Јас навистина не ги разбирам фановите на губентус, односно сите фанови на фудбалски тимови што повеќе мислат на сопствениот гол отколку на противникот...
Каква фудбалска убавина гледаат во тоа????
Клубски фудбал следам повеке од 20 години, и во моментов да ми понуди некој 1 000 000 евра да набројам 3 атрактивни потези или голови од јувентус искрено нема да можам, единствено нешто што ми паѓа на памет е голот на Дел Пјеро против Дортмунт финалето на л.ш. 97ма.
Синоним за катанаџо, груба игра, 1:0 , 0:0 , 1:1 , наместени натпревари, пенали надвор од 16 метри, гол во 89та минута, да не набројувам повеќе... да ти е мака да го изгледаш цел натпревар...
ПА ДОБРО БРЕ ЛУГЕ ЗА ШТО НАВИВАТЕ ВИЕ???
ДА НЕ ПРИМИТЕ ГОЛ? ("Добро ке биде ако дадеме барем еден")
Каква е таа фудбалска филозофија што толку многу ја воздигнувате? Интер(комшиките
) ја измислија а вие ја усовршивте... Едноставно речено во цела ваша историја играте здодевен фудбал, можеби годинава Конте ги размрда малку работите, но ке видиме колку ке трае таа авантура...
Се надевам во сабота дека,иако Милан евидентно многу ослабен(со неиграњето на Ибрахимовиќ, и многу повредени фудбалери) ке ви го донесе и првиот пораз сезонава, макар и со гол од пенал, и дека и годинава ке го освои скудетото...
Едноставо мислам дека губентус по 24 кола не заслужува да биде шампион, настапува само во првенство и со овој тим, и распоред на натпревари, не можеше до сега да стигне барем до 16 - 17 победи ( од 23 - 10 нерешени
)
П.С. Која година беше губентус прв во групна фаза во лига на шампиони, со 5 нерешени по ред, и победа против Розенберг во последно коло?