По кој критериум цениме дали еден маж е добар маж или не е?

Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Чекај сеа, рече од искуство, сега викаш не, а после во минатото... типично женско, неодлучно :D
Не се разбираме, значи тоа што го зборев конкретно за законите на опозицијата и позицијата:pos:е вистина ама тоа не го прави мојот дечко лош- не ми рчкај таму или готов си :P.
Ти кажав дека попуштам ради мир у куќа - компромис.

Значи се што кажав се работи што ми сметаат, кога не би било така би било уште поубаво ама тоа не значи дека тврдокорно инсистирам на тоа, сепак идеали не постојат.

И ајде утре ќе продолжиме, сега морам да излагам.
 
Член од
15 февруари 2012
Мислења
52
Поени од реакции
142
Па се знае што е добар маж...Да знае да улови мамут или дива свиња за ручек, истата да ја заколи и одере и да ми направи фустан од кожата, да џвака тутун и да може да испие литро ракија во секое време за да не ме брука коа ќе отидеме на слава кај баџанакот, да се разбира у пролетно орање, да знае да смени ребраст каиш...
Пожелно би било во недела цел ден да ја чепка колата и повремено да турира, или да лока во некоја биртија со пајташите...Тоа е прав маж бе, а не, глеам некои мажулиња у недела се шетаат со децата у парк...Ми се повраќа од таквите...

А да, отслужен воен рок is a must! Ја сериозно не знам како да планирам иднина со некој што не знае да вози тенк!

Иначе, ја лично најмногу сакам мажи шо не пребираат многу и би легнале и мртва мачка, а секој што ја има легнато Џемо од Ново Лисиче добива екстра поени кај мене.

Е сеа глеам некои девојки бараат мажот да бил паметен или па духовит, не знам што ќе ми е таков, да не ќе го носам по квизови или на општински натпревари по математика..
Некои па идат уште подалеку и бараат да бил толерантен, па да ги почитувал, да помагал по дома, да бил добар татко, бла бла.. Како не бе, ми спотребал папучар, цело село да ми се смее...Се знае што е маж бе, да подвикне, да лупне со бокс по маса, па ако треба и ќе удри, маж е...
Е браво Мачорка,како ме најде,ме погоди токму јас сум таков:pos: прав маж како што посакуваш ти ,,Мачорот Марко,, плус сум пукал со тенк Т55 во конфликтот 2001 ко сум закачил едно бачило за малку ќе насрадаше и овчарот Џемаили:vozbud:
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.321
Kriteriumite gi postavuva duhot na vremeto, dovolno kazuva deka ne sme slobodni faktot sto ne sme zatucani kako nasite pra pra babi i dedovci, denes kriteriumite se ona sto covek go ima ne vo sebe kako licnost tuku ona sto go ima kako materijalni stvari, statusni simboli, prestiz i sl. ottamu sekoj maz so retki isklucoci se vrednuva spored tie nametnati kriteriumi na vrednuvanje. Za uteha, ne e do nas, nisto ne ni fali, ni nedostasuvaat samo statusnite simboli koe ova vreme spored takvi kriteriumi ne vrednuva. najposle sto ni e griza sto sakaat drugite.
 
L

Ligeia

Гостин
Клеветата дека мажињата денес се претвориле во дефанзивни апологетици и лигуши, по се изгледа држи вода.
На темата која беше инспирација за оваа, партали летаа од секое мажуле кое тргна во напад против модерните трендови на "разулавениве женишта". На оваа тема, пак партали летаат од секое маже кое ќе се осмели да писне. Подфорумов е пример за разјарен Clit power-trip.
Заеби. Буанко е куив.
Грешка си друже...се клеветат на големо и оние силните,витешки мачо-типови.А кога ќе ја здогледаат Дулчинеја абе да ти не знаат дали се на земја или на небо,се буди во нив желбата да ја спасат од големиот лош свет.Море пишуваат поезија па и носат цвеќиња,дремат под балкони со јазиците до земја и со раштимани жици на гитара.Не можеш главата од облаци да им ја извадиш а момата се смешка и се црвенее топејќи се од убавина,од убаво поубаво за мерак,абе љубов голема....fast forward...по 10 години...на Дулчинеја не и е дојдено веќе ни до поезија ни до цвеќиња затоа што главата не знае каде и е затоа што работи во државна администрација или уште поарно приватно по 16 саата на ден,без сабота и недела,децата плачат дома сакам воа сакам ноа....а Дон Кихот се опива како магаре во кафана и сеуште е со главата во облаци,подработува малкичко,колку да се рече и во меѓувреме има 3 швалерки од која 1 кафанска певајка која има настап во околните села а неговата поезија е веќе социјална,незрела патетика.
Хитна превенција:
1.Kога ќе ти напише два-три стиха со потпис ''Вечно твој'' веднаш му се смееш во фаца за да те свати посериозно и да види дека има работа со жена а не со девојче од 14 години и дека не може да те матка само со убави зборови-треба и дела.
2.Кога ќе ти донесе буќет,се заблагодаруваш и го фрлаш веднаш во ќош за да не си ги качи акциите и да помисли дека ќе му дадеш само затоа што ти донел буќет-треба да те освои со доверба а не со подароци.
3.Не е на одмет да го исмеваш и понижуваш во она што го работи-секогаш споредувај го со некој поуспешен од него-ќе се изиритира и сам ќе си ја скрши гранката на која седи и ќе си легне на брашното дека треба да биде одговорен и кон семејството и кон тебе.Иритација-допинг за амбициозност.
4.Се препорачува при сексуален однос да се гази мажот со штикла (по можност салонка) не само да има модрици по грбот туку и по егото.Да се знае која му е газдарица и кој го држи крајот на ланецот пред другите женишта да го намирисаат.
5.Ако ти се буричка во работата,ти звони додека пиеш кафе,те замара го праќаш како абдал да пазарува во маркет а ако донесе погрешни намирници го прекршуваш од ќотек со сукало а после му ја правиш омилената торта.Тоа е чиста психологија и трудот треба да се цени.

Raziel...мислам дека ти најдобро ќе ме разбереш за што зборувам бидејќи сме истомисленици во врска со постапувањето кон партнерот.:D
 
Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475
Жена ти је да је грабнеш и бегаш а дрога а цигари а жена исто је.ајде темава ја направивте турска чаршија.
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.779
Поени од реакции
8.235
Малеее, габаритен пост.
Евааа.

Грешка си друже...се клеветат на големо и оние силните,витешки мачо-типови.А кога ќе ја здогледаат Дулчинеја абе да ти не знаат дали се на земја или на небо,се буди во нив желбата да ја спасат од големиот лош свет.Море пишуваат поезија па и носат цвеќиња,дремат под балкони со јазиците до земја и со раштимани жици на гитара.Не можеш главата од облаци да им ја извадиш а момата се смешка и се црвенее топејќи се од убавина,од убаво поубаво за мерак,абе љубов голема....fast forward...по 10 години...на Дулчинеја не и е дојдено веќе ни до поезија ни до цвеќиња затоа што главата не знае каде и е затоа што работи во државна администрација или уште поарно приватно по 16 саата на ден,без сабота и недела,децата плачат дома сакам воа сакам ноа....а Дон Кихот се опива како магаре во кафана и сеуште е со главата во облаци,подработува малкичко,колку да се рече и во меѓувреме има 3 швалерки од која 1 кафанска певајка која има настап во околните села а неговата поезија е веќе социјална,незрела патетика.
Хитна превенција:
1.Kога ќе ти напише два-три стиха со потпис ''Вечно твој'' веднаш му се смееш во фаца за да те свати посериозно и да види дека има работа со жена а не со девојче од 14 години и дека не може да те матка само со убави зборови-треба и дела.
Болдот ти е катастрофален превид. Ја од време имам проблем во спојување на мачо-идеологијата со таа витешката. Витез, драг мој Сукубусе, ти е многу поларизиран батка. Лицемер. Од една страна коле муслимани и кани разноразни ликови на дуел до смрт, а од друга страна расфрла парфимирани лепешки, било вокални, било пишани, на неговата...ајде нека биде Дулчинеја.
Значи, се согласуваме дека витез не е мачо тип. Мачо тип е баш оној кој ти го опишав и кој беше инспирација за твојов пост.
Е, ја сум таков.
Но, за да не помислиш дека ние мачо типовите не сме сестрани личности, би сакал да ставам акцент на репетицијата во твојот пост, во однос на неспособноста на мачо типот, прогресивно и темпорално-необременето да пишува квалитетна поезија која би ја воодушевила секоја жена, па дури и тебе, драг Сукубусе.
За таа прилика, јас решив на лице место да ти напишам една монументална поетска река од совршенство за да ти ја докажам гореспоменатата сестраност.

Ode to thy Clit

Lo! My heart be a darken'd pit,
a sorrowed wreckage of thy merciless wit,
of thy beauty that deemed me utterly unfit,
to gain blessed entrance, into thy clit.

Forsaken i may be, but shall forever sit,
in waiting for thy hallowed heart to be lit,
for even though i chewed more than i could bit,
as the turkishman did in Constantinople,
and the Romans did in the jewel of Carthage,
i shall
i shall
i shall gain entrance into thy clit.

Падна на газ, нели? Мислеше нема такви веќе, сестрани момци?
Знам. Епа, сега виде и да знаеш за понатаму.

2.Кога ќе ти донесе буќет,се заблагодаруваш и го фрлаш веднаш во ќош за да не си ги качи акциите и да помисли дека ќе му дадеш само затоа што ти донел буќет-треба да те освои со доверба а не со подароци.
3.Не е на одмет да го исмеваш и понижуваш во она што го работи-секогаш споредувај го со некој поуспешен од него-ќе се изиритира и сам ќе си ја скрши гранката на која седи и ќе си легне на брашното дека треба да биде одговорен и кон семејството и кон тебе.Иритација-допинг за амбициозност.
4.Се препорачува при сексуален однос да се гази мажот со штикла (по можност салонка) не само да има модрици по грбот туку и по егото.Да се знае која му е газдарица и кој го држи крајот на ланецот пред другите женишта да го намирисаат.
5.Ако ти се буричка во работата,ти звони додека пиеш кафе,те замара го праќаш како абдал да пазарува во маркет а ако донесе погрешни намирници го прекршуваш од ќотек со сукало а после му ја правиш омилената торта.Тоа е чиста психологија и трудот треба да се цени.

Raziel...мислам дека ти најдобро ќе ме разбереш за што зборувам бидејќи сме истомисленици во врска со постапувањето кон партнерот.:D
Се убаво, ама провидно е дека ова си го видела во порнич, Сукубусе. Се гледа по несмасно наведените примери и по фактот дека си жена и не ве бива за вакви работи.
Освен тоа, сакам да упатам апел до сите жени малку да бидат разумни пред да применат вакви мерки.
Кога се раѓа машко дете, родителите на тој ден слават. Имале-немале, ако треба и кредит ќе земат, но куќата е обавезно полна. Се пие, се игра оро, луѓе се веселат и се радуваат. Прво-па машко. Или второ-и бидна машко. Трето-и конечно машко.
Ти, драг сукубусе, сакаш да примениш вакви мерки на човек чиешто раѓање било празник, за разлика од твоето. Тебе ќе те шитнат на некојси таму, ама машко дете е спас за семејството. Ова постов ти е само изблик на љубомора, оти ти не си ја имала мојата среќа. Затоа и не ти замерувам.
На ниту една од вас на форумов, гласни и разулавени женишта, не ви замерувам.
Напротив. :D
 
Vespertine

The Ugly Duckling
Член од
22 септември 2009
Мислења
2.932
Поени од реакции
3.387
@Ligeia ...Mи се свиѓа делот - газење со штикла.
 
L

Ligeia

Гостин
Малеее, габаритен пост.
Евааа.

Болдот ти е катастрофален превид. Ја од време имам проблем во спојување на мачо-идеологијата со таа витешката. Витез, драг мој Сукубусе, ти е многу поларизиран батка. Лицемер. Од една страна коле муслимани и кани разноразни ликови на дуел до смрт, а од друга страна расфрла парфимирани лепешки, било вокални, било пишани, на неговата...ајде нека биде Дулчинеја.
Значи, се согласуваме дека витез не е мачо тип. Мачо тип е баш оној кој ти го опишав и кој беше инспирација за твојов пост.
Е, ја сум таков.
Но, за да не помислиш дека ние мачо типовите не сме сестрани личности, би сакал да ставам акцент на репетицијата во твојот пост, во однос на неспособноста на мачо типот, прогресивно и темпорално-необременето да пишува квалитетна поезија која би ја воодушевила секоја жена, па дури и тебе, драг Сукубусе.
За таа прилика, јас решив на лице место да ти напишам една монументална поетска река од совршенство за да ти ја докажам гореспоменатата сестраност.

Ode to thy Clit

Lo! My heart be a darken'd pit,
a sorrowed wreckage of thy merciless wit,
of thy beauty that deemed me utterly unfit,
to gain blessed entrance, into thy clit.

Forsaken i may be, but shall forever sit,
in waiting for thy hallowed heart to be lit,
for even though i chewed more than i could bit,
as the turkishman did in Constantinople,
and the Romans did in the jewel of Carthage,
i shall
i shall
i shall gain entrance into thy clit.

Падна на газ, нели? Мислеше нема такви веќе, сестрани момци?
Знам. Епа, сега виде и да знаеш за понатаму.

Се убаво, ама провидно е дека ова си го видела во порнич, Сукубусе. Се гледа по несмасно наведените примери и по фактот дека си жена и не ве бива за вакви работи.
Освен тоа, сакам да упатам апел до сите жени малку да бидат разумни пред да применат вакви мерки.
Кога се раѓа машко дете, родителите на тој ден слават. Имале-немале, ако треба и кредит ќе земат, но куќата е обавезно полна. Се пие, се игра оро, луѓе се веселат и се радуваат. Прво-па машко. Или второ-и бидна машко. Трето-и конечно машко.
Ти, драг сукубусе, сакаш да примениш вакви мерки на човек чиешто раѓање било празник, за разлика од твоето. Тебе ќе те шитнат на некојси таму, ама машко дете е спас за семејството. Ова постов ти е само изблик на љубомора, оти ти не си ја имала мојата среќа. Затоа и не ти замерувам.
На ниту една од вас на форумов, гласни и разулавени женишта, не ви замерувам.
Напротив. :D
Леле леле Raziele...насетував ваков одговор ама ај...:DСериозно ме свати до срж иако ова беше само паралела на твојот пост од претходната тема.Полека малку,јас не сум таква во реалноста ниту ќе бидам...гледаш каква реакција иницира кај тебе ваквиот став?Дури и обична зафркантска провокација?Истото го имаш и ќе го добиеш и од наша страна со ставот кој го завзема од претходната тема...тоа ти е одбрамбен механизам.
п.с не ми замерувај на грешките кога пишувам на несериозни теми воопшто не се замарам со правопис и граматика.(y)
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Не знам што да ти кажам Ставрогин, моите критериуми се јасни...Евентуално ако знаеш да запалиш оган со кремен, само тоа може да те извади...
Не знам, ама знам да ја испеам Light my fire, цела.
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.779
Поени од реакции
8.235
кога пишувам на несериозни теми воопшто не се замарам со правопис и граматика.(y)
Ниту јас се замарам со вкус и ниво во комуникацијата.
Ова се ЧДА теми. Заслужуваат таков третман. :)
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.795
Поени од реакции
8.818
Да биде оптимист, либерален, образован, да сака литература, да не гледа фудбал, да не уплаќа спортска.
Авантурист, добра смисла за хумор, и да не биде посесивен.

И по можност - Водолија во хороскоп :)
 
Член од
31 јануари 2012
Мислења
12
Поени од реакции
3

Boldiranovo ako go mislis seriozno mi doaga da zaplacam ako se salis togas se e ok:)
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.795
Поени од реакции
8.818
Boldiranovo ako go mislis seriozno mi doaga da zaplacam ako se salis togas se e ok:)
Не се шалам.
Од искуство, најинтересните партнери ми биле Водолии ;)
--- надополнето: 26 февруари 2012 во 02:36 ---
ма у реду е(y)
го сфатив твојот одговор на оваа тема кој е.... битно ти е партнерот само добро да те работи.
значи и да е принцот на белиот коњ ако не те работи добро џабе му е, рајт?
Ако принцот не работи како што треба, џабе му е и Бон Џови лично да биде.
 
Член од
21 август 2011
Мислења
5.064
Поени од реакции
5.665
Да биде оптимист, либерален, образован, да сака литература, да не гледа фудбал, да не уплаќа спортска.
Авантурист, добра смисла за хумор, и да не биде посесивен.

И по можност - Водолија во хороскоп :)
И заборави да кажеш дека мора да е ВМРОВЕЦ :icon_lol:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom