Најголемиот студентски дом во Македонија се распаѓа

  • Креатор на темата Креатор на темата c i t r o
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.776
Поени од реакции
9.904
Локација
Скопје,2014-та
Застарена електрична инсталација, ѕидови кои полека се распаѓаат, доводни и одводни цевки кои протекуваат, кородирани радијатори за парно греење, лифтови кои не работат, дупки по подовите и плафон кој може секој момент да ти се руши врз глава. Ова се само неколку од епитетите кои го опишуваат студентскиот дом “Гоце Делчев” во Скопје. 1200 студенти “преживуваат” во неподносливи услови кои им се однапред предодредени.


20120220-goce-2.jpg

20120220-goce-3.jpg

20120220-goce-4.jpg


“Гоце Делчев”, студентскиот дом, кој некогаш претставувал најрепрезентативно живеалиште за студентите од цела Македонија, сега е во очајна состојба.

Со самото пречекорување на прагот од било кој од четирите блока, ве чекаат мрачни ходници во кои може да се почувствува промаја од скршените прозорци и врати. Насекаде има испишани имиња и исцртани слики дополнети со дупки. Честа е појавата и на ронење на ѕидовите која настанува како последица од влагата создадена од напукнатите водоводни цевки.
20120220-goce-5.jpg

20120220-goce-6.jpg

20120220-goce-7.jpg


Лифтовите ретко се пуштени во употреба, а околу нив пораките со содржини од типот: продавам ракија и вино, бонови за исхрана, хеланки за 250 денари се неизбежен дел од декорацијата. Меѓутоа, ако случајно пред вас се најде лифт кој работи, вие сте “среќниот добитник” на небезбедно возење.

Во санитарните чворови постојат нечовечки услови. Бактериите и неподносливата миризба можат да бидат причина за болести. Често се случува во некој од блоковите да нема топла вода, па студентите се приморани да се тушираат во соседниот блок.
20120220-goce-12.jpg

20120220-goce-13.jpg

20120220-goce-1.jpg

Студентите се жалат на ентериерот во собите кој се рангира под нулата. Прозорци кои не се отвораат, кревети со стари душеци кои не се воопшто удобни и недостигот на мебел за сместување на сите потребни работи се проблем без решение.

20120220-goce-8.jpg

20120220-goce-9.jpg

20120220-goce-10.jpg

20120220-goce-11.jpg


Единствена светла точка е парното греење и топлите радијатори, но со оглед на фактот дека има промаја од скршените прозорци, овој ефект се губи.




Целосната слика на студентскиот дом “Гоце Делчев” станува се подепресивна, а драматизацијата ја дополнуваат и бездомниците кои се движат во овој предел. Скриени помеѓу огромната бетонска градба, со кеси наполнети од контејнерите во близина, си наоѓаат складно засолниште.
По сите овие очигледни докази за условите кои ги нуди овој дом, се наметнува прашањето дали некој воопшто се грижи за ова недостојно место за живеење на млади луѓе? Каде се принципите на професионалната одговорност? Жално е, но тоа е сурова реалност. Студентскиот дом “Гоце Делчев” полека, но сигурно пропаѓа.

извор.факултети.мк
 
Од дамна се распаѓа...касно палиш ;) Иначе,џабе е се,никој нема ни денар да фрли за колку толку да се поправи нешто...важно рефлекторите на фудбалскиот терен работат:vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud:
 
Аман бе нека ги направат веќе. Стварно греота и срамота е ова.
 
Јас не би да го поправаат и реновираат. Нека се изгради сосема нов.
Сепак, во оваа група ќе ги додадеме бараките и домот Стив Наумов.
А Пелагонија делува сосема добро.

Не знам како се делат картите, кој ќе оди во Пелагонија (бев таму пред 3-4 месеци, дури изненадувачки бев задоволна) а кој ќе оди да пцовиса овде?
 
Ја открија Америја, јас кога бев таму пред 10 години исто вака беше.Ама барем рефлекторите работат. :)
 
Срамота е ова, не сум знаел дека е до толку мизерно во Гоце. Ни добитокот во фармите нема волку мизерни услови.
Си бил во Стив?
Додуша според овие слики, ептен е некако пропаднат Гоце.Прв пат ко се најдов во Гоце ме фати депресија од самиот надворешен изглед на зградата - една од најгрдите во Скопје, внатре не беше олку распаднато (или ме носеле во посалам соби :D).А со лифтот сум имал среќа, тешко тие студенти шо се со години таму и живеат најгоре...
 
Јас не би да го поправаат и реновираат. Нека се изгради сосема нов.
Сепак, во оваа група ќе ги додадеме бараките и домот Стив Наумов.
А Пелагонија делува сосема добро.

Не знам како се делат картите, кој ќе оди во Пелагонија (бев таму пред 3-4 месеци, дури изненадувачки бев задоволна) а кој ќе оди да пцовиса овде?
Мислам дека Пелагонија е приватен. Или барем беше.
 
Ја сум сигурна дека затвореницине имаат подобри услови за живот.

Иначе ја да треба да живам во студентски би го избрала Гоце, мене Гоце на пример ми е далеку подобар од Стив.
Стив уопште не ми се свиѓа :(
 
Леле колку поедноставно би било место да го реновираат ова, да склопат монтажни бараки. И поефтино ќе им биде...
 
Незнам дали слушнале македонскиве струденти за зборот протест...не бе ако ни е , ја сум и за бетер.
 
Не сум знаела дека Пелагонија е приватен... за овој дом не знам, но Стив е нешто....... неописливо.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom