Anonymous (официјална тема)

Бре, како тоа успеале некакви небитни сајтови да хакнат.
Страшна порака пренеле :tapp:
 
Ако, само така за српскиот кичерај! Они ќе ми поддржувале заштита на авторски права, ебате тоа плагијаторите!
 
магарешки свиткале ебате беља ебате... ветер и магла
 
Браво за нив, време е да се укини турбо-фолк музиката и да младите повеќе се образуваат, каузата им е на место
 
Па мора да се почне од некаде , секоја чест за дечките. Знаат каде треба да се удри ... Им посакувам успех и поголема масовност/ефективност.
 
Малку е ова. Треба јавно да се обезглават.:гомце:
Што е најтрагично голем дел од нашите генерации фураат турбо-фолк кое е ништо повеќе од една музика која била развивана од страна на српската мафија за српската мафија.Ај, барем да примаа некакви таленти на нивната сцена и ќе беше некако оправдано што се слуша турбо-фолк во голема мера.Но, секое говедо или вол за микрофон не е.
 
Кој се активирал бе?
Копиљаци што симнуваат готови скрипти од форуми и кликаат копче за да паднат страна со слаба безбедност?

Немој да ме јебеш.

Ние сме толку години уназад со интернет култура и напредок, што кај нас АСТА ќе се дискутира за едно 30 години.

Проблемот е во тоа што го работат само тројца во државава кои се занимаваат со таква работа,кои знаат како се работи тоа и го работат :D
 
Како армија составена само од хакери, колку е силна организацијата Анонимус?
Анонимус е како учениче кое немало самодоверба, но еден ден одеднаш некому му треснало бокс во лице и си рекло „Стварно сум јак!“. Можеби сме најмоќна организација во светот и има добар аргумент за тоа. Денес во светот најважни се информациите. Целиот свет е контролиран и воден од малечки и невидливи единици и нули кои светкаат низ воздухот и насекаде околу нас. Па, ако е тоа она што го контролира светот, запрашајте се кој ги контролира нулите и единиците? Geek-овите и хакерите низ светот.
Што значи да се биде лидер на организација која нема лидер?
Не бираме претседател, но тоа не значи дека нема лидери во Анонимус. Нормално, Командант Икс или Берет Браун или Питер Фајн, без разлика дали имаат имиња или се анонимни, ја преземаат лидерската улога и се пример за останатите. Просечниот Анонимус не е како мене, да работи 12 часа дневно и да го посвети животот на тоа. Тој е IT тип или техничар со неколку часа слободно време и сака да му биде кажано што да прави. Потребни се организатори за да се заврши работата. Секој во Анонимус може да биде нешто како портпарол, но мојата способност да зборувам е условена од консензусот на колективот.
Се чини дека постои војна помеѓу хактивистите и силите на законот. (Барем 40 лица кои се сметаат за членови на Анонимус беа уапсени минатата година во целиот свет.) Што мислите, кој победува во моментов?
Мислам дека во моментов е нерешено. И дека кога-тогаш ние ќе победиме. Отсекогаш верував дека на крајот доброто победува. Но во моментов апсењата му нанесоа удар на движењето. За 30-минутен онлајн протест се соочувам со затворска казна од 15 години. За сега тоа е единственото обвинение против мене, но очекувам уште. Не се работи само за потенцијалната казна, туку и за самото судење за кое властите имаат терабајти материјал. Тоа се околу 150.000 страници за 30-минутен протест. Тоа значи дека судењето ќе ми трае 2 години, период во кој ќе бидам под стро надзор на ФБИ. Немам пристап до Твитер, Фејсбук и до интернет chat-сервиси - не можам да контактирам со ниту еден член на Анонимус, а ги има околу 50.000.
Во суштина, спречен сум да бидам активист. И ако победам на суд, сепак ќе ме нема две години. Е па, немав намера да го дозволам тоа и затоа сум во Канада. Во Сирија, Тунис, Либија, Египет, Нигерија и Брегот на слоновата коска спасивме безброј животи - активисти, новинари, блогери и луѓе кои ни се обратија за да се заштитат во тие опасни средини - и немам намера да престанам со таквата работа.
on.net.mk_415643.gif

Сега, кога си во Канада, дали се чувствуваш релативно безбедно?

Да. Имаме многу контакти во канадската влада. Бевме добро подготвени кога дојдов овде, имаме безбедни куќи во Канада. Можеби грешиме, но мислиме дека канадската влада е исто толку загрижена околу Анонимуси колку американската. Нивниот пристап ќе биде „бидете нормални, не останувајте долго и ќе биде ок“. Во моментов преговараме со неколку европски земји за траен политички азил, како за мене, така и за други членови на Анонимус. Штета е што Канада нема политичка храброст за да ги заштити онлајн активистите од Америка. Тоа е реалноста, но најверојатно нема активно да трагаат по мене.
Мислите ли дека генерално јавноста не е доволно заинтересирана за онлајн-надзорот или надзорот во вистинскиот живот?
Мислам дека јавноста почнува да ја сфаќа вредноста на информациите. На пример, долго време никој во САД или во светот не смееше да го знае бројот на цивилни жртви во Авганистан и Ирак. Имаше само претпоставки, сè додека војникот Бредли Менинг не ја украде информацијата од владата на САД и не ја обелодени. Сега знаеме дека и покрај напредното оружје и технологија некако успеале несакајќи да убијат 150.000 цивили во две земји... Како што ќе се откриваат ваквите факти, така јавноста ќе почне да ја сфаќа вредноста на информацијата и ќе сфати дека активистите ризикуваат сè за информацијата да биде јавна.
Што им велите на луѓето кои мислат дека Анонимуси се само сајбер-терористи?
Во суштина не се согласувам со тоа. Ако сакате да ме нарекувате терорист, нема проблем. Но, би ве прашал кој се плаши од нас? Ако се плашат лошите момци, тогаш е супер што сум терорист. Но, ако се плашат обичните луѓе, луѓето во светот на кои се обидуваме да им помогнеме, тогаш би ги замолил да се едуцираат, да истражат што навистина правиме и да престанат да се плашат. Се бориме за луѓето, се бориме, како што велат од Окупирај, за 99%. Оној 1% од луѓето што ни ја уништува планетата навистина треба да се плаши. Ако за нив сме терористи, тогаш најверојатно се во право.
„Информациски терорист“ - колку смешен концепт. Да тероризираш некого со информација. Но, кого? Дали луѓето кои читаат весници и дознаваат што владата прави во нивно име? Тие не се тероризирани, туку многу задоволни од ситуацијата. Тероризирани се луѓето кои сакаат да ги скријат нивните злосторства. Смешно е што сите податоци од е-мејл што сум ги украл содржеле информации за криминал. Никогаш не ми се случило да украдам информации од корпорација или влада и да си речам „Боже, луѓево се невини, згрешив.“
on.net.mk_415645.gif

Анонимуси почнаа како онлајн бељаџии, но работата стана многу посериозна во последните 2 години. Што се случи?

Мислам дека Египет беше пресвртна точка за Анонимус на емотивен план. Луѓето често ме прашуваат: зошто сте толку лоши деновиве? Започна во Египет - кога работите со денови за да воспоставите видео врска во живо и првото нешто што го гледате е луѓе кои ви ги убиваат другарите со автомати - тоа станува лично. И не е само Египет, туку Либија, Тунис и многу други земји. Можеби не е исто како да си со нив таму, но кога со некого зборуваш онлајн со часови и часови, а тие луѓе со тебе ги споделуваат своите надежи и соништа за нивната земја, иднина, кога ти кажуваат како ги ризикуваат животите за нивните деца да имаат подобра иднина, се врзуваш со нив и тие ти стануваат пријатели и семејство.
Што е следно од Анонимус?
Во моментов имаме пристап до секоја база на податоци на владата на САД. Прашање е кога, а не дали ќе ги објавиме податоците. Знаете како добивме пристап? Не ги хакиравме. Пристапот ни го овозможија луѓето што управуваат со системите. Генералите со пет ѕвездички и секретарите за одбрана од нивните канцеларии повеќе не контролираат ништо. Играта ја водат децата во подрумите, а тоа го докажа Бредли Менинг. Авганистанските и иранските воени дневници ефективно ја преполовија политичката моќ на Министерството за одбрана. И тоа само поради еден човек имаше храброст да стави ЦД во плик и да го испрати некому.
Сега луѓето повеќе не ни даваат документи или ЦД-а, туку доаѓаат со клучевите од кралството. Ни даваат лозинки и кориснички имиња од цели заштитени бази на податоци кои веќе ги имаме под контрола... Светот треба да биде загрижен.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom