту обратно. Ни на Ахмети не му одговара да биде 4 - 5 во т.н. Обедината Албанија кога може да биде прв во Македонија.

Тоа е вистината и реалноста, сето останато се приказни и националистички сонови.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom