пред да кењате прочитајте малку. Само да се мрчело. Пола од вас не ни влегле во студентски дом во живот а први се да плукаат.
Вест од 25. декември 2011 (пред месец и пол)
На местото на старите, полураспаднати, студентски бараки во „Стив Наумов“, за осум месеци ќе никне нов студентски дом. Ќе се градат нови објекти на 1.900 метри квадратни. Студентите ќе добијат трокреветни соби со тоалет, современа библиотека и читална. За прв пат ќе има и шест едно креветни соби за лица со посебни потреби.
„Овие објекти почнуваат да се градат после успешната реконструкција на првата и втора машка зграда во овој студентски дом. Владата и понатаму ќе продолжи да инвестира во подобрувања на условите на студентските домови, затоа што студентите се нашата иднина. Затоа ќе почне набрзо да се реконструира и студентскиот дом „Гоце Делчев“
Вкупната инвестиција е во вредност од 75 милиони денари и е обезбедена од Буџетот на Република Македонија.
Владата и во иднина ќе продолжи да инвестира во подобрување на условите во кои престојуваат македонските студенти, за идната година планирани се 60 милиони евра директни инвестиции рече Груевски. Ќе се градат нови сместувачки капацитети во Скопје, Тетово и Штип, а паралелно со инвестициите во станбената инфраструктура намалени се и партиципациите на факултетите, отворени се нови факултети и дисперзирани студии.***Да потсетиме претходниве 20 години не памтам нешто да е вложено во студентскиве домови освен можда инвентар, мада и тоа се сомневам.