Па се знае што е добар маж...Да знае да улови мамут или дива свиња за ручек, истата да ја заколи и одере и да ми направи фустан од кожата, да џвака тутун и да може да испие литро ракија во секое време за да не ме брука коа ќе отидеме на слава кај баџанакот, да се разбира у пролетно орање, да знае да смени ребраст каиш...
Пожелно би било во недела цел ден да ја чепка колата и повремено да турира, или да лока во некоја биртија со пајташите...Тоа е прав маж бе, а не, глеам некои мажулиња у недела се шетаат со децата у парк...Ми се повраќа од таквите...
А да, отслужен воен рок is a must! Ја сериозно не знам како да планирам иднина со некој што не знае да вози тенк!
Иначе, ја лично најмногу сакам мажи шо не пребираат многу и би легнале и мртва мачка, а секој што ја има легнато Џемо од Ново Лисиче добива екстра поени кај мене.
Е сеа глеам некои девојки бараат мажот да бил паметен или па духовит, не знам што ќе ми е таков, да не ќе го носам по квизови или на општински натпревари по математика..
Некои па идат уште подалеку и бараат да бил толерантен, па да ги почитувал, да помагал по дома, да бил добар татко, бла бла.. Како не бе, ми спотребал папучар, цело село да ми се смее...Се знае што е маж бе, да подвикне, да лупне со бокс по маса, па ако треба и ќе удри, маж е...