Падежи во македонскиот јазик

  • Креатор на темата Креатор на темата PurplePuma
  • Време на започнување Време на започнување
Бугарскиот.
Мислам дека бугарскиот.
Бугарскиот дефинитивно.
Па тоа е истиот јазик, македонскиот... т.е. негов дијалект.
А зошто е наречен бугарски е долга и мачна дискусија и не сакам да навлегувам во тоа. На кратко речено, вековните пропаганди си ја завршиле работата ефективно.
 
Јас немам ништо против таа дискусија, само да не навлеземе во шпекулирања. Ако имаш добри докази и извори за тоа, повели.
--- надополнето: 15 февруари 2012 во 18:52 ---
Е ова ми се „свиѓа“, покажување на супериорност во однос на другите, исто како и некои напалени од соседството.

Тука би сакала да се задржиме на граматика, и да не се ,,фураме,,. Се надевам дека ќе успееме. Искрено, се надевам.
 
Puma поентата ми е да нема покажување кој бил супериорен а кој инфериорен во денешни граници. Затоа и се жестам. Стридер не може да кажеш дека нештото е прататко на другото нешто поготово не за балканот затоа што тука имаш мал милион на фактори кои имаат влијание на поновата а не па на постарата историја.
 
Интересно е што и Македонскиот и Бугарскиот јазик, се „опкружени“ со многу граматички различни јазици. Српско-хрватскиот, на пример, граматички има малку допирни точки со Македонскиот, на страна тоа што имаме многу слични, или исти зборови. Веројатно најголемата разлика ја прават токму падежите во Српскиот, Хрватскиот и Босанскиот јазик (кој не сум сигурна дека постои како посебен јазик) и предлозите, а секако и членовите кои ги нема во ниту еден од овие јазици.
Причината за разликите во граматиката со останатите словенски јазици според општоприфатените теории е тоа што македонскиот е периферен словенски јазик и централен балкански.
Прочитај нешто за балканскиот јазичен сојуз.
 
Присуството или отстуство на падежи е типолошка карактеристика на еден јазик. Старословенскиот имал падежи (најголемиот број современи словенски јазици ја сочувале оваа карактеристика). Староанглискиот исто така имал падежи. Современиот македонски и англиски немаат. Јазиците континуирано еволуираат. Губењето падежи е резултат на типолошки јазични промени -- од синтетички јазици, македонскиот и англискиот станале аналитички.

Падежите ја означуваат синтактичката односно тематската функција на именката или придавката во реченицата. Такви функции се вршител на дејство (агенс), поседувач, инструмент, трпител на дејство (реципиент), итн. Во било кој јазик падежите се јавуваат во парадигми -- деклинации. Најчесто, јазиците кои немаат падежи (како македонскиот или англискиот) овие функции ги изразуваат со помош на предлози.

Во современиот македонски јазик (и неговите дијалекти) има остатоци од падежни форми (падешки рецидиви) не само за вокатив и акузатив, туку и за датив. За вокатив и акузатив веќе беа дадени примери. Рецидиви од датив има во некои прономинални форми, на пр. кому, нему -- овие заменки се примери на dativus possessivus. Дативот го има и во специфични клитички конструкции Што си ми толку расположен денес? Клитиката ми во горната реченица е пример за dativus sympatheticus. Во реченицата Не ти личи да се расптаваш со глупави клитиката ти е пример за dativus auctoris. Има и други примери за датив ама ако продолжам со вакви технички дистинкции, ќе ви се приспие од досада.

Инаку падежната структура во секој падежен јазик не е идентична. Има субкласификации меѓу падежните јазици, ама тоа е малку покомплицирана лингвистичка дискусија и не ќе да е за на форум.
 
Бугарскиот.

Да, ама македонскиот и бугарскиот правопис сепак се разликуваат по едно нешто.Бугарскиот правопис е по морфолошкиот принцип (односно се води сметка за еднаквото пишување на исти морфеми иако тој не секогаш му одговара на изговорот), додека македонскиот правопис е по фонолошкиот принцип (односно секоја буква претставува еден глас).
 
Падежи... во прва средно учев латински (го имав како предмет де), а дознав зошто служат кога се запишав на факултет :icon_lol:

Кога сме кај македонскиот... не ли е некаков генитив кога велиме „Александровиот“ и сл., наместо „на Александар“?

едит: присвојна придавка изведена од име :) Цела среќа не сум учел германски или некој друг со падежи. Хух.
 
Така е. Ова е генитивна форма. Има такви колку сакаш. Од лични имиња: Душаново царство, Јустинијанов кодекс, Ахилова петица, Питагорина теорема, Соломонов печат, Галилеов систем, Гајгеров бројач, Шекспиров сонет, Сизифови маки, Цветково меанче, Тасино чешмиче. А има и во обратен ред: муда Марјанова. Има и помалку поетски примери (кои не се изведени од лични имиња) пи*кин дим или ку*ово здравје, или (во обратен ред) муда лабудова. Има и небезобразни: политикин забавник, маслиново масло, јаболков оцет. Да не речете се заебаам на темава.
 
Причината за разликите во граматиката со останатите словенски јазици според општоприфатените теории е тоа што македонскиот е периферен словенски јазик и централен балкански.
Прочитај нешто за балканскиот јазичен сојуз.

Дали можеш да ми препорачаш конкретна литература?
--- надополнето: 16 февруари 2012 во 02:34 ---
Ми се допаѓа дискусијата, молам продолжете :)
 
Па тоа е истиот јазик, македонскиот... т.е. негов дијалект.
А зошто е наречен бугарски е долга и мачна дискусија и не сакам да навлегувам во тоа. На кратко речено, вековните пропаганди си ја завршиле работата ефективно.
Да можеше да прашаш Блаже Коневски, би ти ја објаснил...:pos:
 
Дали можеш да ми препорачаш конкретна литература?
--- надополнето: 16 февруари 2012 во 02:34 ---
Ми се допаѓа дискусијата, молам продолжете :)
Слабо се наоѓа на нет поспецифична литература, понешто на српски и бугарски.

Во однос на процесот на губење на падежите во книжевниот јазик:
Деклинација на именките во црковнословенските ракописи од македонска редакција ...237
 
Така е. Ова е генитивна форма. Има такви колку сакаш. Од лични имиња: Душаново царство, Јустинијанов кодекс, Ахилова петица, Питагорина теорема, Соломонов печат, Галилеов систем, Гајгеров бројач, Шекспиров сонет, Сизифови маки, Цветково меанче, Тасино чешмиче.
Ова не се генитивни форми, а придавки изведени од именки со наставки -ов и -ин + соодветните завршоци -Ø, -а, -о, -и + евентуелно член, на пр. Сизиф-ов-и-те.
Генитивни форми би биле: царство Душана, кодекс Јустинијана, петица Ахила, маки Сизифа, сонет Шекспира итн.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom