Што се се фатиле за воениот рок толку?
Пола од вас кога се укинал воениот рок имале 16 години и појма си немаат каков ефект (ако воопшто има некаков) тоа имало, а другата половина и кога постоел тој задолжителен воен рок сте наоѓале причина да серете дека машките се вакви или онакви.
Ама ајде доколку играте на таа карта, тогаш секогаш постои другата страна. А таа е дека, ех многу беше подобро кога жените имаа помали плати, местото им беше во кујна и се однесуваа како вистински жени кои знаеа својот маж/дечко/љубовник да го направат да се почуствува како вистински маж а не како лев мрсул собран од улица.
А сега малку на темата машката самостојност, тоест живеење со своите родители и слично.
Цуциња мој драги да ви кажам нешто. Многу е лесно да зборувате на тема за која вие лично како различен род не чуствувате никаков културолошко, социјален, и психолошки притисок. Затоа што и покрај вашата наводна еманципација со погоре истакнатите елементи за добивање поголеми права и слични куротресачки активности, сепак успеавте да си ги задржите (привремено) благодетите што постојат со статусот жена (генетика ви дала пизда-јак аргумент).
Од вас реално се очекува да бидете мирни, фини и воспитани - ништо повеќе ништо помалку. Никој не ве тера да се чуствувате мизерно затоа што немате сопсвен стан или работа или автомобил и слично, баш напротив ве охрабруваат дека еден ден ќе се омажите и ќе си живеете спокојно кај вашиот маж и слично. Но доколку тоа не се случи, и си останете дома со вашите како стара мома никој нема да се осуди да ви пререче за тоа (ве молам воздржете се од нарцисоидни индивидуални примери затоа што се ужасно дебилни и брутално паетични).
Кај нас ситуацијата е друга. Ете дури и вие кои што нит ме знаете мене нит 99% од машките форумџии се осудувате да кењате на зашата наводна неспосбност не угледувајќи дека делувате како навиени 50 годишни климактерични жени со IQ помал од мојот точак. Веќе ако се осудувате да давате некакви обвивенија баре гледајте да бидат подржани со некакви факти, да имаат своја основа и тежина, да се земат потребните параметри при такви пресметки.
Земете во предвид колку е денеска лесно или тешко прво да се најде барем пристојно платена работа, после колку е тешко да се задржи таа работа, после колку е тешко да се напредува во таа работа, после колку е тешко таа работа да носи повеќе пари од платата на девојка ми/жена ми (поаѓајки од вечната женска филозофија неговата плата е наша а мојата е само моја). Тој со тие 20 000 или еве нека бидат 30 000 (ова потешко) треба да живее под кирија, да се прехрани, да се облече, да ги плати сите сметки, да има барем еднаш до два пати во месецот да излезе на пиво со пријателите и на крај да има за да ве удоми вас - и како бонус да има барем 10 годишен план кој вклучува купување на стан...но вие мора да имате за апсолутно сите ваши потреби
- мало морген
За да не испадне дека ја пишувам војна и мир тука ќе завршам со едно мислење кое што го влечам веќе 10-12 години.
Вие самите сте виновни за тоа какви се машките денеска
Се почна од појавата на нека му е лесна земја Тоше Проевски кога преку ноќ поважно стана да има убава фризура и убав џемпер одколку неговата способност да донесе пари дома и да пресече, кога стана поважно да биде нежен, фин, внимателен и романтичен одколку дали може од твојот син да направи достоинствен маж а не латентна пичкица која што повеќе време поминува пред огледало од вашата ќерка.
Па после ви станаа модерни вратари, тепачи. обезбедување типови, па после тоа хипстери ит итн итн....кругот нема крај.
Факт е дека машките сакаат да им удоволат на своите девојки и жени, но машките во Македонија се пример што се случува на тоа поле кога моите драги сограѓанки и јаки патриотки не знаат што сакаат, мислењето го менуваат како каналите на теве и на крај уште се лутат зошто го немаат тоа што ни самите не знаат што е?
Малку константност ќе ве однесе далеку, а до тогаш сркајте се ги метросекусалците и битангите кои сами си ги одраснавте
Ајде да зборуваме малку околу притисоците (психолошко-кулутуролошко-социјални)
, оние наметнатите од страна (потесен и поширок семејно-пријателски круг) и самонаметнатите . Прво, грешиш во 2 наврати - мислејќи дека сите ние од спротивниот пол сме целосно несвесвни и слепи за притисокот на кој сте вие изложени, друго - занемаруваш битна одлика - постои притисок чиј таргет сме ние... Точно е дека ,,вредноста,, на машкото се цени низ професионалното реализирање и во наши, македонски услови често нема соодветен фидбек на оствареност во однос на неговиот реален капацитет и позицијата која ја поседува или пак воопшто не ја поседува. Наивно е да мислите дека сме несвесни за истово. Сепак, не сме и ние имуни на ,,очекувањата,, од нас, ни па животот ни е претворен во неподнослива леснотија на постоењето... Исто како што секој од вас во позиција на референтче, ако не се спротистави на полуписменото шефче, па нема да напредува никогаш, ќе биде преќутно или отворено сметан за губитник од својот татко, брат, стрико, другари и сл. така било која од нас, ако има неуспешна врска или не дај Боже остане немажена е исто сметана за ,,врвен неуспех и разочарување,, од мајката, тетките, другарките со ,,поголема среќа во љубовта,, сосетките итн. Значи, сликата е иста - и ние и вие сме предмет на валоризирање и оценување, се разликува само рамката - критериумот од кој се тргнува.
И за да биде иронијата поголема - еманципацијата стапува на сцена. До 19 век во поцивилизираните земји било модерно идната невеста да знае да свири на по некој инструмент, да слика или рецитира стихови и најглавното - да плете... Денес навидум сме многу напредни, имаме високообразован кадар во нашите редови, кариеристки со ласкави приходи, ама доколку е сама (бидејќи раскинала со дечкото, кој ја изе*ал нејзината најдобра другарка) таа пак е ,,за греота,, или ,,така и и‘ требаше, надмена една,, ,,ааа, сигурно пребира премногу,,... И како надополнување вметни ги тука сите мачни и болни ,,придобивки,, на полот - циклуси (па и психолошкиот притисок тука, како ,,неговото височество,, ќе одреагира на веста дека и‘ доцни...), депилации, хигиеничарење во просторот -домашен и професионален и други тракатанци и НЕМОЈ повторно да се дрзне некој да смета како нашата позиција е лесна и сме способни само за трепкање со очињата и срамежливи насмевки, бидејќи тоа е се‘ што од нас се очекува, референца - финоЌата и вАспитанието кое го имаш споменато...И вие нас ни пресудивте непознавајќи не во добри 99%
, па дури и ај-кју помало од точак ни влепивте... Инаку да, интересен ми е моментот кога сум предмет на вакви и слични проценки, реални или виртуелни, на машки од кои поголемиот дел јасно ми е колку се ,,тешки,, ама најчесто ќе да е во кг. нивната единствена предност.
Околу ,,фактографската,, распределба на платите и буџетите семејни, повторно, има големи отстапки од реалната слика. Низ најголемиот дел градови, единствено што работи се текстилните фабричиња и сопругите се често единствените со приходи во семејството... И во случаеви на вработеност на двајцата - развратно потрошувачки ориентираната македонска жена, е повеќе мит, отколку стварност... Постои и друг вид на премерување, меѓу припадничките на нашиов пол и тука сите сме многу вешти - со рендген поглед одредуваш капут од пред 4 год. чизми од пред 3 год. фејк Луј Витон ташна, лошо испеглана фризура во домашни услови, всушност - соу ласт сизн(с) аутфит, внимание - за вас девојката изгледа дури фенси и модерно, ама ние ја ,,читаме,, нејзината оскудација и шопинг апстинација непогрешливо... За оној мал процент исклучоци, припадници на високата класа, ова секако не се однесува.
Сега, околу бирањето на тепачи и секјурити персонал и урбани или рурални орангутани - ова е повеќе изразен тренд кај шестнаесетгодишните девојчиња, ако и после декада врши ист избор, не би да ја амортизирам ни тастатурава непотребно коментирајќи ја
...
И се изначитав како не знаеме што сакаме. Дали?! Всушност многу едноставно е - сигурност и стабилност. Кога ќе сме во брак петти месец и бременост во девети, да знаеме дека ќе сте тука, а не којзнае каде по ѓаволите... И кога од вас очекуваме храброст, не мислиме не тоа да сте во состојба да го искршите од ќотек цело маало, туку да сте присутни и во делот - и во зло(од заклетвата)... Доколку сме сигурни во ова ќе дојдеме во вашата семејна куќа, да делиме покрив со уште 13 души иако избраникот на нашето срце е и веројатно ќе остане засекогаш дистрибутер на леб и бели пецива... И гарантирам дека огромен дел од оние кариеристки, ако треба да направат жртва би ја напуштиле работата, за да не трпи семејството, не бидејќи сакаат да одат по линија на помал отпор, паразитирајќи на вашиот грб и не радо, ама бидејќи знаат дека емотивната реализација е приоритет и најголема среќа за една жена. И за крај - сите сте се нашле во оние ситуации кога таа ја споделува со вас нејзината тага, дури и премногу зборувајќи често, а вие немоќно ја гледате како шарена врата или нудите ,,инстант неприменливи сугестии,, колку нешто да се рече, па ја иритирате се‘ повеќе. Само прегрнете ја. Тоа е доволно и се‘ што и‘ треба...
Мислам дека доловив кој е вистинскиот херој во наши очи, без разлика дали е пекар, месар, хирург, адвокат, автомеханичар, физиотерапевт, атеист или религиозен фанатик...