Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Благодарам на критиката. Секаков коментар е добредојден, без разлика дали е лош или добар. Добрите не' мотивираат додатно да продолжиме со истото темпо, а лошите да се поправиме онаму каде нашите читатели сметаат дека треба.Иако на почетокот не ми се допаѓаше, во последно време primetime.mk е ептен добар.Уникатен е и не се замара со такви вести.Посебно се добри со статиите за Скопје а и потсеќањето на „Милионер“ беше добро.Се надевам дека ќе продолжат во таков стил.![]()
Отворам да видам што сајт е и прво што ми падна во очи: „Северина се породи!“
![]()
Интересна тема и треба да дискутираме. Од она што го пратам на порталите како заклучок го донесов следново.
Пола и повеќете од нив немаат лектор, печатни грешки, лош превод катастрофа.
Инвентивноста и креативноста им е дефинитивно на нула.
Си копираат статии едни од други, само ги менуваат сликите и редоследот на зборовите.
Теми без кои неможат се следниве: "Кардашиан на плажа " "Кардашиан со нови бикини" "Кардашиан има нова кола" . " Како да задоволиш партнерка во 10 чекори " "Вечна дилема дали постои Г-точка" "5 причини зашто не треба да се оди на солариум" " 10 причини како да го натераш да трча по тебе"
Или имаш следново. Фотка од некое место со наслов- прекрасно зајдисонце, фотка од Париз со наслов- Градот на светлината во полна романтичност.
Немам прочитано некој да предложи некоја книга, да предложи театраска претстава, да направи интервју со некој глумец кој има актуелен проект, да предложат или дадат критика на некој музички албум.
Се е сведено на жолта штампа, погледнете ги овие гради, кој со кого се фатил, кој кого откачил.
Темава чини ама јас не гледам некоја поголема дикусија во идинина тука.Изреволтирана поради неколкуте веб сајтови што ги имам лајкнато на фб ја отварам темава. Можеби не е за тука, вие одлучете.
Значи, што по ѓаволите се случува? Какви се тие квази новинари кои објавуваат по сајтовите, секоја втора вест е за Ким Кардашиан, со кој се ебела, што носела и каде била видена. Искрено ми е преку половиов орган од такви прости работи.
Им пишав на Многоо и добив повратен одговор од нив, дека Македонската публика била заинтересирана за такви вести. Епа тогаш зошто тие како сајт не се погрижат Македонската публика да се интересира за други по паметни и по поучни работи? Јас незнаев која е Ким Кардашиан, (ја земам како пример) се додека не почнав да ја посетувам Фемина.мк и забележав дека секоја втора вест е поврзана со неа, со Ријана и други слични Холивуд курвичиња.
Ако не чини темава, слободно нека иде во канта, јас лично мислам дека има доста за дискусија овде.![]()
Изреволтирана поради неколкуте веб сајтови што ги имам лајкнато на фб ја отварам темава. Можеби не е за тука, вие одлучете.
Значи, што по ѓаволите се случува? Какви се тие квази новинари кои објавуваат по сајтовите, секоја втора вест е за Ким Кардашиан, со кој се ебела, што носела и каде била видена. Искрено ми е преку половиов орган од такви прости работи.
Им пишав на Многоо и добив повратен одговор од нив, дека Македонската публика била заинтересирана за такви вести. Епа тогаш зошто тие како сајт не се погрижат Македонската публика да се интересира за други по паметни и по поучни работи? Јас незнаев која е Ким Кардашиан, (ја земам како пример) се додека не почнав да ја посетувам Фемина.мк и забележав дека секоја втора вест е поврзана со неа, со Ријана и други слични Холивуд курвичиња.
Ако не чини темава, слободно нека иде во канта, јас лично мислам дека има доста за дискусија овде.![]()
Народот тоа сака да чита, просто е. Да стават некоја научна статија и да стават статија со наслов прдната Анџелина Џоли ќе видиш која статија колку посети ќе има
Има и супер наши сајтови, не е се темно.