Легија на Странците

Член од
16 април 2010
Мислења
2.557
Поени од реакции
1.502
сака да ти каже дека платениците од блаквотер се лесно наоружани без панцир и без шлем значи тие пред се вршат обезбедување на комплексот тоа им е целта.
Легионерите се тешко наоружани и тие се изложени дирекно на фронталната линија со непријателот борба гради во гради има и тоа како разлика
Точно така
 
Член од
13 декември 2011
Мислења
1
Поени од реакции
2
Драги колеги!

Ве известуваме дека во функција веќе некое време е првиот македонски воен форум „Одбрана„ , каде што се дискутира за безбедносните сили на РМ , специјалните единици и тајните служби низ светот, ВА Михајло Апостолски , општо за копнената војска , униформи , вооружување од секаков тип и сл. исто така има теми и за морнарица и авијација,воена секако.

Исто така на форумот може да најдете галерија полна со слики од безбедносните сили на РМ.

Ве очекуваме да се регистрирате и се вклучите во дискусиите на форумот!
www.ODBRANA.tk

Со почит!
 
Член од
16 април 2010
Мислења
2.557
Поени од реакции
1.502
После My City Military и Paluba, комнечно и еден наш македонски сајт

Ps Сеа само што се регистрирав
 
S

Shellshock nam67

Гостин
Што ги влече Македонците во Легијата на странци

Како се влегува во прочуената француска единица, што прават нејзините војници, дали навистина се претвораат во машини за убивање, губат ли врска со реалноста, има ли меѓу нив криминалци?
Горан Адамовски

Најпрво одиш во Франција, се пријавуваш во некоја од базите на специјалната единица Легија на странците и бараш да бидеш нејзин дел. Минуваш првичен филтер на психофизички тест, по што влегуваш во групата за селекција. Тука започнуваат маките, оти само јунаци минуваат по четиримесечната обука. Ако не се откажеш или не ти речат дека не те бидува, стануваш член на елитниот одред.

Почетната плата е околу илјада евра, но во странските мисии можеш да заработиш и пет-шест илјади евра. Имаш право на француско државјанство и пензија, но да стигнеш дотаму, ќе треба да минеш неколкугодишен тежок период на преживување во суровата околина и справување со својата психа.

Француската Легија на странци е обвиткана со мистичност веќе 180 години, колку што постои. Што прават нејзините членови, дали навистина се претвораат во машини за убивање, губат ли врска со реалноста - се само дел од прашањата кои обичните луѓе си ги поставуваат за легионарите. Дали меѓу нив има и криминалци кои бегаат од правдата, користејќи ја можноста во Легијата да влезат и под лажен идентитет?

Легијата на странците е дел од француската армија, која се разликува од останатите формации по тоа што е составена од странци - доброволци.

„Какви и да се Вашите корени, националност и вера, што и да сте по професија, каков и да Ви е општествениот статус, без разлика дали сте во брак или слободни, француската Легија на странци ви нуди шанса да започнете нов живот“, се претставува Единицата на интернет.

Легијата има 7.699 членови, а околу 80 од нив потекнуваат од регионов. Меѓу најпознатите балкански легионери се хрватскиот генерал Анте Готовина, осуден од Меѓународниот суд во Хаг на 24 години затвор поради воени злосторства во војната во Хрватска и Милорад Улемек - Легија, осуден на неколку казни од по 40 години затвор, меѓу другото и за убиството на српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ.

Нашата јавност, пак, дозна дека има Македонци меѓу легионерите, по неодамнешната смрт на 23-годишниот Стојмир Тодоровски од Валандово, кој загина на италијанскиот остров Корзика кога дива свиња удрила во автомобилот во кој се возел со својот колега.

Од огненото крштевање пред 175 години во Алжир, па се' до нивните последни ангажмани на Балканот и на Блискиот исток, Легионерите ги води нивното мото: чест и лојалност. Описот на денешната Легија на странците е невозможно да се разбере без делумно да се запознае нивното минато. Формирана главно од доброволци (платениците подоцна влегоа во Легијата) со потекло од цела Европа, единицата настана со декрет на кралот Лиу Филип во 1831 година. Одредот бил составен од Швајцарци, Пруси, Шпанци, Италијанци, Белгијци, Холанѓани и Полјаци. Тие смееле да се борат единствено на неевропски територии, поради што нивната прва задача била во Алжир, каде се бореле против берберските племиња.

Денеска, Легијата е отворена за секого, па затоа се' поголем е бројот на латиноамериканците. Поголемиот дел од чиновниците се Французи.

Пунктови за пријавување низ светот нема, па заинтересираните мора да дојдат во Франција. Најчесто се користи база во близина на Марсеј. Иако се зборува дека кој било полицаец во Франција е должен да те однесе до легионерите, сепак, праксата вели дека тоа не е баш така. Во фазата на доселекција започнуваш со лекарски прегледи. Ако минеш, следуваат полесен психофизички тест.

„Во првата селекција, критериумите за влез во Легијата, сега барем, не се многу високи: треба да направиш четири згиба, да го минеш тестот за трчање и да направиш 40-50 стомачни. Потоа влегуваш во доселекција. Е, тука веќе се познаваат јунаците“, вели Стојанче Ангелов, ветеран од воената криза во 2001 година, кој со години ја следи проблематиката, но не бил дел од овие специјални единици.

По ова следуваат мотивациски тестови и испитување од внатрешната контрола на Легијата, т.н. „Гестапо“. „Те прашуваат се' и сешто, од тоа како се викаат татко ти и мајка ти, зошто си дошол, ама буквално се'. Имаат свои методи и нема шанси да ги излажеш. Тука отпаѓаат 80 отсто од кандидатите и тоа поради лажење. Дел од нив мислат дека имаат поголеми шанси за влез ако се претстават како криминалци, па лажат дека ограбиле банки, дека ги бара Интерпол...“, раскажува поранешен член на елитната единица кој сака да остане анонимен.

Во минатото, Легијата имаше репутација да привлече само криминалци и платеници, меѓутоа денеска се проверува минатото на секој кандидат. На влезот се бара лична карта, возачка дозвола, па дури и диплома за завршено образование. Осудени криминалци не можат да влезат во Легијата. Исто така, порано можело да се пристапи под псевдоним, односно под лажни имиња. Денес, пак, иако се' уште го има правото на лажно претставување, поволностите што ги нудат се за оние што служат под вистинско име и презиме. Меѓу нив е и правото да се пријават за добивање француско државјанство откако ќе издржат три години служба, и под услов да немале проблем со законот и да се лојални на Единицата во која служеле. Легионерот, кој е ранет во борба, има веднаш право на државјанство како „Французин поради пролиената крв“. Вистинскиот идентитет е важен и за лагионерот да добие можност да се ожени, или на пример да купи автомобил...

„Не им требаат ‘Рамбовци‘, туку најмногу се бара да бидеш силна личност, да можеш да ги истрпиш сите тие напори, да бидеш со години далеку од дома, да може да се справиш со се', да не потклекнеш“, вели поранешниот легионер.

Уште од пет часот кога започнува будењето, па до крајот на денот, војниците имаат строго дефиниран распоред. Ако не се на терен, имаат напорни тренинзи, дневно трчаат и по 20 километри, а се справуваат да преживеат во секакви ситуации.

„За таа цел, во близина на базата се откупени цели села и фарми, а селаните се отселени. Тие места служат за подготовка во реалниот свет“, тврдат познавачи на приликите.

Легионерите служеа во Заливската војна, Камбоџа, Сомалија, Руанда, Босна и Херцеговина, Косово, дури и во нашата земја. Во елитниот одред можат да служат и 25 години, а право на пензија стекнуваат по 17 години стаж. За сето време најважно е едно: да бидат почестени што се во Единицата и да и' бидат лојални.
извор http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=FFD1B07C4D70ED49B3454CDFBD75E9CC
 
Член од
2 јануари 2012
Мислења
1
Поени од реакции
0
За неа многу се зборува а малку се знае
која е таа легија на странците ?
Логирајте се и станете легионер

Прочуената Легија на странците сега преку Интернет ги регрутира новите членови, што е несекојдневна револуција
ОБАЊ, ФРАНЦИЈА - Ебари Сиго не може да го изговори мотото на француската Легија на странци - „Марширај или умри“, па затоа си креираше сопствено кога го напушти Токио и замина за Париз за да се регрутира како легионер. Неговиот долг марш почна со Интернет-регрутирањето во Јапонија, неговата татковина, иако технички на познатата Легија на странците и' е забрането да регрутира кандидати надвор од границите на Франција.

Новите регрути кои се собираат во нејзиниот штаб во Обањ, источно од Марсеј, во јужниот дел на Франција, се и-мејл генерација легионери кои најпрво се запознале со силите преку Интернет од својот дом во Венецуела и Бразил, Јапонија и Кина. Откако осумилјадната Легија во 2001 година го отвори својот веб-сајт, составувањето на силите се промени. Латиноамериканците сега претставуваат 25 отсто од силите, зголемување од 15 отсто, додека присуството на Азијците е зголемено од 6 на 8 отсто. На пример, Кина е новиот извор на кандидати, кои се привлечени од ветувањето на Легијата за доделување француски пасош за следните пет години, како и сместување, храна и стабилен приход, почнувајќи со 1.030 евра месечно. „Интернетот навистина е мини револуција за Легијата на странците“, изјави потполковникот Кристијан Расје, портпарол на силите. Годинава околу 600.000 лица ги посетиле веб-страниците на Легијата, www.lеgion-entrangere.com и www.legion-recrute.com, на кои има ветувања за нов живот, без разлика на националноста, религијата или образованието.

Веб-советниците апелираат на воздржаност: „Регрутирањето е сериозен чекор. Дојдете во штабот на Легијата во Обањ“. Сиго (23), го направи тоа патување од Јапонија, откако ги посети сајтовите на Легијата и купи авионски билет за Париз. До неговото пристигнување во Обањ, кон крајот на септември, тој знаеше англиски и француски колку за да го изрази вечниот мотив за регрутирање.

Меѓу новорегрутираните беше и Чи Лио Хаи (20) од Шангај. Тој веќе четири години илегално живее во Париз, без никаква надеж дека ќе добие документи за легален престој во Франција. Еден пријател му сугерирал да се пријави во Легијата, чиј воен оркестар ја предводи парадата за Денот на Бастилја во јули на Елисејските Полиња, со кинески легионари кои маршираат во средината. Лио Хаи ја посетил веб-страницата каде што бил инспириран да се упати кон Обањ. „Ми се допаднаа фотографиите и идејата за нова авантура, како и изгледите за добивање пасош“, вели тој.

„Ние константно еволуираме“, вели полковникот Винсен Лекур Гранмезон, начелник на Генералштабот на Легијата. „Интернетот навистина ни го отвори патот да се пробиеме низ целиот свет“. Он-лајн стратегијата е драматична промена од попасивниот традиционален приод со лепење постери на железничките станици додека се чекаат социјалните, економските и политичките немири да извршат притисок врз луѓето да се одлучат за регрутирање.

До неодамна Легијата служеше како претстража за Словените од Централна и Источна Европа, како и за Романците, кои ја сочинуваат најголемата група легионери веднаш зад Французите. Со Интернет- регрутирањето бројот на Словените бележи пад од 40 отсто во 2001 година на 33 отсто минатата година. Најмалуброен и понатаму останува контигентот војници кои зборуваат англиски јазик, само два отсто се од Велика Британија и од САД. Според официјалните лица на Легијата, ова не се должи на културниот антагонизам, туку на тоа дека апликантите од САД и Велика Британија имаат проблеми да ги поминат тестовите за издржливост, што нагласуваат дека се со слаба телесна сила и кондиција. Всушност, од секои осум кандидати кои се земаат предвид од страна на Легијата, седум се отфрлаат по тринеделните физички тестирања и разговорите за „безбедност и мотивација“ во Обањ од внатрешните иследници познати по прекарот „Гестапо“. „Зошто да го користиме Интернетот кога имаме толку многу кандидати?“, вели Расје. „Едноставно: тоа е начин за подобрување на процесот на регрутиирање со обраќање до поголеми групи луѓе. Колку повеќе кандидати ќе ни затропаат на вратите, толку подобар избор ќе имаме“.

Легендата за Легијата, распространета низ светот со помош на различните филмски верзии на „Убав гест“ и мемоарите на поранешните легионери од кои се зголемува тестостеронот, е силата која ги заштитуваа кандидатите кои веќе го отфрлиле минатото. Меѓутоа, реалноста е поинаква. Легијата е внимателна со дарувањето нов идентитет, и најпрво бара да им се достават пасошите и да се изврши проверка на регрутите кај криминалистичките служби како Интерпол, за елиминирање на оние кои биле осудени за насилен напад или сексуални злоупотреби. Па, дури и расипаните заби може да бидат причина за дисквалификација на кандидатот, бидејќи Легијата не е подготвена да троши за заболекарски прегледи пред кандидатот да биде регрутиран. Таира Коџи (36), поранешен работник во фабрика за лагери во Токио, го откри ова кога во јуни се пријави во Легијата. Тој следните три месеци ги помина во Париз, каде што му беа поправени забите, додава тој. Но, до крајот на септември, тој отиде во Обањ за првата фаза од тестирањата. „Сонував да станам легионер“, вели Коџи, кој многу малку зборува француски, но доволно за да копнее да ја носи крутата бела капа „кепи“ на легионерите.

Во долгата крвава историја на Легијата на странците 35.000 лица ги загубиле своите животи во борби, а последните жртви беа на Хаити во 2004 година. Во поглед на историјата, најчесто поставуваното прашање од офицерите кои ги спроведуваат регрутирањата е: „Сигурни ли сте дека сакате да станете легионер?“
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=6FFFCAF879995340938A6C492700C6AC
извор
кои се вашите размислувања за оваа платеничка војкса и би дали би биле дел од неа
moze da mi kazete za da se prijavam treba da imam sluzeno vojska ovde ili? pozz
 
S

Shellshock nam67

Гостин
Enlarge this image


Само наивните веруваат дека служењето во платеничка војска е возбудлива авантура и место каде што 17 години се губи секаква врска со минатото. Легијата војувала во Африка, Индокина, односно секаде каде што требало да се бори за француските интереси,а во таа врста очигледно спаѓа и БиХ во југословенските војни во оквирот на францускиот контингент на мировни сили.
Веројатно ниедна воена формација на светот не е обвиена со слична темна марама на романтика и маштовити приказни како што е случајот со француската Легија на странци (LEGION ETRANGERE) . Но за тоа е заслужна и бурната историја на самата Легија, богата со крвави војни и битки. Представите и илузиите на бројните авантуристи кои „трчаат„ во Легијата фантазирајќи за возбудлив и егзотичен живот на легионери се растопиле на жешкиот песок во Африка, на маларичните мочвари на Амазонија, во спарните џунгли на Индокина или пак на крвавиот асфалт во Либан, односно на сите оние места каде што се бореле легионарите од основањето на таа елитна формација во 1831. година па се до денес.

ЛЕГИЈАТА – НАША ТАТКОВИНА


Enlarge this image


Легијата од самиот почеток го отфрлила патриотизмот како мотив за постоење. Легионерската вредност се сведува на верност према договорот и дадената заклетва, како и чувството на обврска спрема браќата по оружје,односно соборците. Лојалност на заклетвата е она што легионерот, пред се, почитува и за која , ако треба, ќе го даде и својот живот, а во тоа се вклопува и обврската дека никогаш нема да го остави својот ранет соборец на боиштето.Поради тоа на сите знамиња е извезена заклетвата LEGIA PATRIA NOSTRA односно Легијата – наша Татковина.
После Втората Светска војна во која Легијата изгубила околу 40 000 луѓе, следното воено упориште за легионерите станал просторот на Индокина каде што се бореле од 1945 до 1954. Кулминацијата на воените операции е достигната со легендарната битка кај Дијен Бијен Фу , водена од 13.март до 7.мај 1954. која се смета за тежок воен пораз не само за Франција него и за Западот воопшто.Губитоците на легионерите изнесувале преку 1500 мртви со многу повеќе ранети. Вкупните губитоци од девет годишното војување во Индокина се качуваат до бројката од 10 000 луѓе па и повеќе.
По повлекувањето од Индокина , Легијата повторно се нашла во војна – овојпат во Алжир. Војната во Алжир траела од 1954. до 1963. година а во него учествувале околу 20 000 легионери кои на крајот биле поразени од „Фронтот за народно ослободување„ на Алжир (ФНЛ) . Во Алжир Легијата изгубила 55 офицери, 278 подофицери и 1633 војници.
Од 1964. Легијата била присутна и интервенирала во повеќе афрички земји како Чад,Заир,Габон,Џибути,Сомалија,Руанда,Либан итн. Нејзините единици можат исто така да се најдат и на Пацификот и во Централна Америка (Француската Гвајана) па дури и во оквирите на УНПРОФОР , значи мировните сили. Во составот на францускиот контингент овие војници , во мисијата во БиХ овие војници имале за задача да го набљудуваат реонот на Сараево и аеродромот Бутмир.


МОЖНОТО „ЗБОГУМ„ НА МИНАТОТО

Основниот договор за служба во Легијата на странци се потпишува на 5 години, со можност да се продолжи на уште два пати по 5 години, што значи вкупно 15 години служба, но некои нови информации говорат за 17 години служба. Кој ги преживее сите 15 години служба стекнува право на легионерска пензија во износ на половина просечна плата од таа што ја имал во активна служба која по некои шпекулации ја прима онолку време колку што служел во Легијата, но исто така се здобива и со право на француско државјанство. Месечната најниска плата е околу 1000 евра (за каплар 1350 евра), но доколку припадникот се наоѓа во базите на Легијата платата е повеќепати повисока. Годишниот одмор трае 15 дена.Кога се наоѓаат на задачи легионерите добиваат околу 100 евра дневно. Со желба за опуштање и провод, при секое излегување од касарната , поготово ако се наоѓаат на терен надвор од Франција можат да потрошат дури и половина од својата плата, но затоа командата тогаш им исплатува само една третина, додека остатокот оди на нивната сметка. Првопотпишаниот договор од 5 години може да го поништи командата или пак кандидатот, во тек од шест пробни месеци. Се смета дека 50-60% од легионерите по истекот на првиот договор, повторно потпишуваат нов. Легионерите ,према правилата на служба, користат добиваат целосно нов идентитет , односно она што сте биле пред да го потпишете договорот повеќе не постои се додека сте во Легијата. При добивањето на новиот идентитет вие добивате ново „воено„ име nom de guerre , и Легијата ви гарантира анонимност и заштита од било чие плеткање во вашето минато.
Ако накнадно се открие дека некој од примените кандидати бил осудуван или криминалец, тој после седум години служба може да добие чин подофицер. Тоа е делумно и поради тоа што Легијата држи до тоа да нејзините подофицери имаат поголема моќ,заслужуваат поголема почит и повеќе вредат од подофицерите во другите единици и армии.

МАРШИРАЈ ИЛИ УМРИ


Enlarge this image


За француското МО , Легијата има необична конституционална предност. Имајќи во предвид дека се состои од странски платеници таа може директно да се упати кон одредена земја без сложени расправи и одобрение во парламентот.
Обуката е екстремно тешка и напорна, комплексна и се базира на цврста дисциплина. Се состои од фазите , основна обука и специјалистичка односно напредна обука.Дезертерите кои на годишно ниво во се бројат во десетици, се казнуваат на посебен начин.
Основната обука трае 4 месеци, а цел и е да ги научи легионерите на основните воени вештини и познавања. Се заснова на дрил,физички вежби и прилагодување на традицијата и животот во Легијата. На терен доста време се посветува на напорните и долги маршеви преку брдата и планините на Корзика, со вооружување и под полна опрема. Се вели дека никој неможе да ја помине обуката во Легијата а да пред тоа неколкупати не ги натопи своите чорапи со крв и униформата безброј пати со пот. За стекнување на потребната физичка кондиција, секојдневно се трчаат и маршеви по десетици километри, а работниот ден почнува од 5 часот наутро,некогаш и порано.
После основната обука, на ред е селекцијата, и легионерите према своите специјалности се упатуваат во некои од специјализираните школи и кампови каде што ги чекаат искушенија. Посебно се бираат кандидати за курс за каплар, кој трае од 8 до 10 недели и тој курс се смета за физички најтешкиот курс во Легијата. Освен овој курс постои и 14-то неделен курс за подофицери после кој се стекнувате со звање – постар каплар, што непосредно му претходи на добивањето на добивањето подофицерски чин.

ПАДОБРАНЦИ – ЕЛИТА НА ЛЕГИЈАТА

Enlarge this image


За потребите на падобранските и специјалните единици се бираат најуспешните и психофизички најспособните поединци. Нивниот тренинг опфаќа комплетна обука на командосите, со сите специфичности. Падобранците, на пример, својата специјалистичка обука ја изведуваат во кампот Рафајли на Корзика, потоа во центарот за војување во џунгла во Француска Гвајана а вежбаат и во Џибутија. Познато е дека многу легионери повеќе ја сакаат воената стварност во Чад или Руанда отколку тактичките вежби и обуката во заливот Губет во Џибутија каде што под полна опрема се трча преку 30км на температура повисока од 40 степени. На „Ѓаволскиот остров„ во заливот Губет,падобранците скокаат од карпи високи 30 метри во топлото море. Сонот за пустоловините и возбудливиот живот во Легијата овде се претвора во исцрпување на телото и душата.
Стандардното вооружување на легионерите е француската воена автоматска пушта ФАМАС со калибар од 5.56мм и „бул-пап„ конструкција. Од неа може да се пука од двете рамена бидејќи има две позиции за исфрлање на чаурите. Има и ногалки за зголемување на степенот на прецизност и стабилност при гаѓањето.

Enlarge this imageClick to see fullsize


Снајперистите ја користат снајперската пушка Ф-2 со калибар од 7.62мм со капацитет од 10 куршуми. Од пушката може да се испалат 10 000 куршуми без промена на карактеристиките односно прецизноста и 20 000 куршуми , а притоа прецизноста да не се намали за повеќе од 10%. Во специјалните акции се користат оружја со пригушувачи и ноќни пасивни нишани од кои омиленото оружје за тивка ликвидација е самострелот.

Enlarge this image

Од против оклопното вооружување,опремени се со рачни ракетни фрлачи ЛРАЦ 89мм , АПИ-ЛАС 112мм како и против тенковскиот ракетен систем Милан и Хот. Тука се и минофрлачите од 81 и 120мм , хаубиците од 105мм додека како оружја за борба против ниско летечки цели се користат лесно преносливите ПВО ракетни системи Мистрал со ИЦ наведување.

СТРУКТУРА НА ЛЕГИЈАТА

Денес легијата брои околу 8000 припадници разместени во неколку полкови (регименти) кои организациски се состојат од чети. Структурата и распоредот го имаат следниот изглед:

1 Полк на Легијата : Сместен е во касарната Виено во Обања. Задолжен е за прием и обука на нови регрути и врши административни работи за другите единици на Легијата. Бројноста изнесува 1 000 луѓе.

2 Пешадиски полк: Ова е уствари механизиран полк стациониран во Ним (Франција). Во неговиот состав е и Прекуморската оперативна група од која , на смени, се упатуваат во деташованиот одред на островот Мајор во Индијскиот океан. Бројноста изнесува околу 1500 луѓе.

3 Пешадиски полк : стациониран во базата Коуру во Француска Гвајана. Се состои од 4 чети, од кои три се ангажирани за опслужување и заштита на Европската космичка станица и ракетната база во Коуру. Полкот ја штити и границата со Бразил и учествува во изградбата на „источниот пат„ низ прашумата Амазонија. Бројноста изнесува околу 1000 луѓе.

4 Школски полк „Кастелнодри„ : Се наоѓа во Кастелнодрија , во близина на Тулуз. Врши основна обука, селекција и одредува смер и специјалност за новите војници. Организира и курсеви за подофицери. Во составот има 5 чети а вкупната бројност е околу 1000 луѓе.

5 Мешовит „Пацифички„ полк : наменет е за работа и обезбедување во „Пацифичкиот нуклеарнен испитувачки центар„ на островот Мурутоа во Полинезија. Предвиден е за интервенција на другите француски територии на Пацификот во тнр. „прекуморски земји„, како што е Нова Каледонија. Полкот има 4 чети – штабна, две мешовити инжињерски и пешадиска чета. Вкупната бројност изнесува околу 900 луѓе.

1 „Коњанички„ полк : Стациноран е во Оранж , Франција. Брои 1000 луѓе распоредени во три извидувачки батаљони опремени со оклопни возила и во еден против оклопен-механизиран батаљон вооружен со ПО ракети. Полкот влегува во состав на 6.леснооклопна дивизија на француската армија.

2 падобрански полк (2.РЕП) : сместен е во кампот Рафалји и во местото Калви (Корзика). Представува најелитна единица на Легијата и се гордее со способноста да во рок од 24 часа може да изведе акција на било кое место во светот. Брои околу 1300 луѓе распоредени во 6 чети. По една чета од составот на овој полк постојано е присутна во Џибутија. Инаку 2. Падобрански полк влегува во состав на 11. Падобранска дивизија на француската армија која преставува окосница на француските сили за брзи интервенции.

6 Инжењерски полк : се наоѓа во близина на Авињон и брои 800 луѓе. Се состои од штабна чета, чета за поддршка и снабдување , како и од три инжењерски чети ( пионирска, понтоњерска и градежна).
13 Полу-бригада (Demi-brigade, 13.DBLE) : Стационирана е во Република Џибута,а се состои од штабно позадинска чета, пешадиска чета, леснооклопен извидувашки батаљон и инжењерски батаљон. Брои повеќе од 1000 припадници.
 
Член од
15 октомври 2009
Мислења
822
Поени од реакции
290
Јас слушнав за во легијата требало сами да си ја плаќаме обуката, која чинела 50 евра од ден ??
А и после служењето ретко кој се враќал жив.... Правеле тоа да изгледа како несреќен случај .....
Што ке кажете за ова ?
 
Член од
18 април 2013
Мислења
35
Поени од реакции
12
Јас слушнав за во легијата требало сами да си ја плаќаме обуката, која чинела 50 евра од ден ??
А и после служењето ретко кој се враќал жив.... Правеле тоа да изгледа како несреќен случај .....
Што ке кажете за ова ?
нема врска воа тоа може да го слушниш само од некој разгалени дечиња што ги стра да сужат војска ништо не плајкаш
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.826
Поени од реакции
6.351
Во биографијата на Готовина има многу за Легијата.Ги опишува вежбите,како иде целата селекција,како и тие најелитните падобранци биле обучувани и како ги праќале во акции низ Африка.
Пола од книгата се бави со неговиот живот во легијата.

http://hr.wikipedia.org/wiki/Ratnik
 
Член од
15 октомври 2009
Мислења
822
Поени од реакции
290
Многу сакам да бидам дел од легијата или некоја друга таква специјална единица, спремен сум физички се и психички али , син единец и не ми даваат од дома.... мора ова со факултетиве да се замарам...
 
Член од
28 мај 2009
Мислења
3.361
Поени од реакции
3.963
Многу сакам да бидам дел од легијата или некоја друга таква специјална единица, спремен сум физички се и психички али , син единец и не ми даваат од дома.... мора ова со факултетиве да се замарам...
Ne e potrebno pregolem entuzijazam sekogas vo nesto se vleguva so stalozenost ;) , no ako nekogas se predomislis i posakas da bides del od nekoja elitna edinica treba prvo da si go stavis privatniot zivot na strana , nemoj sega da si pomislis deka te ubeduvam na nesto no znaj i veruvaj cim uste sega kazuvas deka ne te pustale tvoite nema nikogas da se odlucis :гик:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom