Поентата ми беше као беа оправени, и ја сум за Вардар ама неможам да го прежалам начинот на кој беа оправени на сметка на Миравци, а што све трпеше нивниот газда за да се издеси ова боље да не знаеш, боље, нит ти нит многу други кои редовно сега го следат тимот. Само не е тоа тема на муабет тука а и воопшто неам намера истово да го терам на форумов.
У секој случај, еве за споредбава, во наше првенство со тој буџет што го има Вардар и од 11 Октомври можеш да направиш '' страшен " клуб без проблем, од старт на сезона се знаеше дека годинава никој ништо нема да му може на Вардар, финансиски се убер јаки за наши услови, што не е случај за Интер, дури и за условите на Калчото каде не требаат 100м евра за едно лето за да се направи јак тим, ко што тоа е случај со Сити на пример или Челзи на времето, Реал и ред други.
Нејсе, Гасперини и Раниери се од старт погрешни одлуки на Морати и Бранка, нема што да се спори тука, поготово Гасперини, тој и да ги добиеше бараните играчи ништо немаше со тој формат да направи, шанса нема со 343 да се успее во денешно време, и Наполи се далеку од нивните можности зашто играат со 3ца во одбрана а имаат идеален состав за 433,4231, во зависност од резултатот може Мацари и да импровизира.
Ако наредно лето не се погреши при изборот на тренер ( кој мора да дојде на сам старт од лето ), односно, ако дојде конечно добро решение за клупата и работите ќе се каде-каде подобри , потоа да следи конечно едно асално летно меркато и Интер ќе има загарантирано место во топ 3 делот од табелата и ќе се бори за Скудетото.
Иначе ја искрено се надевам дека Гуарин и Поли ќе се дел од тимов наредна година, исто и Коутињо и Алварез, според мене Снајдер ќе биде продаден наредното лето.