Падежи во македонскиот јазик

  • Креатор на темата Креатор на темата PurplePuma
  • Време на започнување Време на започнување
Ова не се генитивни форми, а придавки изведени од именки со наставки -ов и -ин + соодветните завршоци -Ø, -а, -о, -и + евентуелно член, на пр. Сизиф-ов-и-те.
Генитивни форми би биле: царство Душана, кодекс Јустинијана, петица Ахила, маки Сизифа, сонет Шекспира итн.

Разбира се, мојто б`лгарско момче! Виждам че много добре се оправаш с`с езика којто твоите родоодст`пни предци са го забравили -- македонскија. ;)

Чисти генитиви во македонски не постојат, како што нема ни други системски падежни деклинации. Таквите придавки изведени од -ов и -ин се, историски гледано, генитивни деривати. Форми како „Царство Душана“ не постојат во македонски. Тоа се канонски примери за генитив, и ги има во српско-хрватски.
 
:) Оправам се добре затоа што и кај нас си ги има придавките со -ов и -ин, а нема форми како „Царство Душана“. Исто така не постојат системски падежни деклинации, освен кај заменките: аз–мене/ме–ми, ти–тебе/те–ти, тој–него/го–му, тја–неја/ја–ѝ итн.
 
Секако. Нема заменки за индиректен предмет „нему“ и „нејзе“, нели? :)
 
Кратките дативни форми се употребуваат нормално:
ми, ти, му, ѝ, ни, ви, им; си.
Долгите дативни форми нормално не се употребуваат, само некои од нив со цел архаизирање:
нему, нам, вам, тјам.
Исто така архаични се и формите кому, нјакому, никому; всекиму, другиму; всекиго, другиго.
Формата неј (= "нејзе") постои веќе само теоретски.

Во последно време формите кого, нјакого, никого се употребуваат сѐ поретко.
 
Ск`п мој б`лгарски колега,

Ти благодарам за информацијата. Ќе ми простиш за дигресијава и тонов, ама навистина ме чуди зошто, кога се водат лингвистички дискусиии, никако не можете да се одлепите од историја и етимологија. Имам впечаток дека секоја ваква дискусија резултира со обид од бугарска страна да се имплантира (некогаш очебијно а некогаш суптилно) тезата дека се работи за ист јазик. Чешкиот и словачкиот се послични одошто бугарскиот и македонскиот и одамна се класифицирани и прифатени како засебни јазици. Како и македонскиот и бугарскиот. Ама никој никому не му мрчи дека се работи за ист јазик и не билда јазична и културна хегемонија. Дискусијата за етимологија, архаизми, бутури неминовно води до еден ист извор: старословенски. Тоа е одамна потврдено и преџвакано. Освен тоа историската лингвистика била во мода пред 200 години кога се формирале нации, држави, итн. Дајте малку апдејтирајте ги фокусите. Hic et nunc.

Те молам појасни што точно значи „Кратките дативни форми се употребуваат нормално“? Дали сакаш да кажеш дека се стандардни? Или пак колоквијални? Ова се прецизни лингвистички термини. Дискутираме за синхрониските клитички парадигми во современиот македонски и бугарски. Те прашав за стандардниот бугарски јазик -- она што се смета пишан и говорен стандард денес. Исти ли се клитичките парадигми? Јас велам не се.
 
Личните заменки во современиот стандарден бугарски јазик и во современиот колоквијален бугарски јазик:
http://en.wikipedia.org/wiki/Bulgarian_pronouns#Personal_pronouns

Лични заменки се една работа, клитики се друга. Заменските форми, (вклучително и клитиките кои спаѓаат во заменските форми) се слични но не идентични.
 
Кои други клитики треба да ги дискутираме? Не разбирам што се очекува од мене да докажам, темава беше за падежите и за генитивните деривати.
 
Кои други клитики треба да ги дискутираме? Не разбирам што се очекува од мене да докажам, темава беше за падежите и за генитивните деривати.

Никои. Ништо. Темата е исцрпена. Фала.
 
Има многу остатоци по дијалектите, посебно кумановски, горански, бобошчански итн.
Инаку меѓу остатоците би ги вбројал:
1. Го видов Игора, Владета, Петрета. (Остаток од акузатив на именки од машки род и на проширената -ета деклинација од среден дрво-дрвета)
2. Во Основно имав една наставничка што викаше „со нами„ што е остаток од инструментал.
3. Остатоци од придавската деклинација има исто така. Ако отворите стара граматика на француски јазик од Дане Китановски од шеесетите години, ќе видите превод за autrui "другего„. Пр. Не позајмувам од другего.
Постои и соодветна постара дативна форма „другему„. Го дадов другему.
4. Во скопскиот говор и денес можат да се чујат старите генитивни форми на заменките оној, овој, тој: онојга (онега), овојга (овега), тојга (того). Го виде ли онојга.
5. Во кумановскиот говор има изобилие на форми меѓу кои акузатив женски род итн.
6. Во архаични говори, кои веќе не се користат најверојатно (Дреновјани, Бобошчица, останала зачувана делумна деклинација на членот тој, и дативни и генитивни форми во женски род.
 
Ми го зеде зборот :D ...
Е сега мене не ми е јасно дали во случајов “два брата, два града“ е остаток од дуалот во стариот јазик или остаток од некаков генитив?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom