А пукаа од шансЕ на првата утакмица...
Па и ние пукавме од шанси против Њукасл на гости. Тоа значи дека Валенсија е труп, а Сантон најдобар бек?
Не можете да го оценувате Бејл само според тоа како игра против нас. За среќа, игра потпросечно. И муабетот за ограниченоста веќе не поминува. Момаков може да направи разлика. Голем плус за нас ќе биде ако тој не игра во недела, сепак голема е разликата Бејл-Роуз/Крањчар/билокојдруг. Исто така и неиграњето на Паркер треба да го искористиме. Вокер е во одлична форма оваа сезона, па и тој доста ќе им фали. Ова ќе биде одлична шанса за Јанг уште еднаш да покаже што знае, а и Нани редно време е да покаже нешто повеќе од ѓупската фризура против Асу-Екото, кој иако игра во добра форма, за мене е најслаба алка во одбраната на Тотенхем.
Еванс-Фердинанд тандем во одбрана, одлично функционираат. Еванс колку напреднал, чудо. Дури САФ почна и како плејмејкер да го користи.
Се на се, Тотенхем игра фудбал што на нас апсолутно ни одговара, па знаејќи дека 3ца стандардни првотимци, ако не и најдобрите нивни играчи ќе им фалат, се освен победа на овој натпревар ќе биде неуспех и зголемување на минусот во однос на Сити на 4-5 бода.