Македонска фудбалска репрезентација

Juve-Fan

campione d'italia 36
Член од
23 март 2010
Мислења
841
Поени од реакции
1.469
Тоа не доаѓа у обзир. Прекин на натпревар = кривични за свите нас, парична казна за клубот, евентуално одземање на бодови на клубот, утакмици без публика итн. Ни малку паметен потег, само ќе си наштетимо и на нас самите а и на клубојте за кој навијамо.

Ама џабе овде муабет, треба да се реагира таму каде што е потребно, муабети на форум са залудни.
Зошто да не иде у обзир?Ти како навивач на Тетекс задоволен си од состојбата во тимот, каде секој натпревар однапред се знае како ќе заврши.Не само Тетекс туку Охрид, 11Октомври, Шкендија, Силекс,Брегалница, Турново ги местат натпреварите (од овие имам извори за сигурно наместени натпревари) а незначи дека и другите не го прават тоа.Вардар вештачки го издигнаа и на сето ова треба да речеме дека е ок?
Победа, Македонија, Слога уништени од истиот овај за кого зборуваме и сето ова ако е малку за да се преземе нешто тогаш и го заслужуваме Хари.Очигледно е дека на дел од овие клубови им одговара оваа ситуација, поделеност различни интереси се со цел да се полнат нечии џебови.

И за крај ќе се сложам со болдот и прекинувам со коментари во темава, ние тука само напразно си зборуваме.Кучињата си лаат караванот си врви.:(
 

n/a

Член од
28 декември 2011
Мислења
1.194
Поени од реакции
2.258
Го прашала учителката Пецко што работи татко му.
Пецко станал и рекол:„учителке, татко ми работи во бордел како проститутка“...
Учителката цела запрепастена, го повлекува на страна и му вели: „зошто така зборуваш, бе Пецко, па уште и пред сите, срамота е... аплус, знам дека не е така... што работеше татко ти, кажи ми сега....“
„Ами, учителке.... татко ми игра во фудбалска репрезентација“...
„Ааааа... епа.... добро тогаш...“ :|
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.958
Поени од реакции
73.848
Зошто да не иде у обзир?Ти како навивач на Тетекс задоволен си од состојбата во тимот, каде секој натпревар однапред се знае како ќе заврши.Не само Тетекс туку Охрид, 11Октомври, Шкендија, Силекс,Брегалница, Турново ги местат натпреварите (од овие имам извори за сигурно наместени натпревари) а незначи дека и другите не го прават тоа.Вардар вештачки го издигнаа и на сето ова треба да речеме дека е ок?
Победа, Македонија, Слога уништени од истиот овај за кого зборуваме и сето ова ако е малку за да се преземе нешто тогаш и го заслужуваме Хари.Очигледно е дека на дел од овие клубови им одговара оваа ситуација, поделеност различни интереси се со цел да се полнат нечии џебови.

И за крај ќе се сложам со болдот и прекинувам со коментари во темава, ние тука само напразно си зборуваме.Кучињата си лаат караванот си врви.:(
Не треси глупости жити се.

ние фановите на Вардар имаме пароли:




Кога ние уште во 2007 пеевме ФФМ МАФИЈА, и баравме смена на Хари, од друга страна се пееше Хари ви ги ебе сестрите :pos:
Во 2008, додека Комити се бореа против ФФМ, на другата страна имаш:

ФФМ ПРИЛЕПСКА ПРЕСТОЛНИНА!

Паѓаа кривични тогаш, кај смееш да пееш против ФФМ :) Делегатот во Кратово ја прекина утакмицата кога ја извадивме паролата на втората слика.
Има казни друже, така мислиш се буткаат од функција луѓе позади кои стои државата ;)
 

Max Legend

The black swordsman
Член од
27 септември 2010
Мислења
4.339
Поени од реакции
6.479
Може некој да ми го даде составот на тимот што изгуби од Луксембург?
 
Член од
8 април 2007
Мислења
16.034
Поени од реакции
9.126
Зошто да не иде у обзир?Ти како навивач на Тетекс задоволен си од состојбата во тимот, каде секој натпревар однапред се знае како ќе заврши.Не само Тетекс туку Охрид, 11Октомври, Шкендија, Силекс,Брегалница, Турново ги местат натпреварите (од овие имам извори за сигурно наместени натпревари) а незначи дека и другите не го прават тоа.Вардар вештачки го издигнаа и на сето ова треба да речеме дека е ок?
Победа, Македонија, Слога уништени од истиот овај за кого зборуваме и сето ова ако е малку за да се преземе нешто тогаш и го заслужуваме Хари.Очигледно е дека на дел од овие клубови им одговара оваа ситуација, поделеност различни интереси се со цел да се полнат нечии џебови.

И за крај ќе се сложам со болдот и прекинувам со коментари во темава, ние тука само напразно си зборуваме.Кучињата си лаат караванот си врви.:(
Зошто у овој случај сакамо да го оборимо Хари, а не да ги оборимо нашите клубоој. Знаемо што се случи со тие што сакаја да одат против ФФМ (Мак.ЃП и слога), таке да клубојте не треба да ги мешамо у ова.


Ова е од ланското куп финале у Прилеп, имамо ваѓано уште неколку пута ама немам слике сега.
Мислим дека сега треба масовно све навијачки групе да извада парола против ФФМ. Реков дека тоа може нема ништо да смени, ама тоа нека биде само почеток, од негде мора да се тргне.
 

Drettica

Graxhanin of Severstan
Член од
24 ноември 2008
Мислења
12.625
Поени од реакции
14.933
Ниеден пораз не се брои вие сте нашите херои! :facepalm:
 

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.608
Поени од реакции
22.620
Видео со головите(го има и целиот натпревар, ама сигурно никој нема да изгуби 90 мин во гледање на срања): http://sport.rtl.lu/news/aktualiteit/204041.html

Голот што сме го примиле во 90та минута за 2-1 :tapp::tapp: Или е местена, или на нашиве природата повеќе им одземала отколку што им дала.
 

Juve-Fan

campione d'italia 36
Член од
23 март 2010
Мислења
841
Поени од реакции
1.469
Зошто у овој случај сакамо да го оборимо Хари, а не да ги оборимо нашите клубоој. Знаемо што се случи со тие што сакаја да одат против ФФМ (Мак.ЃП и слога), таке да клубојте не треба да ги мешамо у ова.


Ова е од ланското куп финале у Прилеп, имамо ваѓано уште неколку пута ама немам слике сега.
Мислим дека сега треба масовно све навијачки групе да извада парола против ФФМ. Реков дека тоа може нема ништо да смени, ама тоа нека биде само почеток, од негде мора да се тргне.
A со кого ќе правеше Хари лига ако застанеа сите клубови зад Македонија и Слога?Нека се кренат сите клубови против ФФМ, сите навивачи, познати јавни фаци, фудбалери и кај ќе оди тогаш?
Знам дека не е лесно против Хари затоа што држи конци насекаде ама сепак ако сме сплотени против него нема каде да оди.
Мора од некаде да се почне :Каде се фудбалските легенди, новинарите, спортските работници...? http://www.ekipa.mk/News.aspx?newsId=6074

TeteksFan---запознат сум добро како идат работите кај нас, затоа и еднаш мора да се пресече, со молчење не се постигнува ништо.Со бојкот само им помагаме да си продолжат како и до сега.Навивачките групи нека дадат јавен повик до целиот народ да излезе што по масовно да искаже револт.Ако и тогаш не собереме во голема бројка ,значи си го заслужуваме ова.
 
Член од
8 април 2007
Мислења
16.034
Поени од реакции
9.126
A со кого ќе правеше Хари лига ако застанеа сите клубови зад Македонија и Слога?Нека се кренат сите клубови против ФФМ, сите навивачи, познати јавни фаци, фудбалери и кај ќе оди тогаш?
Знам дека не е лесно против Хари затоа што држи конци насекаде ама сепак ако сме сплотени против него нема каде да оди.
Ми звучиш како да не си запознаен како ида ваквите работе у Македонија, посебно у фудбалот. Џабе е све, единствен кој може да го урне Хари е народот, ама со масовни протести, не со 50 души на улица.
Ама добро пиша вчера некој, Македонците како да имаат малку проблеми, немаат леб да јадат па ќе се замараа со фудбал. Таке да, џабе се прае муабетов.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.958
Поени од реакции
73.848
Илија Јовков е најголем гробар рамо до рамо со Хари.
Со години е претседател на ОФС Гази Баба а сега е и во управниот одбор на ФФМ.
Ако не се лажам, истовремено е член на ВМРО.
Затоа власта е нема на целиот криминал во ФФМ (y)
 

n/a

Член од
28 декември 2011
Мислења
1.194
Поени од реакции
2.258
Ќе наместат уште некој натпревар, пак ќе го сменат селекторот, па пак исто...
Во врска со репрезентацијата, мислам дека и ние малку патиме од лажна величина, како да сме некоја велесила, ама ете, цело време, заради некоја невидлива неправда, нашето место меѓу најдобрите ни е одземено.... Let's face it: не ни ја бива репрезентацијата... може треба на овие шо не' посрамотија да им се забрани настап за репрезентација и да се направи скок на генерација. Јуниорска ќе стане сениорска, U19 - U21 итн... малите барем ќе имаат ревност, ако не друго, „ќе пораснат“ многу побрзо, со правилна стратегија...

И уште нешто, Хари е гробар на македонскиот фудбал (вклучувајќи го тука и прилепскиот - Победа е жртва на мешетарството на Хари и неговото семејство, несакан сведок за сите криминали...), ама сигурно Хари не бил на терен во Луксембург. Има ли капитен репрезентацијава?! Има ли тој барем трошка достоинство да не се повинува на некои си таму клошари шо изигруваат „газди“?! Има ли барем трошка заедништво во репрезентацијата или се' ред „ѕвезди“ се редат?!
Дека може поинаку и подобро ни покажаа момците во Литванија и во Србија.....

тука, ај, да не дробам многу, оти како шо рече некој погоре: кучињата лаат, карванот врви...
 
Член од
8 април 2007
Мислења
16.034
Поени од реакции
9.126
Фудбалерите од репрезентацијата се лутат на гласините дека натпреварот бил наместен и бараат да верувате во нивната неспособност да го победат Луксембург.
 
M

MrzaRules

Гостин
кај се сега оние од фудбалската престолнина да го бранат...ги снема нешто :tapp:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom