Што е со СТИЛ? и тие многу изгубија над 50% ке се вратат ли, што мислите?
--- надополнето: 17 февруари 2012 во 16:21 ---
Инаку Стефус ако правиш споредба помеѓу КБМ и ТНБ, менаџментот на КБМ има повеќе слобода за иновативност и тоа не од сега откакао НЛБ има проблеми него и пред тоа, затоа што тутунска работи по налог на словенците а КБМ работат за себе, така да едно е да си филијала во случајов тутунска а друго е да си дирекција, тоа лесно може да ти го каже било кој вработен во Тутунска, триглав, телеком или било која друга компанија што има странски сопственици. Перцепцијата дека КБМ е комуњарска банка е исто така хајка против оваа компанија затоа што како и се останато и оваа кај нас е политизирано. Инаку за инфорамција комерцијална банка вложува најмногу од сите банки во поризични инструменти и сл. Ако не верувате најдете некој упатен во сметководството или ревизија во овие компании и ќе ви го потврдат тоа што го пишувам сега.