Абе реално од опрема (освен безбедносна, перничиња, АБС итн) ти треба само клима (и тоа мануелна). Се друго ти е шминка и непотребно, барем според мене. Луѓе се палат на кожа во кола ко којзнае што е, а еднаш да седнат со фармерки ќе видам што ќе речат.
Дугмиња на волан, приклучок за ајфон, блутут....не се воопшто битни кога купуваш половна кола. Сите овие можиш подоцна да ги вградиш за многу поефтино, ако ти се потребни. Гледај земи солидно возило, супер очувано и со докажана механика мотор, да не другаруваш со мајстори.