Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Кајгич, готово е се откажувам. Џабе е, колку и да се трудиш, не можеш да ги промениш. Некои луѓе се несреќни, затоа што самите избрале така.

Денес ги скинав звучнициве со оваа СТРАШНОООООООООО ДОБРА СТВАР :

 
Кајгич, готово е се откажувам. Џабе е, колку и да се трудиш, не можеш да ги промениш. Некои луѓе се несреќни, затоа што самите избрале така.

Денес ги скинав звучнициве со оваа СТРАШНОООООООООО ДОБРА СТВАР :


Што е најтрагично истите тие ќе те маркираат како нивни потенцијален непријател и ќе гледаат да ти наштетат..... :)
Инаку, ставам потпис на ова.
 
2854790_460s_v1.jpg


Се превртев.
 
Се сликам за апсолвентсково табло, луѓево мислат дека уствари основно или средно завршувам :facepalm:
Како да изгледам постаро да ти ибам :icon_mrgr:
Ги гледам сликиве од колешкиве, комотно можам да кажам дека јас и колегата личиме како да сме им синови :icon_lol:
 
А бе све луди фаци се луѓево, посебно па на фејсбук. Сите лајкнуваат страни од типот на: Пробав да бидам нормален, ама не идеше, досадно е да си нормален... чунки све ненормални, јаки луѓе што водат динамичен живот, као уаууу, колку сум луд еј!!! Потоа сите се пијаници, никој не учи, факултетот на сите душата им ја земал...

А бе најјаки сте, ѕверови еј, браос..

Нешо да не сум пропуштила, грев да не е да си нормален, да не се начукуеш секој викенд и да учиш?
 
Драга.

Ако ти кажам дека поминав низ 6 авионски лета, еден авион ни кидна, спиев на Циришки аеродром, имав стомачно вирувче, најдов Адидас за ич пари, си купив црвени чевли, играв чарлстон по Шанзелизе и јадев најдобра светска кујна во Париз ќе ми веруваш?
Не.

Ни јас не можам да поверувам што чудо ме снајде за тие 10 дена голготиња. Белгиско пиво, француска супа со кромид - божество, Ладуре макарон, возење по гадни метроа, пиење вино на Монмартр за 6 месечнината на најклише денот, Св Валентин, пишување поезија со чекори.
Свашта.
Еве сега, жива, здрава, пргава, праќам мејлови по куп издавачки куќи за да го родам првото дете, новороденче од зборови и мисли.
Боите што ги имав ме топлеа и на минус сто. Од ветровит, сјаен Париз, дојдов во магливо, темно Скопје. Оксиморон на вечната трагедија.
Но, го љубам овој мој смешен филм. Перипетии, фабула ко табула раза. Чекаше да се испише, да се случат куп нешта. Дезинфекција од малограѓанштина си направив. Ми се отворија чакрите за патување, за Аполинеровиот кафиќ и седење бесцелно по париски кафулиња со лош wi fi и уште полош англиски на келнерите.
Дома, сите арни. Смрдливото сирење и словенечкото вино завршија работа.
Уште еден магнет на фрижидер, уште една фасцинација за да видам каде, всушност живеам.

Амели. Бев. Оргазам. Вим Вендерс, Серџ Гејнзбург, Дали и Сена гадна и гладна за моите глетки.
Друг свет бе.
Тотално циничен, ама полн. Културен.

И што сега? Ништо... Ќе си трошам од спомениве како од најскап парфем. До наредното патување.
М.
 
Еднаш и јас да се обрукам на темава... Некој рекол „Во ракијата е вистината“... Или така нешто беше, не сум сигурна. Ми пропадна и режимот за квази здрава исхрана (квази ради капиталистите умрени и потребата од додатоци, емулгатори, адитиви... ), ама и количината на алкохол бе. Ме убива! Не физички, утре ќе се чувствувам како гомно... него психички бе! Се налокав како стока (имајќи во предвид дека немам тренинг и ме фаќа од малку, ама сепак...)! Самодисциплината гомна да јаде! И разочарувањето! И конзумеризмот (не сум јас конзумериста бе, кого го лажам...)! Зошто мора да има толку злоба бе? Нели е едноставно, како што јас можам да сакам, можат и другиите, ама не сакаат, мозоци испрани, игнорантни... Сите на стрелање! Доста се брукав... знам дека утре ќе се покаам што пишував тука, ако не сум приметила, не ми кажувајте!
 
Ај маму му ебам на нетов. Пропадна се. Сигурно беше од големо значење за човештвото.
 
Драга Кајгана...значи ми се плаче од типот на жени ''зашто ми неверујеш да сам са сузама лепила тапете''.:rolleyes: Бреееј за се нешто да се кукало и жалело за воа маживе аман веќе!
 
кај си ма драга маааа?
се што сакам да ти кажам е дека се осеќам вака : :unsure:
 
Треба да одбериме тим лидер за во групата на вежби на факултет и сите 5 колеги ја одбија функцијата и сакаат јас да сум лидерот. А не знаат дека јас во кланот Кантер што го имав на времето не стигнав повеќе од секретар, а не пак лидер и секогаш кога ќе правевме раш на долги на даст 2 мене ме пуштаа прв да умрам. :icon_lol:
Не сум Џек Шепард тип, јас сум повеќе Лок, Сојер фаца, така нешо, пасив агресив, не сакам да сум во прв ред и центар на внимание.
Ама ако, предноста во нова околина со нови луѓе е што можам да се правам нешто што не сум, така да, лидер it is. Нека патат. :icon_lol:
 
Да се оди на предавање или не, прашање е сега. Ај да разгледаме. Веќе е 10 до 12 треба допрва да се облекувам и да се потсредам да не ги исплашам колешките. Контра на тоа, факултетот ми е пред стан, се` што треба е да се симнам долу. Хммм.... сепак не одам.
 
Знам дека во петок не се иде на факултет бе драга! :icon_lol:
Во последно време некако си се наградувам себеси изгледа во соништата. Замисли ова да го сонуваш. Знам, добар поклон, нели? :icon_lol: Среќа што вчера го спомнавме. :X3:

Туку, тешко паѓа двојкава. Година постара, се надевам и поумна.
 
Преку тасета од настинкава... денес го достигна врвот, 39 температура. Нити на работа ојдов, нити сум наспан ко шо треба. Таман ќе ја спуштам ми се приспива, и here we go again... Незнам колку чајој, кафиња, апчиња се имам напиено. Да ми наплаќаја по 5 денари за секое одење кај вецко слаткаро, до сега ќе објавев банкрот.


И батеријата од лаптопо даде душа... Абе у п.м. се нека фати!

п.с. совет за мажите: немојте да мочате и да кашлате... прецизноста се сведува на 0.
 
Satisfy my needs
Sometimes I fake that I hate you and make up
So you wind up next to me :)

I really don't like the way you smile
When you think you're right
But I will forgive you, the yolk is in the middle
And I'm chewing through the white

:свиркам:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom