Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
H

HITCH

Гостин
Драга Кајги,

Некој се радува кога иде виденд дека може да шетка, а јас џукела се радувам на нови книги, ама посилно е од мене... За читање имам 4 тома „Отпорот во Македонија“, плачам од радост!!! Мислев филмови ќе гледам, ама испадна уште поубаво. :vozbud:

Драга, уживај во топлиот викенд! ;)


П.С. Преубави песни:


 
  • Ми се допаѓа
Reactions: `V`
К

Кнез Мишкин

Гостин
Драга,
Ми текна да ти пишам, прости имав еден куп проблеми. Уште еднаш се покажа дека човекот во себе носи темпирана бомба, потребен е момент таа да се активира. До сега мислев за себе дека сум созреан, ама последниве 20тина дена се уверив дека не сум, дури сега созреав, после толку испитување, што медицински што се само процедура, што самоиспитувања психички, сфатив дека проблемот е во мене. Премногу се однесував себично, сега ми е криво и се кајам, можеби со моето однесување ги повредив луѓето околу мене и сега ми е криво, им се извинив и некако веднаш ми е подобро.
Изминативе денови гледав околу мене среќни луѓе, насмејани, а јас внатре се распаѓав, ми се чини дека секоја молекула во мене молеше за помош, ама немаше кој да ми помогне, проблемот беше во мене и јас самиот морав да го решам. Сега сум добро и се надевам дека ќе ти пишувам почесто.
Се' се случува со Божја промисла. :)
 
B

Borg_Drone

Гостин
Обично не се жалам многу ама денеска ми се случи нешто необично и чудно.Додека се возев во автобус, мајка со дете (кое се гледаше дека е психички заболено) се возеше во автобус и го тераше малиот сам да се качи и да седне на седиштето.Јас се понудив да помогнам, и го фатив детето за рачето со цел да му помогнам да се искачи и да седне.Мајкава во тој момент ми се сврти со „убитачен“ поглед и ми рече:

- Остави го сам да се искачи!

- Што мене и од прва страв ме фати од нејзината реакција па дури и се извинив и исто така и кажав дека тоа го сторив со намера да помогнам (во меѓуредови немаше потреба од такво реагирање).Се гледаше дека мајкава е жена која едноставно не ја прифатила реалноста за своето дете.Што и мене искрено ми падна одвратна нејзината реакција после тоа.Јас разбирам дека не е лесно да се прифати фактот дека имаш заболено дете, но реалноста е таква каква што е и тоа може на секој да му се случи и нема ништо срамно тука во тоа или поразувачко, никој не е имун на тоа, на сите може да им се случи тоа и на мене на пр. во иднина и кога гледаш дека има луѓе кои сакаат да помогнат воопшто не треба да правиш да бегаат од тебе како „ѓавол од темјан“, туку треба да се прифатат тие луѓе зошто се навистина ретки во ова општество; да не напишам скоро се пред изумирање.
Еве, уште се чудам на ова и ова мислам и дека нема да го заборавам додека сум жив.Со една реченица: да сакаш да помогнеш и за тоа да те отераат во пичку материну.
 
L

Ligeia

Гостин
Драга Кајгана...си пушам цигарче и си размислувам до кај отиде денешнава младина.Налет ја шо не сум којзнае колку стара ги буткам дваесетиве едвај некако но ова е бре претеризам.Од кога излезе филмов Cruel Intentions мислам дека треба да го прогласат за филм на деценијата.Маливе се чудо,мислат дека се знаат,се што лета се јаде и дека фраер/ка е оној кој кого порпво заебал или го имал па го откачил и слично.Особено акцент ставам на личности кои сами себе се тренираат или се мислат за манипулатори читајќи го Фројд и Јунг,лапнале неколку реда од Ками и Кафка и одма се елоквентни заведувачи наместо да се фокусираат на суштината на книгите надоградувајќи се тие зборовите ги користат во празно.Па уште и финти ти продаваат како на сливар сливи а ти ги гледаш,се смешкаш и место да им врзеш две васпитни благо ги тупкаш по рамо.Абе деца,тие финти на нас што сме пораснале со чаршиско чколо не можете да ни ги продавате.Додека не ви пуштат крв од носот на улица или не се изборите за обична гумена бомбона џабе ви е и Ниче и упростена егзистенција.Дечурлаана склона кон самодеструкција и пишување на примитивна поезија...море ќотек само.
 

Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.374
Поени од реакции
4.917
Old school overdose.
Лабав,флегма али секогаш на време и точно на целта.
Bet and lose.
Isn't that your twin bastard ??
 

Kostic

Sadio smokve oko Tadz Mahala
Член од
31 јули 2009
Мислења
9.856
Поени од реакции
5.611
I read the news today oh boy ..
About a lucky man who made the grade ..
and though the news was rather sad..
well i just had to laugh..
I saw the photograph..
He blew his mind out in a car..
He didnt notice that the lights had changed..
A crowd of people stood and stared..

I saw a film today oh boy..
The English Army had just won the war ..
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.484
Поени од реакции
7.969
Драга Кајгана,

Пред три години на Стритс фестивал у Куманово запознав една Оле. Косата и беше слична на мојата, само послабо одржавана, карминот и беше малку размачкан од страна, ама правевме интересен муабет. Разменивме и телефони, ама кога и се јавив по неколку дена ми кажа дека имала дечко и слично.

Пред некој месец една инспекторка ме гњавеше да и го средам службениот лап-топ. Јас цело време и бегав, ама еднаш ме фати и решив да се позанимавам со маката. Кога завршив ми кажа дека имала некоја внука, таман за мене. Го напишав мојот мејл на ливче и и кажав да и го даде.
И ми стига мејл од една Оле и внатре пишува како тоа онака сакала искрени и поштени момци, дека има школо такво и такво, ама сеа е невработена... и вратив на мејлот по што таа во следниот мејл ми прати фотографија и телефонски број. Ми пиша да дојдам во Куманово за да се запознаеме во живо. Контактот во живо не се менува со ништо.
Решив да бидам искрен и да и пишам дека за 1 месец ја напуштам земјава за да работам на брод.
Ја нема Оле нигде да ми пише....
 

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.421
Поени од реакции
16.698
Кајгано,
место да идам на Шапка да уживам, дремам пред мониторов.
У пизду матер!
 

Terebellum Sagittarii

Несопирлива
Член од
25 јули 2007
Мислења
1.194
Поени од реакции
578
Ме фана страв од ближењето на крајот. Уште малце ке бидам само обична. А толку многу ми сметаше, а сега не сакам да заврши. фак.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom