Прашања за Христијанството II

Статус
Затворена за нови мислења.
B

Black Guard

Гостин
Грешка,промена на еден од законите ќе значи распад на универзумот патем земјата е создадена токму од тие природни закони-не од непостоечки ентитет.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Грешка,промена на еден од законите ќе значи распад на универзумот патем земјата е создадена токму од тие природни закони-не од непостоечки ентитет.
Не мислев на универзална промена на некој закон, туку на локална промена. За нас тоа е невозможно, но за Создателот тоа е боза.
Земјата е создадена од Создателот - Бог. Ако не веруваш во тоа, тогаш се разбира дека не е возможно тоа за што збориме. Но доколку Бог постои, пак ќе речам, тоа е прелесно за Него.
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Тоа ти изгледа така бидејќи тргнуваш од позиција на атеист. Доколку тргнеш од позиција на теист, ќе знаеш дека Оној кој ги создал Земјата, Сонцето и целиот Универзум, Оној кој ги поставил законите по кои тие се движат, за него е најмал проблем да промени некој закон, да запре или придвижи некој објект што е во големина на електрон во споредба со целиот Универзум.
Ako dobro te razbiram, ti tvrdis deka Jahve ja soprel rotacijata na Zemjata na 12 saati, za otkoga evreite zavrsile so pokoljot da ja pusti pak da rotira? ...i sve bese dobro?

...+ ti si bi na natprevar po fizika + mnogu si se razbiral od astronomija?
...a mojot potpis ubavo kazuval shto e Biblijata?

I lavovite pasele treva...

Sve mi e jasno.
 
spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
986
.

Евангелијата не ја кажуваат вистината за Јешуа, престолонаследникот на Израел и неговата борба против римското царство. Општо беше познато и дека исус бил крал, и дека сакал да си го врати кралството и дека соработувал со бунтовниците (зелотите) ...

.

Воопшто не ти замерам, бидејќи во несвест пишуваш и кодошиш против Вистината ! Тоа е една несвест која потекнува од нечистиот дух, духот кој што царува во тебе, со тебе и со сите коишто се противат на Евангелието БОЖЈЕ, за кого прекрасно сведочи Духот Светол и Новозаветните Списи!

.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.279

Сведоштво е дека Исус нападнал луѓе во храмот, барал да се вооружат неговите следбеници, бил со титула крал на евреите, за негово заробување биле употребени околу 2000 римски и еврејски војници, бил осуден на смртна казна од римјани со распнување (како се казнувале бунтовницте) и бил распнат заедно со двајца бунтовници. Некои работи евангелијата не можеа да ги избегнат туку се обидуваа да ги замгалат, и прикажат во поинакво светло макар тоа беше нелогично, фактички невозможно и контрадикторно
 
spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
986
.
Сведоштво е дека Исус нападнал луѓе во храмот,...
.

Ако подлабоко загледаш (контемплираш) засигурно ќе увидиш дека:

Отелотворението на Мудроста БОЖЈА (Исус) не употребила никаде и никогаш сила против луѓе а најмалку во храмот (темпелот), туку против материјата која им постанала центар на нивното богослужење, им го покирало фокусот и ги заслепила за најважното!

.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.279
.

.

Ако подлабоко загледаш (контемплираш) засигурно ќе увидиш дека:

Отелотворението на Мудроста БОЖЈА (Исус) не употребила никаде и никогаш сила против луѓе а најмалку во храмот (темпелот), туку против материјата која им постанала центар на нивното богослужење, им го покирало фокусот и ги заслепила за најважното!

.
Таа материја (тезги) била сосема нормална и легална работа. Во храмот доаѓале луѓе од сите краишта и на израел и на светот. Иделе верници од египет, од рим од атина, и Израел беше тогаш поделен на 3 дела еден по римска и два под управа на синовите на херод. Сегде се баратало со различни монети., а во храмот се плаќало само со едни. Значи имало потреба и од менувачница и од продажба на животни за жртва. Тоа се правело векови пред Исус а од заработката се одржувал храмот и земале плата свештениците. Никој не се бунел и никој присилно не плаќал нешт во храмот. На римјаните МОРАЛЕ да му платат даноци на храмот... кој колку сакал и можел. Самиот народ така сакал. Исус кога ги рушел тезгите му ја рушел и можноста на народот да размени пари да си плати обреди и жртви во храмот да купи животни неопходни за иобред... Исус застанал меѓу народот и бог оспорувајќи им гои правото да си ја исповедаат својата вера.....

Всушност Спирос вистината е едноставна, власта во Јудеја ја држеле римјаните, со војска и свештениците со духовната власт. Високото свештенство било наклоно кон римјаните затоа што им одговарало да има мир и ред. Исус не можел да дојде на власт додека не ги порази римјаните и избрка свештениците. Затоа тој нападнал на храмот а Бараба на римскиот гарнизон. Но нападот не успеал, всушност не успеал најверојатно тој на Бараба затоа и Исус се повлекол на гората со цел да избега во Галилеја (како што наговестува евангелието) но римјаните со брза акција го опколиле, заробиле и осудиле на смрт за бунт.
 
spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
986
.

Луѓето кои лажеле и лажат, хулеле и хулат на Вистината - како што го правиш ти - самите си нанесувале и нанесуваат проклетство врз себе и своите ближни!

Обрнисе додека има време и прифатија Светлината БОЖЈА(!), за да не бидеш соучесник на најголемата катастрофа која што следува!

.

Да, сите воени обувки, секоја облека натопена во крв, ќе изгорат и ќе му бидат храна на огнот.
Зашто, ни се роди Дете, Син ни се даде, власта му е на рамото. Името ќе Му биде: Чудесен Советник, Силен Бог, Вечен Татко, Кнез на Мирот.
Неговата власт ќе се шири надалеку и не ќе има крај на мирот над Давидовиот престол, над неговото царство: ќе го зацврсти и ќе го утврди во правина и во праведност. Отсега и довека ќе го направи тоа приврзаната љубов на Господа над Воинствата.

(Исаија 9)

.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Една денешна вест вика дека Исус го предвидел доаѓањето на Мухамед (пророкот на Муслиманите).
Биди конкретен и посочи: каде Христос го најави доаѓањето од Мухамед?
Само нем ј со новински и агенциски вести...
--- надополнето: 27 февруари 2012 во 10:19 ---
Мене ме интересираше како после тоа црквата забранува предвидувања и ги беси тие што предвидуваат.
Да, Црквата навистина забранува предвидувања (гатање, карти, астрологија и сл.) од јасни причини.
Посочи, кого Црквата го обесила, затоа што се занимавал со предвидување на иднината?
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.279
.

Луѓето кои лажеле и лажат, хулеле и хулат на Вистината - како што го правиш ти - самите си нанесувале и нанесуваат проклетство врз себе и своите ближни!

Обрнисе додека има време и прифатија Светлината БОЖЈА(!), за да не бидеш соучесник на најголемата катастрофа која што следува!

.
Тогаш први проклетство нанеле на себе и ближните писателите на евангелијата, па Павле.... Затоа што ја кажувале лажната вистина за Исус, кој бил крал на Израел и кој се обидел да крене востание против римските окупатори и во кое востание бил фатен осуден и убиен.
 
T

Tetro

Гостин
Биди конкретен и посочи: каде Христос го најави доаѓањето од Мухамед?
Само нем ј со новински и агенциски вести...
Не се сеќавам да сум прочитал во Библијата баш тоа, само од веста.

Да, Црквата навистина забранува предвидувања (гатање, карти, астрологија и сл.) од јасни причини.
Посочи, кого Црквата го обесила, затоа што се занимавал со предвидување на иднината?
Јованка Орлеанка, Бургундијците ја заробуваат во 1430. и им ја предаваат на Англичаните, по што е осудена за ерес и запалена на кол во 1431 во градот Руан.
Џордано Бруно, спален во Рим, Февруари 1600.
Галилео Галилеј, под притисок од Црквата морал да се откаже од неговите иновативни изуми.
Јан Хус, осуден поради ширење протестанизам и спален.
Св. Петка (Параскева) Римска, исцелувала слепи луѓе и била погубена од црквата (читај: отсекување на главата), околу 170 година од новото време.

Во периодот од 1480-та до 1700-та, извршени се десетици илјади погубувања на "вештерки".

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Не се сеќавам да сум прочитал во Библијата баш тоа, само од веста.
[/media]
Чудна работа, и јас не се сеќавам на таков стих во Писмото.
--- надополнето: 27 февруари 2012 во 11:42 ---
Јованка Орлеанка, Бургундијците ја заробуваат во 1430. и им ја предаваат на Англичаните, по што е осудена за ерес и запалена на кол во 1431 во градот Руан.
[/media]
Јованка, настрана што и не дел од православната Цкрва, според Тебе, испаѓа дека били „видовита„, така?
--- надополнето: 27 февруари 2012 во 11:43 ---
Џордано Бруно, спален во Рим, Февруари 1600.
[/media]
Славниот Џордано, и тој бил спален ради неговата „видовитост„ или заради паганиззмот кој го ширел?
--- надополнето: 27 февруари 2012 во 11:44 ---
Галилео Галилеј, под притисок од Црквата морал да се откаже од неговите иновативни изуми.
]
Испаѓа дека и Галиео бил предвидувач на иднината...

„Сепак се врти„, рече Галилеј, што нема врска со “видовитоста„.
--- надополнето: 27 февруари 2012 во 11:46 ---
Јан Хус, осуден поради ширење протестанизам и спален.
Хммм, и овој бил надвор од Црквата...Православната, нормално.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.279
Црквата спалуваше и мачеше луѓе за други работи не за предвидување на иднината
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Св. Петка (Параскева) Римска, исцелувала слепи луѓе и била погубена од црквата (читај: отсекување на главата), околу 170 година од новото време.
Кој ја убил Св. Параскева Римјанка? Ја убила Црквата па истата таа Црква ја слави за Света? :rolleyes:
--- надополнето: 27 февруари 2012 во 11:49 ---
Во периодот од 1480-та до 1700-та, извршени се десетици илјади погубувања на "вештерки".
[/media]
Ќе мораш да бараш одговор на друго место...Вакви дејанија и‘ се припишуваат на Инквизицијата, која не е православна измислица.
--- надополнето: 27 февруари 2012 во 11:49 ---
Црквата спалуваше и мачеше луѓе за други работи не за предвидување на иднината
Кутрите...Што тешка несреќа ги збрала...
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.279
Кутрите...Што тешка несреќа ги збрала...
Важно душите им биле спасени и прочистени преку оган и челик.... Не разбираат бе овие неверници дека Ѓордано Бруно е сега во рајот затоа што Црквата му ја спаси душата со сплаување на грешното тело
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom