Македонска берза

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496
Малце конфузно е објаснето на сајтот на мак берза
Даночна основа за пресметување на данокот на капитална добивка изнесува 70% од разликата помеѓу продажната цена на хартиите од вредност и нивната набавна цена.
Тука не е дефинирано дали провизиите влегуваат во даночната основица. Али добра работа е што не се плаќа на цела добивка туку на 70% од неа.

Што се однесува до објаснувањето на Цезар, еве што има таму дефинирано:
Остварената капитална загуба од продажба на хартии од вредност се пребива со капиталните добивки остварени во текот на годината. Доколку и по извршеното пребивање се појави капитална загуба, нејзиниот износ се пренесува на идните капитални добивки во наредните три години.
Значи го пресметуваш билансот на целото портфолио од хартии од вредност и ако си во плус за тековната година тогаш плаќаш данок.
 
Член од
30 мај 2011
Мислења
554
Поени од реакции
130
МТУР по се изгледа ќе даваат дивиденда.
Еве колкава била дивидендата во изминатите 5 години.
2006: 130
2007: 147
2008: 177
2009: 196
2010: 206
2011: ....
Да се надеваме дека и овааа година ќе даде поголема дивиденда од 2010.
--- надополнето: 19 февруари 2012 во 12:29 ---
http://www.time.mk/read/df52088ffd/b31ff48ff5/index.html
 
Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Малце конфузно е објаснето на сајтот на мак берза
Даночна основа за пресметување на данокот на капитална добивка изнесува 70% од разликата помеѓу продажната цена на хартиите од вредност и нивната набавна цена.
Тука не е дефинирано дали провизиите влегуваат во даночната основица. Али добра работа е што не се плаќа на цела добивка туку на 70% од неа.

Што се однесува до објаснувањето на Цезар, еве што има таму дефинирано:
Остварената капитална загуба од продажба на хартии од вредност се пребива со капиталните добивки остварени во текот на годината. Доколку и по извршеното пребивање се појави капитална загуба, нејзиниот износ се пренесува на идните капитални добивки во наредните три години.
Значи го пресметуваш билансот на целото портфолио од хартии од вредност и ако си во плус за тековната година тогаш плаќаш данок.
Јас мислам дека провизии не влегуваат. Бидејќи тие не се дел од цената. А тоа со капитална загуба потребно е да затвориш позиција и да пријавиш капитална загуба за во рок од 3 години ако оствриш капитална добивка да ти се пребие од загубата и да бидеш ослободен од данок. Капитална загуба и добивка се остварува откако ќе ја продадеш акцијата а не како тековен биланс на отворени позиции.
 
Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496
Ме чуди денешното тргување на берзата, поточно движењето на цените на Комерцијална и Тутунска. Комерцијална има намален профит од 25-6 % во однос на лани а инвеситорите се тепаат за нејзините акции и ја качуваат цената, од друга страна Тутунска најверојатно ќе објави зголемен профит во однос на лани а цената на акцијата падна.
Некое објаснување од поискусните? Освен дивидендата.
 
ceasar

надеж, страв и алчност
Член од
2 април 2009
Мислења
1.133
Поени од реакции
574

Прво незначи дека ако некоја компанија има поголем профит дека е подобра од другите! Значи ако инвестираат може да имаат мала добивка па и загуба а компанијата да расте и да станува се повредна а со тоа да растат и нејзините акции. На пример вип оператор (мкд) неколку години оди со ниски цени (најниски) и работи со загуба а го име зголемено учевството на пазарот најмногу од сите оператори со најголем пораст на корисници, последни влегоа во бизнис а моментално се втори пред оне, а тоа што работат со загуба незначи дека нечинат и дека (во нивен случај немаат акции не се АД) нивните акции би биле неатрактивни.
А второ и најбитно треба да знаеш дека во бизнис има едно правило исто како и во покер. НЕ Е БИТНО КАКВА КАРТИ ИМАШ, БИТНО Е КАКО ГИ ИГРАШ.
 
Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Ме чуди денешното тргување на берзата, поточно движењето на цените на Комерцијална и Тутунска. Комерцијална има намален профит од 25-6 % во однос на лани а инвеситорите се тепаат за нејзините акции и ја качуваат цената, од друга страна Тутунска најверојатно ќе објави зголемен профит во однос на лани а цената на акцијата падна.
Некое објаснување од поискусните? Освен дивидендата.
недела, 19 февруари 2012, 16:55

Економија

НЛБ објави загуба од 233 милиони евра
Нова Љубљанска банка (НЛБ) во 2011 година остварила загуба од 233 милиони евра во Словенија, додека на ниво на целата групација со деловите кои што работат во странство загубата изнесува 239 милиони евра
Податоците за резултатите од работењето на банката за изминатата година ги соопшти на прес конференција директорот на НЛБ, Божо Јашович.

Загубата на НЛБ е зголемена во споредба со 2010 година, кога минусот од работењето на банката изнесувал 183 милиони евра. Негативниот резултат се образложува со зголемениот отпис на тешко наплатливите кредити, кои биле одобрувани во минатото.

Јашович потврди дека НЛБ во оваа година планираа да изврши докапитализација од најмалку 400 милиони евра, што беше барање на словенечката централна банка и на европската банкарска агенција.

Словенечката централа е ова ама не е добра вест во никој случај.
 
Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496
НЕ Е БИТНО КАКВА КАРТИ ИМАШ, БИТНО Е КАКО ГИ ИГРАШ.
Очигледно кај нас на берзата има доста блефери. Ама во право си дека и за тоа треба многу вештина.

Прво незначи дека ако некоја компанија има поголем профит дека е подобра од другите!
Основна причина за постоење на било која компанија е креирање профит. Колку повеќе профит поуспешна е компанијата.

недела, 19 февруари 2012, 16:55

Економија
НЛБ објави загуба од 233 милиони евра
Нова Љубљанска банка (НЛБ) во 2011 година остварила загуба од 233 милиони евра во Словенија, додека на ниво на целата групација со деловите кои што работат во странство загубата изнесува 239 милиони евра
Стефус, НЛБ Тутунска е единствената банка од групацијата што има остварено профит за минатата година (според неофицијалните податоци 10,7 милиони еура).
 
Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Очигледно кај нас на берзата има доста блефери. Ама во право си дека и за тоа треба многу вештина.

Основна причина за постоење на било која компанија е креирање профит. Колку повеќе профит поуспешна е компанијата.

Стефус, НЛБ Тутунска е единствената банка од групацијата што има остварено профит за минатата година (според неофицијалните податоци 10,7 милиони еура).
Македонската берза е неликвидна а ТНБ не е од најликвидните акции се тргува по 1 трансакција секој втор ден ти тоа по 1-2000 евра. Така да тешко е дека е реална слика на компанијата со 1 трансакција секој втор ден. Втор не мислам дека се многу информирани акционерите и господ знае што му било денес во умот на тој што продавал може му требале пари веднаш или го фатило паника за централата да не ја бара добивката на ТНБ горе во Словенија. Може се надевал на дивиденда па сега дознал дека нема да има. Премногу малку има транскации и добра проток на информации за да се каже.
Поента на Цезар ја разбирам дека акциите често пати се тргуваат не според сегашната добивка туку според проекции за идни добивки (шпекулација). ТНБ би требло да и расте добивката...и јас сум малку изненаден од тоа денес со ТНБ. Ѕирнав денес имало 6 трансакции со вкупно 229 акции не е толку малку. Може некој сакал да се откачи од доста акции и ги давал ефтино.o_O
 
ceasar

надеж, страв и алчност
Член од
2 април 2009
Мислења
1.133
Поени од реакции
574
Основна причина за постоење на било која компанија е креирање профит. Колку повеќе профит поуспешна е компанијата.
Батали сметководство друже, ако студираш на тој смер читај и др работи не гледај само кон тоа, ја на пример место добивка од 100 милиона би избрал загуба од 500 ама конкуренцијата да имаа на пр. по милијарда загуба, се е релативно, ако сите размислуваат дека е битна нето добивката нема да има крахови на берза. Краховите служат за оние кои знаат да играат, ако веќе неможат да прават поголем профит тогаш да имаат помала загуба, размисли малку околу тоа.
 
Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496
Батали сметководство друже, ако студираш на тој смер читај и др работи не гледај само кон тоа, ја на пример место добивка од 100 милиона би избрал загуба од 500 ама конкуренцијата да имаа на пр. по милијарда загуба, се е релативно, ако сите размислуваат дека е битна нето добивката нема да има крахови на берза. Краховите служат за оние кои знаат да играат, ако веќе неможат да прават поголем профит тогаш да имаат помала загуба, размисли малку околу тоа.
ОффТопик: Друже, пред 5-6 години завршив со студирање, што немаше врска со сметководство (и економија).
Не ми беше идејата да ти контрирам, сосема те сфаќам што сакаш да ми кажеш.
Сепак Стефус подобро објасни што би можеле да бидат причините за вакви ценовни падови/растови, т.е. аномалиите на мала берза како што е нашата.

Туку нешто го нема Креативец да ни каже што направил со Мак Турист, гледам цените на акцијата растат.
 
Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496
Да, дефинитивно берзата тргна на подобро овој месец, што поради периодот на дивиденди што доаѓа, што поради позитивните случувања со Грција.
Да се надеваме дека ќе потрае.

Што мислите дали Комерицјална ќе потфрли со големината на дивидендата?
Јас типувам дека ќе биде 120-140 денари од акција, за разлика од ланските 200 денари.
 
ceasar

надеж, страв и алчност
Член од
2 април 2009
Мислења
1.133
Поени од реакции
574
Да, дефинитивно берзата тргна на подобро овој месец, што поради периодот на дивиденди што доаѓа, што поради позитивните случувања со Грција.
Да се надеваме дека ќе потрае.

Што мислите дали Комерицјална ќе потфрли со големината на дивидендата?
Јас типувам дека ќе биде 120-140 денари од акција, за разлика од ланските 200 денари.
Јас мислам околу 250 ден, дури можно е накај авг да дадат пак дивиденда од 2012 и да почнат прво полугодишно (во 2012) а потоа на 3 месеци (квартално) да испаќаат дивиденда за да цената на акциите биде постабилна во текот на годината
 
Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Јас мислам околу 250 ден, дури можно е накај авг да дадат пак дивиденда од 2012 и да почнат прво полугодишно (во 2012) а потоа на 3 месеци (квартално) да испаќаат дивиденда за да цената на акциите биде постабилна во текот на годината
На светските берзи дивиденда се исплаќа квартални исто така и квартално има финансиски извештаи може треба и кај нас така.
 
Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496
На светските берзи дивиденда се исплаќа квартални исто така и квартално има финансиски извештаи може треба и кај нас така.
Дефинитивно треба квартално за да се смират големите осцилации во цените пред и после делењето дивиденда.

Јас мислам околу 250 ден, дури можно е накај авг да дадат пак дивиденда од 2012 и да почнат прво полугодишно (во 2012) а потоа на 3 месеци (квартално) да испаќаат дивиденда за да цената на акциите биде постабилна во текот на годината
Еве една проста математика ако поделат 250 денари дивиденда за акција:
2280000 акции x 250 денари се 570 милиони денари. Тоа претставува 52.5 % од ланската добивка од милијарда и 80 милиони. Според мене ова е малку веројатно бидејќи секоја година делат 30-40% од профитот за дивиденди.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom