Не ја знаеш приказната?! Клубот Вимболдон си постоел одамна но скоро секогаш бил во економска криза, дури и кога играл во ПЛ. Но во 2001ва се случило крах. Клубот банкротирал, се преселил на друг стадион, стариот стадион кој најчесто и бил причина за слабиот буџет. Со преселувањето на клубот се преименувал во MK Dons но не биле сите фанови задоволни на таа одлука па во 2002ра прават нов клуб со старото име на нов стадион, изграден од нивни пари и почнуваат од најниската лига во Англија. Од 2002ра до сега направиле скок од 5 лиги, што е Англиски рекорд, и моментално се наоѓаат во нивната 4та лига. Ова ме инспирираше да ги земам на менаџеров, кој воедно и е во вистински живот, нивен спонзор кој го носат на дресовите.