^^GoRiLLaZ^^
Happiness...?
- Член од
- 25 јануари 2007
- Мислења
- 5.760
- Поени од реакции
- 8.016
Зависи од карактерот. Гледам многу се запалија као демек филмот е 2011 година, а е црно-бел и нем.Можеби и не е препорачливо да го гледате The Artist сега после помпезноста од оскарите.....бидејќи од една страна премногу ќе очекувате ,а можеби и ќе се разочарате.
Јас го изгледав уште пред месец дена.....и воопшто не ни знаев дека е номиниран....значи како апсолутен анонимус го сметав.
Но поради тоа откако го изгледав филмот,на секој поупатен во филмовите им го препорачував како ремек дело.(нормално неможеш да го препорачаш на некој што гледа филмови со Џеки Чен и сл.)
Овој филм треба да знаете како да го гледате......т.е да имате дисциплина за следење филм,без да разгледувате низ собата,и да лутате со мислите......туку да го навикнете мозокот дека гледате нем филм......и откако ќе го догледате филмот ќе бидете воодушевени и со насмевка на лицето.
Многу јако филмче,и од актерски,музички,фотографски и секаков можен аспект.
Според мене овој филм нема К од класика како што многу веќе го прогласија за тоа. Можеби е високо буџетен филм, но далеку по аматерски направен за разлика од филмовите на Charles Chaplin, Cary Grant, James Stewart, Buster Keaton, Laurel and Hardy и слични глумци од тогашното време.