Сеир на страна, барем нема да има фалш кога ќе пее. Иако, јас мислам дека треба да пратиме некои неафирмирани пеачи таму, па релаксирано да си гледаме. Според мене, а знам дека и другите се сложуваат, ова не е натпревар за добри песни, овде се работи за платена победа. Се` уште мислам дека СМРТ, наместо „Евровизија“, треба да го оживее скопскиот фестивал, од кој излегоа преубави песни, а дел од нив се` уште се хитови.
И за крај, ЧУДНО!!!, имаме добар текст за песна на англиски јазик!!! Кој би рекол.. Мене повеќе ми се допаѓа англиската верзија, само малку да си го среди англискиот на некои места за поубаво да звучи.
П.С. Ако не обезбеди влез во финале Каљопа ќе и се закани на цела Европа дека никогаш повеќе нема да настапува на Евровизија.
П.П.С. Цитро, дали Владата на Р. Македонија ќе им обезбеди бесплатен превоз до Азербејџан на вмровците?
Ете, Каљопа ќе пее на македонски, ќе треба некој да и подава тоалетна кога ќе почне да плаче.