S
Shellshock nam67
Гостин
оставка од Јанкулоска
Со пароли “Правда, правда сакаме правда“ граѓанското движење “Стоп за полициската бруталност“ денеска во центарот на Скопје го започна мирниот протест по повод убиството на двајцата млади луѓе од Гостивар од страна на полициски службеник.
Како и во случајот со убиениот Мартин Нешкоски, тие бараа оставка од министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и портпаролот Иво Котевски, по убиството на младите луѓе во Гостивар.
“Сакаме да ни се исполнат барањата за сите оние реодвни механизми како редовни психолошки тестови и измени во законските акти кои ќе овозможат полицијата навистина да биде полиција на граѓаните, а не приватна полиција“, изјавија од движењето “Стоп за полициската бруталност“.
Со паролите и македонското и албанското знаме на чело, протестантите тргнаа од куќата на Мајка Тереза во центарот на градот кон Министерството за внатрешни работи, каде како што рекоа, ќе ја побараат оставката од министерката Јанкулоска.
“Ова е нешто што треба јавно да се осуди. Овде треба да се сфати дека се работи за ред и безбедност на граѓаните. Повеќе ние не се чувствуваме безбедни. Таму, во МВР, има примено луѓе убијци, никаквеци, земаат плата, и наместо да работат и да обезбедуваат, тие убиваат луѓе. Но, не се сите такви. Не е важно дали бил цивил или не, и да е цивил тој е уште поодговорен. Како може тој да си дозволи да носи пиштол и да убива? Затоа што тоа може да го направи! Можел да се тргне, а не да убие две лица. Полицијата е одговорна. Јанкулоска треба да знае дека треба да постави ред. За прв човек на полиција се одбира маж со мустаќи, а не госпоѓа Јанкулоска“, ни изјави еден граѓанин, дел од протестот.
И во Гостивар денеска се одржа масовен протест поради убиството на триесетгодишниот Имран Мехмеди и 26-годишниот Бесник Шехап. Протестот во кој учестувале од шест до седум илјади луѓе минал мирно и без инциденти. Поворката тргнала од пред Основниот суд во Гостивар, покрај зградата на општина Гостивар, а завршила на градскиот плоштад каде организаторите на протестот им се обратиле на присутните.
ce ponese li konecno politicka odgovornost ministerkata ????
![](http://tocka.com.mk/images/content/golemi/img92625247.jpg)

![](http://tocka.com.mk/images/content/sodrzina/jankulovska-ostavka-site-01.jpg)
Со паролите и македонското и албанското знаме на чело, протестантите тргнаа од куќата на Мајка Тереза во центарот на градот кон Министерството за внатрешни работи, каде како што рекоа, ќе ја побараат оставката од министерката Јанкулоска.
“Ова е нешто што треба јавно да се осуди. Овде треба да се сфати дека се работи за ред и безбедност на граѓаните. Повеќе ние не се чувствуваме безбедни. Таму, во МВР, има примено луѓе убијци, никаквеци, земаат плата, и наместо да работат и да обезбедуваат, тие убиваат луѓе. Но, не се сите такви. Не е важно дали бил цивил или не, и да е цивил тој е уште поодговорен. Како може тој да си дозволи да носи пиштол и да убива? Затоа што тоа може да го направи! Можел да се тргне, а не да убие две лица. Полицијата е одговорна. Јанкулоска треба да знае дека треба да постави ред. За прв човек на полиција се одбира маж со мустаќи, а не госпоѓа Јанкулоска“, ни изјави еден граѓанин, дел од протестот.
![](http://tocka.com.mk/images/content/sodrzina/jankulovska-ostavka-site-02.jpg)