Scream Music Festival Vol.2 @ Метрополис Арена - 18.02.2012

  • Креатор на темата Креатор на темата Alexander Nevsky
  • Време на започнување Време на започнување
Јехеееееј, уште снегот да се истопи да може да одам со кола до град и има да се рокаааааааааа :)
 
Јехеееееј, уште снегот да се истопи да може да одам со кола до град и има да се рокаааааааааа :)
Тешко тоа, гледав прогноза се очекуваат нови врнежи од снег :mad: Како ли ќе стасам до Скопје... :гомце:
 
Добитници на гратисите се:
LouWeed, -={K-O-R-U-N}=-, Starvin Marvin и Sikichan.

Момци и девојки, честитки! Очекувам приватна порака со вашето име и презиме.
Гратисите ќе може да ги подигнете од утре во Југотон. Понесете линја идентификација.

лична*
 
Таму сум таму сум таму сум аааа :vozbud: Си обезбедив 2 карти :vozbud:
Него, ќе не дружи ли некој мене и Велешанец да не бидеме сами изгубени Германци таму :pos: Ако има такви фини и добродушни људи нека ми пишат на профил. (y)

Неможе да ти се пишува на профил. Ако уште не најдовте друштво, пиши ми. (y)
 
Ако продава или подарува некој карта, нека ми пише.
 
По кој редослед ќе настапуваат бендовите се знае ли?

По височина, почнувајќи од најниските. :)
Уште нема објавено, барем ја не можев да најдам на официјалните профили.
 
Купив карта, ама нема да одам. Некој заинтересиран да му ја продадам? Пишите во инбокс.
 
Дали е точно дека е преместен концертот или останува во Метрополис?
 
Дали е точно дека е преместен концертот или останува во Метрополис?
Останува концертот во Метрополис.
Тебе можеби забуна ти направила диско вечерта која што синоќа се одржа во Колосеум наместо на Саем.
 
И јас имам две карти вишок, по 350 денари.
јас сакам една од тие две ако може, цената повеќе од поволна:)
--- надополнето: 18 февруари 2012 во 12:41 ---
Благодарение на Тончи идам и јас:)
 
Мммм прв пишувам впечатоци :)

Фестивалов каснеше едно пола саат или така нешто, додека да се збере народот во 2 (ВТОРА) хала на Скопски Саем. Некако ми мирисаше дека нема да продадат доволно карти па ќе префрлат во 2 хала. Енивејз, добар избор.
Прво изненадување беше гардеробата. Јас не очекував дека ќе има па си ги носев работите во ранец :)

И почнаа САНАТОРИУМ. Најенергичниот бенд во Македонија. Лошо беше што свиреа на почеток и што имаа кратка сатница, некако набрзинка пројдоа низ нивните песни и Без разум и свест на крај си заминаа. Сепак мене највеќе ми се допаднаа.

Втори Електрични Оргазам.. сеј уот? Пејачот имаше 100 години, или барем 80 :pos: Меѓу сите тие бендови ми се видоа како лош поп бенд.

Трети АРЕА. Стандардно добри. Ги имам гледано еден куп пати, ама не ми здосадуваат. Ружица беше весела, скокаше по бина, комуницираше со публика, одличен настап.

Четврти Ласт Експедишн. Се гледаше дека свират со ќејф и дека се бенд кој недостасуваше целиов овој период додека не беа концертно активни. Посебно пријатно изненадување беше присуството на членови од Чиста ОКОлина на песните Ќелав Дабар и ШЕФ.

Петти Негатив. Започнаа фуриозно па почнаа да успоруваат, дури имаше и депресивни песни како Свет Туге и слични во вториот дел од нивниот настап :( Малку разбија монотонија со Танго, и на крај да не биде се така лошо завршија со Збуњена.

Мене ми беше изненадување што сретнував луѓе кои не знаеја дека С.А.Р.С. нема да настапат. Додуша и слабо се вртеше инфо дека нема да настапат, ама како и да е, имаше разочарани фацки.

Се на се, овогодинешниот Скрим добива преодна оценка, ама за следното издание ќе мораат да се потрудат повеќе.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom