По кој критериум цениме дали еден маж е добар маж или не е?

Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.795
Поени од реакции
8.818
Се е ова прекрасно. Жените сакаат внимателен маж, кој ќе се грижи за нив, па ќе ги сослушува, па ова па она...

Супер.

Дали некој може да ми го објасни феноменот зошто убедливо најголемите говеда од луѓе имаат најголем успех кај жените?
Затоа што жените се мазохисти. И не се научени на ,,добро,, од мажите.
Најчесто очекуваат да ги заебе. А ако не ги заебе очигледно (за да и речат на другарката ,,каков коњ е, знаев од почетокот), тогаш мора да е препаметен и да ги обработува добро, па да не можат да го фатат на дело...
Секако, тука не спаѓа делот каде што тој всушност е добар човек, не се ни очекува тоа.
И второ. Многу од нас, посебно постарите од мене, живееле во малце поинаква структура на семејства, знаеш - тато носи, мама меси, ама и мама нема право на глас. Па иако посакуваат некој кој нема да биде проекција на татко им, сепак, реално бираат таков.

Живееме во свет кој најбрзо се менува, побрзо од било кога до сега. Проблемот е, што жените секогаш ќе бараат некој налик татко им, и мажите некоја налик мајка им. А 2-3 генерации пред нас, драстично се разликуваат од денешните генерации.

Затоа и денешните буквално ,,говеда,, имаат многу повеќе ,,среќа,, од добрите мажи.
Исто како што успешните жени денес, имаат далеку помалку ,,среќа,, од припростите ;)
--- надополнето: 26 февруари 2012 во 02:44 ---
И заборави да кажеш дека мора да е ВМРОВЕЦ :icon_lol:
Не мора. Може и СДС-овец да биде.
Само да не е антиМакедонец, се друго се прифаќа ;)
--- надополнето: 26 февруари 2012 во 02:47 ---
Се фати за тој воен рок како слеп за стап.
Родителите имаат некоја кривица, ама поголемата ја имаат децата нивни.Родителите претерано ги разгалуваат децата и им сервираат све на тацна. Со тоа нивното учи сине да не работиш/се мачиш,ги закопуваат у старт. Коа и денес ми го речат тоа пола саат има расправање . Тоа повеќето го сфатија буквално па така и полуписмените се запишаа на некој бош факултет и очекуваат пари да им се дава додека студираат па кога(ако) дипломираат веднаш да се вработат во администрација и да го прчат.

Инаку вашите критериуми што ги пишувате падаат во вода во денешните примери. Најаката цура во мало, ја шета 25+ кој неговиот дедо има 50 000 пензија, необразован, не работи, пафка,проблеми со полиција, пие, живее со неговите родители. За памет, тоа го нема, пошто се знам со него.
Верувај, најјаката цура во маало, веројатно татко и и го завршил средното. Секој спроти своето - неписмениот, неписмен бара.............
 
Член од
24 јуни 2010
Мислења
206
Поени од реакции
68
Проблемот е што во Македонија се помалку има машки кои го оправдуваат полот и она што треба да претставува епитетот - маж. Расте армијата на несигурни, недефинирани машки примероци, стуткани во удобен кожурец, скоро без никакви амбиции (освен eat-shit-sleep-fuck што и не се категоризира во амбиции секако), со неконзистентни барања од себеси и другите, без никаква перспектива и цел, со 0 самодоверба... Има и од типот на Леон, разгалени богаташки синчиња, кои и натаму ги имаат сите, ако не и повеќе од погоренаброените карактеристики, ама џабе имаат ЕМБГ, немаат идентитет.

Понатаму, мамините синчиња, кои никогаш нема да ја откријат разликата меѓу девојка/сопруга и мајка, што вели една пријателка, што многу ја почитувам ,,смачено ми е да одгледувам нечии туѓи, пораснати деца од по 25+ години,,. Ваков нема свој став и мислење за ништо - главно мото му е ,,ам, како сакаш ти...,, Дали сакаш шток или сокче од боровинка?! Дали сакаш шницла или овошна салата?! НЕ ЗНАМ, ти како ќе одлучиш... И најголема амбиција му е да биде усвоен од некоја доминантна жена, која ќе го камшикува - на сите начини кои ќе си ги замислите...

И кога ваквите бараат потврда од општеството (а скоро и да немаат никакви или сосема минорни улоги во истото) и потврда во кревет (не дај Боже некоја да ги искритикува тука, не ќе се опорави трајно) и кога ќе наидат на отсуство - проблем, првите се претвараат во хејтерчиња, со лит и прекумерно злоуптребен докторхаус, со глазура најнгег сарказам, вторите, во случај за најава на пад на метеор, барај ги под сукња, како гризат нокти...

Дефинитивно фали отсуство на дисциплина, не знам веројатно се направи енормна грешка што се укина редовниот воен рок, понатаму што се форсира метросексуалност (никој нема против негуваност и хигиена, ама повеќето вакви асоцираат на латентни гејови, не дека имам против оние декларираните, ама има и хипокрити ем девојка во јавност, ем дечко во тајност)... Овие хејтериве треба да научат да ја канализираат својата негативност (теретана, фудбал или нека си најдат свои алтерантиви)...

Не дека сите буквално се вакви, ама повеќето се или преминуваат во овие категории. И нити имам феминистички погледи, ни фрустрации на љубовен план, ама мислам дека за општо добро на сите е да се преиспитаат ваквите машки примероци и да се обидат да се променат... Иако, рака на срце и кај женската популација врие од лабилни лиглиња, останувам на ставот дека нормалните, здраворазумски мажи имаат доволна доза на рационалност, која ќе го одржи потребното ниво на баланс во светов.

И на крај, доаѓам до некое дефинирање на тоа што е добар, условно сметано партнер - оној кој е избалансиран емотивно и рационално, со доволно самодоверба и храброст (а храброста не е неминовно отсуство на страв, туку способност за преземање акција и покрај стравот) да се носи со сите предизвици и со почит кон својата партнерка како индивидуална личност, на здрава основа.
Познавам деца израснати и одгледани во таков дисциплински "воен" режим од страна на родители ( воени пензионери ) од тогашните структури на ЈНА/АРМ, полни со комплекси на повозрасни години, така да не ти треба таа воена дисциплина :)
 
Bitcoin

Член од
24 мај 2005
Мислења
5.530
Поени од реакции
13.903
Јас исто така познавам многу деца што во 5 сабајле сеуште не се вратени од журка, па ќе станеле да прает утрински вежби :pos: ..
Значи ова со воениве дисциплини дефинитивно не е потребно.
 
Дрндалче

...никад не запира...
Член од
11 јануари 2009
Мислења
837
Поени од реакции
338
да ја сака својата фамилија, но да не биде ПРЕприврзан со неа (посебно не мамини синови),
да биде културен, фин момак, да знае кога треба да каже нешто а кога да премолчи,
да води сметка околку хигиената (ова е можеби и најбитното) да изгледа средено и да мириса убаво,
да знае да раководи паметно со финансии
и да не изневерува!
P.S. мислам дека се подразбира она: да не се дрогира, пие или се коцка
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.795
Поени од реакции
8.818
Јас исто така познавам многу деца што во 5 сабајле сеуште не се вратени од журка, па ќе станеле да прает утрински вежби :pos: ..
Значи ова со воениве дисциплини дефинитивно не е потребно.
Добро, девојката мислеше на нешто сосема друго него на тоа што вие го сфативте.

Мажите денес не се одговорни, не успеваат од момчиња да станат мажи. И најлесно е за тоа да се обвини ,,финансиската немоќ,,.

Најголемиот проблем на мажите е тоа што од една страна се разгалени мамини синчиња, чекаат се на готово, а од друга страна сакаат да изиграваат газди, ,,види кој сум јас,, е филмот. Одговорноста им е слаба страна, затоа што се навикнати некој да се грижи за нив.
Во војска, ако не станеш на време, ти си виновен, нема мамичка да те правда, ниту да те моли да станеш од кревет и да се домкнеш на масата да појадуваш (појадок што секако не си го направил ти), ниту мамичка ќе те пере, пегла итн.

Мажите се помалку се способни да се грижат за самите себе, и најмногу поради тоа, жените се повеќе ја преземаат нивната улога.

Се повеќе мажите ми личат на беспомошни и наивни суштества, што зависат од некој друг.
И да, личат се повеќе на деца, а се помалку на возрасни луѓе.
 
Автоматизација + компјутеризација = ментална еволуција + физичка деградација. Да се биде во чекор со современото опшество.. Тој процес е не-запирлив. И да, важи за двете страни.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.795
Поени од реакции
8.818
Автоматизација + компјутеризација = опшествена еволуција. Современо опшество? Тој процес е не-запирлив. И да, важи за двете страни.
Се е тоа сосема во ред.
Но не смее на сметка на тоа да се одбива да се ,,порасне,,.
Како тоа општествената еволуција жените не ја протолкуваа како можност за неодговорност и негрижа за другите? Како жените успеаа да еволуираат, да имаат кариера, да имаат семејство, да имаат хоби, итн.. Како таа еволуција обратно влијае кај мажите?

Ова денес е далеку од посакуваната рамноправност. Само мажите едноставно не се заинтересирани во носењето одлуки, затоа што се сметаат самите себе за деца, а не за возрасни. Затоа што не сакаат да се грижат за некој друг, туку некој друг да се грижи за нив. И се додека се тие ,,на сигурно,, партнерката цела куќа да ја претвори во Hello Kitty нема со прст да мрднат. Еволуцијата зар од мажите направи исплашени и немоќни суштества?

Денес поим за мажественост е првиот пост на Мачорка. Иако со огромна иронија, најправилно го долови моментот. Улогата на мажот никогаш не била ,,јас така сакам,, , туку бил ОДГОВОРЕН за целото семејство, вклучително и жената. Денес на стара слава се обидуваат да бидат ,,главата,, , а не се способни да се грижат ниту за самите себе, а не пак за целото семејство.
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Најголемиот проблем на мажите е тоа што од една страна се разгалени мамини синчиња, чекаат се на готово, а од друга страна сакаат да изиграваат газди, ,,види кој сум јас,, е филмот. .
Е фала ти... ова се трудев да го кажам цело време ама ме напнаја со таја војска :D.
 
Bitcoin

Член од
24 мај 2005
Мислења
5.530
Поени од реакции
13.903
Се е тоа сосема во ред.
Но не смее на сметка на тоа да се одбива да се ,,порасне,,.
Како тоа општествената еволуција жените не ја протолкуваа како можност за неодговорност и негрижа за другите? Како жените успеаа да еволуираат, да имаат кариера, да имаат семејство, да имаат хоби, итн.. Како таа еволуција обратно влијае кај мажите?

Ова денес е далеку од посакуваната рамноправност. Само мажите едноставно не се заинтересирани во носењето одлуки, затоа што се сметаат самите себе за деца, а не за возрасни. Затоа што не сакаат да се грижат за некој друг, туку некој друг да се грижи за нив. И се додека се тие ,,на сигурно,, партнерката цела куќа да ја претвори во Hello Kitty нема со прст да мрднат. Еволуцијата зар од мажите направи исплашени и немоќни суштества?

Денес поим за мажественост е првиот пост на Мачорка. Иако со огромна иронија, најправилно го долови моментот. Улогата на мажот никогаш не била ,,јас така сакам,, , туку бил ОДГОВОРЕН за целото семејство, вклучително и жената. Денес на стара слава се обидуваат да бидат ,,главата,, , а не се способни да се грижат ниту за самите себе, а не пак за целото семејство.
Зарем веруваш дека жените сега се исти со жените некогаш? Мислам... Не бира еволуцијата род...
Делумно се согласувам со тебе, и потполно ти ја разбирам суштината.. иако мислам дека носиш заклучок од локални факти (во рамките на нашава држава и нејзините припадници на машкиот род).. Да се зборува глобално е сосема друго.
Плус, да не заборавиме на нашата природна генетика и лимитите кои ја прават разликата маж - жена.
Побрзо созревате, поозбилни сте, почувствителни сте, по посветени во остварување на целите сте, по злобни сте (читај злопамтила)... Тоа едноставно е мајка природа.
 
Познавам јас мажи доста постари од мене. Не е работата локално во државава, или генерациски.
Балканците (и мажи, и жени) си имаат белези на ,,турското,, , и не можеме ние да се споредуваме со Холандија, Белгија или некоја друга земја, каде што никогаш не допрела рака на исламот (и не сакам да продолжиме во ,,религиозна,, насока). Факт е дека си ги имаме тие карактеристики, и прозападното однесување или размислување се смета за неконформистичко, со тоа и неодобрувано. Од друга страна, Балканците се топлокрвни луѓе, и секој што излегол малце подалеку од Балканот, го забележал тоа.

Такви семејни врски, такви меѓучовечки односи, има само овде. Блискоста на семејството е преголема, раздорот е пресилен, нема средина.

Жените секако дека еволуирале (и тоа го напоменав добро), но да бидеме искрени, пред пола век единствено очекувано од жената било да биде домаќинка и ништо повеќе. Денес од жената се очекува да се образува, да работи, да биде домаќинка, да биде добра мајка, и да биде добра сопруга. Со тоа што, најчесто, партнерот не е добар сопруг, може да биде повеќе добро детенце. Не се однесува како сопруг, не презема одговорност, не е заинтересиран - остава се во рацете на жената.
Не затоа што е ,,папучар,, , туку затоа што не му одговара да биде одговорен за себе и другите, полесно му е да биде дете, отколку родител.

Тука, не расправаме генетика, и кој кога созрева. Сигурно не зборувам како во 8мо одд. додека јас го учев Бајрон на памет, симпатијата мој блееше во монитор и тоа му беше врвно доживување.
Зборувам за повозрасни луѓе, нека бидат меѓу 25-35 годишна возраст.
Не е жалосно тоа што живеат со родителите (да речеме немаат финансии), но жалосно е што во тој дом не придонесуваат никако, сеуште се деца. Немаат сопствен стан - ОК, нека фатат косилка, правосмукалка, нека спржат некое јајце.... јок, мама го прави тоа.
 
Bitcoin

Член од
24 мај 2005
Мислења
5.530
Поени од реакции
13.903
Сеа ми звучиш како да му се обраќаш на дечкоти не мене :pos:
Тој легнат на ТВ гледа Милан - Јувентус, ти му се дериш да пушти Златна бубамара додека ја чистиш дневната со правосмукалка.. и ко ќе видиш што ќе видиш. Кајганата се препржила! :pos:

Шала на страна (ако е шала:D)..
ЗНАЧИ апсолутно се согласувам со поентата на твојот пост, би ја кренал малку таа долната граница од 25 на 30.. и се е во ред.
Тие белезите од Турското умреа, ама никој не го виде погребот.
Сакам да кажам, средината што го опкружува денешниот маж (Македонец) е некој вид транзиција и тоа од сите аспекти.
Луѓето порано знаеле дека е комунизам. Ние денес гравитираме кон капитализмот, а тој веќе умрел на Запад.
Не политизирам, туку навлегвам длабоко во проблемот.. Значи ским си такав си.
Ние сме некоја генерација од типот "учи синко за да имаш да си директор"
Гледаш да свртиш некој динар, да однесиш дома кај жената за да ги наполни таа шопинг-батериите и да не замара со домаќински работи.
Гледаш да си газда, зошто страм било да си обичен работник..
Гледаш да се пикниш во политика и да лапниш некој динар со лежење...
Итн итн итн итн.. Тоа е тој актуелен менталитет во нашава држава. Најголема причина? Преселбата село - град.
Демек ние ево живееме во модерно ошество, гледаме холивуд и царој сме.. (притоа заборавајќи да се спуштат на земја)
И како што самата рече.. Близината на исламот се осеќа во воздухот.. Тешка нерамноправност без никаков позитивен ефект.

И за крај, да се разбериме... ИМА ИСКЛУЧОЦИ. (јас не сум еден од нив:D)
 
Дечко ми е се обратно од типичното, освен што е рисјанин (не дека знае зошто е, оти така се сите околу него). Инаку, I must have been born under a lucky star :love:
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.321
Po ovoj kriterium , da odolees na 20 kurvi mislejki deka taa edna sto ja imas e prava, a ustvari bila polosa kurva od ostanatite 20.
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
2.746
Поени од реакции
1.288
војската му е мајката - правилен маж е онај кој ќе ти го смети дворот со “вештерка“,отпушоците ќе ги бери во кантиче,ќе знае да ти ископа ПП појас,ќе нема против ако има грав секој ден за ручек,ќе го коцка креветот секое сабајле,ќе си легнува секоја вечер во 22 часот..........
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
431
Поени од реакции
934
Што се се фатиле за воениот рок толку?
Пола од вас кога се укинал воениот рок имале 16 години и појма си немаат каков ефект (ако воопшто има некаков) тоа имало, а другата половина и кога постоел тој задолжителен воен рок сте наоѓале причина да серете дека машките се вакви или онакви.
Ама ајде доколку играте на таа карта, тогаш секогаш постои другата страна. А таа е дека, ех многу беше подобро кога жените имаа помали плати, местото им беше во кујна и се однесуваа како вистински жени кои знаеа својот маж/дечко/љубовник да го направат да се почуствува како вистински маж а не како лев мрсул собран од улица.

А сега малку на темата машката самостојност, тоест живеење со своите родители и слично.
Цуциња мој драги да ви кажам нешто. Многу е лесно да зборувате на тема за која вие лично како различен род не чуствувате никаков културолошко, социјален, и психолошки притисок. Затоа што и покрај вашата наводна еманципација со погоре истакнатите елементи за добивање поголеми права и слични куротресачки активности, сепак успеавте да си ги задржите (привремено) благодетите што постојат со статусот жена (генетика ви дала пизда-јак аргумент).
Од вас реално се очекува да бидете мирни, фини и воспитани - ништо повеќе ништо помалку. Никој не ве тера да се чуствувате мизерно затоа што немате сопсвен стан или работа или автомобил и слично, баш напротив ве охрабруваат дека еден ден ќе се омажите и ќе си живеете спокојно кај вашиот маж и слично. Но доколку тоа не се случи, и си останете дома со вашите како стара мома никој нема да се осуди да ви пререче за тоа (ве молам воздржете се од нарцисоидни индивидуални примери затоа што се ужасно дебилни и брутално паетични).
Кај нас ситуацијата е друга. Ете дури и вие кои што нит ме знаете мене нит 99% од машките форумџии се осудувате да кењате на зашата наводна неспосбност не угледувајќи дека делувате како навиени 50 годишни климактерични жени со IQ помал од мојот точак. Веќе ако се осудувате да давате некакви обвивенија баре гледајте да бидат подржани со некакви факти, да имаат своја основа и тежина, да се земат потребните параметри при такви пресметки.
Земете во предвид колку е денеска лесно или тешко прво да се најде барем пристојно платена работа, после колку е тешко да се задржи таа работа, после колку е тешко да се напредува во таа работа, после колку е тешко таа работа да носи повеќе пари од платата на девојка ми/жена ми (поаѓајки од вечната женска филозофија неговата плата е наша а мојата е само моја). Тој со тие 20 000 или еве нека бидат 30 000 (ова потешко) треба да живее под кирија, да се прехрани, да се облече, да ги плати сите сметки, да има барем еднаш до два пати во месецот да излезе на пиво со пријателите и на крај да има за да ве удоми вас - и како бонус да има барем 10 годишен план кој вклучува купување на стан...но вие мора да имате за апсолутно сите ваши потреби :) - мало морген

За да не испадне дека ја пишувам војна и мир тука ќе завршам со едно мислење кое што го влечам веќе 10-12 години.
Вие самите сте виновни за тоа какви се машките денеска :)
Се почна од појавата на нека му е лесна земја Тоше Проевски кога преку ноќ поважно стана да има убава фризура и убав џемпер одколку неговата способност да донесе пари дома и да пресече, кога стана поважно да биде нежен, фин, внимателен и романтичен одколку дали може од твојот син да направи достоинствен маж а не латентна пичкица која што повеќе време поминува пред огледало од вашата ќерка.
Па после ви станаа модерни вратари, тепачи. обезбедување типови, па после тоа хипстери ит итн итн....кругот нема крај.
Факт е дека машките сакаат да им удоволат на своите девојки и жени, но машките во Македонија се пример што се случува на тоа поле кога моите драги сограѓанки и јаки патриотки не знаат што сакаат, мислењето го менуваат како каналите на теве и на крај уште се лутат зошто го немаат тоа што ни самите не знаат што е?

Малку константност ќе ве однесе далеку, а до тогаш сркајте се ги метросекусалците и битангите кои сами си ги одраснавте :)
Ајде да зборуваме малку околу притисоците (психолошко-кулутуролошко-социјални) :), оние наметнатите од страна (потесен и поширок семејно-пријателски круг) и самонаметнатите . Прво, грешиш во 2 наврати - мислејќи дека сите ние од спротивниот пол сме целосно несвесвни и слепи за притисокот на кој сте вие изложени, друго - занемаруваш битна одлика - постои притисок чиј таргет сме ние... Точно е дека ,,вредноста,, на машкото се цени низ професионалното реализирање и во наши, македонски услови често нема соодветен фидбек на оствареност во однос на неговиот реален капацитет и позицијата која ја поседува или пак воопшто не ја поседува. Наивно е да мислите дека сме несвесни за истово. Сепак, не сме и ние имуни на ,,очекувањата,, од нас, ни па животот ни е претворен во неподнослива леснотија на постоењето... Исто како што секој од вас во позиција на референтче, ако не се спротистави на полуписменото шефче, па нема да напредува никогаш, ќе биде преќутно или отворено сметан за губитник од својот татко, брат, стрико, другари и сл. така било која од нас, ако има неуспешна врска или не дај Боже остане немажена е исто сметана за ,,врвен неуспех и разочарување,, од мајката, тетките, другарките со ,,поголема среќа во љубовта,, сосетките итн. Значи, сликата е иста - и ние и вие сме предмет на валоризирање и оценување, се разликува само рамката - критериумот од кој се тргнува.

И за да биде иронијата поголема - еманципацијата стапува на сцена. До 19 век во поцивилизираните земји било модерно идната невеста да знае да свири на по некој инструмент, да слика или рецитира стихови и најглавното - да плете... Денес навидум сме многу напредни, имаме високообразован кадар во нашите редови, кариеристки со ласкави приходи, ама доколку е сама (бидејќи раскинала со дечкото, кој ја изе*ал нејзината најдобра другарка) таа пак е ,,за греота,, или ,,така и и‘ требаше, надмена една,, ,,ааа, сигурно пребира премногу,,... И како надополнување вметни ги тука сите мачни и болни ,,придобивки,, на полот - циклуси (па и психолошкиот притисок тука, како ,,неговото височество,, ќе одреагира на веста дека и‘ доцни...), депилации, хигиеничарење во просторот -домашен и професионален и други тракатанци и НЕМОЈ повторно да се дрзне некој да смета како нашата позиција е лесна и сме способни само за трепкање со очињата и срамежливи насмевки, бидејќи тоа е се‘ што од нас се очекува, референца - финоЌата и вАспитанието кое го имаш споменато...И вие нас ни пресудивте непознавајќи не во добри 99% ;), па дури и ај-кју помало од точак ни влепивте... Инаку да, интересен ми е моментот кога сум предмет на вакви и слични проценки, реални или виртуелни, на машки од кои поголемиот дел јасно ми е колку се ,,тешки,, ама најчесто ќе да е во кг. нивната единствена предност.

Околу ,,фактографската,, распределба на платите и буџетите семејни, повторно, има големи отстапки од реалната слика. Низ најголемиот дел градови, единствено што работи се текстилните фабричиња и сопругите се често единствените со приходи во семејството... И во случаеви на вработеност на двајцата - развратно потрошувачки ориентираната македонска жена, е повеќе мит, отколку стварност... Постои и друг вид на премерување, меѓу припадничките на нашиов пол и тука сите сме многу вешти - со рендген поглед одредуваш капут од пред 4 год. чизми од пред 3 год. фејк Луј Витон ташна, лошо испеглана фризура во домашни услови, всушност - соу ласт сизн(с) аутфит, внимание - за вас девојката изгледа дури фенси и модерно, ама ние ја ,,читаме,, нејзината оскудација и шопинг апстинација непогрешливо... За оној мал процент исклучоци, припадници на високата класа, ова секако не се однесува.

Сега, околу бирањето на тепачи и секјурити персонал и урбани или рурални орангутани - ова е повеќе изразен тренд кај шестнаесетгодишните девојчиња, ако и после декада врши ист избор, не би да ја амортизирам ни тастатурава непотребно коментирајќи ја :D...

И се изначитав како не знаеме што сакаме. Дали?! Всушност многу едноставно е - сигурност и стабилност. Кога ќе сме во брак петти месец и бременост во девети, да знаеме дека ќе сте тука, а не којзнае каде по ѓаволите... И кога од вас очекуваме храброст, не мислиме не тоа да сте во состојба да го искршите од ќотек цело маало, туку да сте присутни и во делот - и во зло(од заклетвата)... Доколку сме сигурни во ова ќе дојдеме во вашата семејна куќа, да делиме покрив со уште 13 души иако избраникот на нашето срце е и веројатно ќе остане засекогаш дистрибутер на леб и бели пецива... И гарантирам дека огромен дел од оние кариеристки, ако треба да направат жртва би ја напуштиле работата, за да не трпи семејството, не бидејќи сакаат да одат по линија на помал отпор, паразитирајќи на вашиот грб и не радо, ама бидејќи знаат дека емотивната реализација е приоритет и најголема среќа за една жена. И за крај - сите сте се нашле во оние ситуации кога таа ја споделува со вас нејзината тага, дури и премногу зборувајќи често, а вие немоќно ја гледате како шарена врата или нудите ,,инстант неприменливи сугестии,, колку нешто да се рече, па ја иритирате се‘ повеќе. Само прегрнете ја. Тоа е доволно и се‘ што и‘ треба...

Мислам дека доловив кој е вистинскиот херој во наши очи, без разлика дали е пекар, месар, хирург, адвокат, автомеханичар, физиотерапевт, атеист или религиозен фанатик...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom