Исхрана - првиот клучен фактор за постигнувањето на атлетско тело

  • Креатор на темата Креатор на темата Myers
  • Време на започнување Време на започнување
Кратко и јасно прашање , ако може? Кој протеин за пристапна цена е најдобар на пазарот кај нас, за брз мускулен раст ( Мислам на фирма и производ) ?

Спомнав во едно мое мислење на друга тема, дека за почетници најдобар избор е повеќе комплексен протеин.
Дадов неколку примери, од кои

Има и други, ако ти треба за поопширно објаснување, пиши ми по приватна порака.
 
Кратко и јасно прашање , ако може? Кој протеин за пристапна цена е најдобар на пазарот кај нас, за брз мускулен раст ( Мислам на фирма и производ) ?

Сите се тука некаде и со цена,и со квалитет..али ете,нека ти одговорат поискусните
 
Ај мала помош. Следнава недела треба да постам 7 дена строг пост без употреба ни на зејтин. Што би можел да јадам повеќе да ги одржам мускулите во овој период?
 
Ај мала помош. Следнава недела треба да постам 7 дена строг пост без употреба ни на зејтин. Што би можел да јадам повеќе да ги одржам мускулите во овој период?

Моја препорака ти е да одмориш и од тренинзи, чим си решил да го држиш овој пост, а за протеинска храна да користиш соја и кикирики (иако полни со здрави масти, содржат и одредена количина на протеини) и ако си во можност да се подновиш со некој ваков или сличен производ.
Но потребата од тaков производ не е голема доколку одмараш, односно не го изложуваш телото на тежински тренинзи.
 
Едно прашање ?

Читав дека со земање на шејкови после будење , пред тренинг после тренинг и пред спиење се добивале доста добри резултати за брзо време (се разибра доколку имаш кеш за толку протеин хихихи)

Не знаев кај да прашам :))
 
Ногу јасно , али не мора да значи дека мора шејкови , може и со храна али да има одприлика 30 грама протеин у тај оброк :D мада поефтино ќе минеш со шејкови :)

Финатата е овоа : после спање важно е да внесеш протеин поради тоа шо телото за време на сонот ( 6-8 саата зависи колку спиеш ) влегува у фаза на катаболизам т.е. разградување, па коа станеш од сабајле важно е да внесеш протеин т.е. аминокиселини за да се продолжи со анаболизам т.е градење.

Пред спање ти препорачувам казеин ( урда , млеко итн ), пошто споро се разградува и се задржува со крвотокот подолг период , нешто што одговара бидејќи за време на сонот не можеш да јадеш нели :)

Пред тренинг е важно бидејќи за време на тренингот мускулот се полни со крв , а повеќе крв значи и поголем внес на аминокиселини во мускулот ( доколку ги внесеш во организамот ) , шо резултира со поголема синтеза на протеин во мускулот.

После тренинг е слично , скинатите мускулни влакна им треба протеин за регенерација и добивање маса , така да тие 4 периоди ти се клучни :)

вака на брзина објаснето :) малку конфузно , ама немам време :)
 
мада поефтино ќе минеш со шејкови :)

Нема да минеш поефтино со шејкови.
250 грама протеин од стек (го има во кило) чини 200денари.
250 грама протеин од шејк чини околу 500 денари.
 
И со јајцата тука негде е, кај мене 10 јајца за 57 денари земам, а во просек ако има по 6гр протеин во јајце, израчунај си колку ке те фати 250гр протеин. Е сега има холестерол нешто повеќе во јајцата тоа е маана, особено во жолчката.
 
Нема да минеш поефтино со шејкови.
250 грама протеин од стек (го има во кило) чини 200денари.
250 грама протеин од шејк чини околу 500 денари.

Уствари да во право си :) ама додај дека само на стек не бива , ем стекот додека да се разложи во желудникот се губи време итн. Додека шејкот одма се апсорбира и транспортира , така да има поголем ефект на подолг период.

@ AceGaleb , па не ја јади жолчката , мада тај холестерол не е опасен :)
 
Нема да минеш поефтино со шејкови.
250 грама протеин од стек (го има во кило) чини 200денари.
250 грама протеин од шејк чини околу 500 денари.

Да те поправа можби ке згрешам ама ко што сум читал во кило стек има 300 крама протеини .
 
Да те поправа можби ке згрешам ама ко што сум читал во кило стек има 300 крама протеини .

Зависи кај го купуваш, дали му трпаат сол па после привлача вода и всушност ти продаваат вода место месо и слични трикови така да варира од 25-40грама протеин / 100грама
 
Да те поправа можби ке згрешам ама ко што сум читал во кило стек има 300 крама протеини .

E2ITs.jpg

--- надополнето: 26 февруари 2012 во 22:06 ---
И со јајцата тука негде е, кај мене 10 јајца за 57 денари земам, а во просек ако има по 6гр протеин во јајце, израчунај си колку ке те фати 250гр протеин. Е сега има холестерол нешто повеќе во јајцата тоа е маана, особено во жолчката.
2 жолчки на ден е 104% од потребната дневна вредност калкулирано по диета од 2000 калории
 
Уствари да во право си :) ама додај дека само на стек не бива , ем стекот додека да се разложи во желудникот се губи време итн. Додека шејкот одма се апсорбира и транспортира , така да има поголем ефект на подолг период.
Во право си, одат плус париза зејтин струја , и не оди само стек да јадеш мора нешто и под заб да се стави со него :D Шејковите се доба алтернатива кога се пази на секоја калорија и кога имаме потреба од брз извор на протеин, но не треба да се замена за вистинската храна.
 
па затоа се викат суплементи ( додатоци ) :)
 
2 жолчки на ден е 104% од потребната дневна вредност калкулирано по диета од 2000 калории

Точно но на крај излегува дека нема врска ова. Холестеролот го произведува и нашето тело секојдневно и се вика ендоген холестерол . Тој е ист со холестеролот од јајцето кој се вика егзоген. Ако го внесеш во организмот самиот организам препознава дека има вишок холестерол и ја намалува продукцијата на сопствен холестерол така да повторно се поставува рамнотежа. Во превод и 2-3 жолтки дневно нема да ви направат никаков проблем, особено затоа што холестеролот за да се налепи на крвните садови тие првин треба да се оштетат (од пушење, недостаток на витамин Ц, слаб внес на протеини и сл) сам по себе холестеролот има само позитивни ефекти.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom