ATP тенис - општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
Eм одбраа да играат на земја, ем ги клецнаа уште во првиот ден со две победи..можам да замислам на тврда подлога каков ќе беше резултатот, не во добиени мечеви, него во времетраењето на истиот и во сет количникот.
Првиот помеѓу Фиш-Вавринка се играше над четири часа.
Сам себе го убијал работата со швајцарците.:D
 
Го глеаше некој мечот Кербер - Лисицки (или како што милува да ја вика коментаторот на Еуроспорт Лизики ..) ?
Уф не дека се премногу симпатични и двете тенисерки:love: , ама добар тенис одиграа, повеќе од 2 часа игра... многу добра игра од страна на Кербер секоја можна топка ја врати, Лисицки не беше таа што ја знаеме.. за тоа на крајот и го изгуби мечот со 2-1 во сетови.
 
Цветана Пиронкова jа победи Анджелик Кербер со 6-4, 6-1. Големо браво за Цвети. Во наредното коло многу труден меч со Бартоли али сепак има шансови.
 
Давиденко се враќа полека? Еве го во едно полуфинале на Ротердам, ќе видиме шо ќе напрај, но ме изненадуваат резултативе
 
Туф за малце не го сркна Федерер од Давиденко, се извади на резултат 0-40 .. и послем овој дибекот руски падна ментално.. и отиде возот у кукуруз.
Многу добар меч играа.. не го фатив од почеток, ама тоа што можев да го видам, стварно добро одиграно.
Давиденко изненади на овој турнир, во последно време беше ептен беден и тешко кој очекуваше да се најде во 1/2 финале.
Ќе видиме на наредните турнири како ќе одигра.. мада го јадат веќе годините него.
Утре во финалето Федерер против Дел Потро, кој немаше проблеми во 1/2 финалето против Бердих.

бај д веј Азаренка..:cuc:
 
Гладен е за трофеи ДелПо, и конечно игра на ниво на УС Опен 2009та, после повредата ..
 
Денес е финалето во жени во Доха. Очекувам Азаренка да го освои. Прв пат после Мартина Хингис навивам за некоја тенисерка. Девојчево има невидено срце. Спортист во вистинска смисла на зборот:cuc:
 
Ќе победи Азаренка гарантирано, Стосур е за класа позади нејзе, згазена ќе биди Стосур
 
Очекувано победи и Федерер, а и Азаренка.
Посебно ќеф ми прави победата на Азаренка, бидејќи на синоќешниот меч изигра со “една“ нога.. ама како што кажа РокнРола има големо срце и се бори до крај, нема изгубен поен за неа.
 
Федерер јако ме демантира, искрено не очекував ваква игра. Азаренка конечно да го обели малце образот во женскиот тенис. Оти таму обично една освојува еден Грен Слем и после ја снемува. Азаренка е нешто ново, освежување.
 
Albano Olivetti - запамтете го ова имe, се почесто ќе го гледаме и слушаме.
Минатата недела, на еден челинџер имаше сервис од 258км/ч .. а оваа недела стигна до 1/4 финалето на турнирот во Марсеј.
 
Albano Olivetti - запамтете го ова имe, се почесто ќе го гледаме и слушаме.
Минатата недела, на еден челинџер имаше сервис од 258км/ч .. а оваа недела стигна до 1/4 финалето на турнирот во Марсеј.

Добар е дечкото, само што сервисот не му е признат зошто играл на Челинџер. Штета!
 
Штета што Надал решил да го прескокне турнирот во Дубаи, ќе имаше големи шанси конечно да го победи Џоковиќ. (ама Марко :D )
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom