Во мај во НАТО, ако за една година прифатиме географска одредница?

Член од
25 декември 2008
Мислења
1.880
Поени од реакции
1.092
Пакетот што е на маса значи дека нашата земја би требало да добие покана за влез во алијансата на самитот во мај, но решение за спорот мора да се најде во рок од една година, оти во спротивно Грција нема да ја ратификува одлуката за членство
Македонија во Чикаго да добие покана за членство во НАТО, под услов во рок од една година заедно со Грција да се договори за име со географска одредница. Ова е планот за фазно решавање на прашањето за името што се турка по дипломатски канали, дознава „Дневник“. Пакетот што е на маса значи дека нашата земја би требало да добие покана за влез во алијансата на самитот во мај, но решение за спорот мора да се најде во рок од една година, оти во спротивно Грција нема да ја ратификува одлуката за членство. На тој начин властите во Атина ќе може да ја смират својата јавност дека ветото им останува како оружје, ако не се најде решение за спорот.

Според нашите информации, ваквата идеја била кованица на Вашингтон, а во Атина ја туркале социјалистите. Она што останува проблем е - кога би се распишал референдум во Македонија. Нашите извори велат дека во контекст на фазното решавање на спорот треба да се стави и вчерашната посета на Атина од страна на генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен. Сепак, за пакетот нема потврда од властите во Македонија и во Грција.



Левицата е подобра за решение

Власис Власидис, грчки професор во одделот на балкански студии при Универзитетот на Западна Македонија во Северна Грција, вели дека решавањето на прашањето за името е врзано за изборите во Грција.

- С` зависи од изборите. Претходно не верувам дека ќе има радикални промени во надворешната политика, бидејќи тоа има влијание врз рејтингот на партиите. Во моментов, секој предлог, па дури и да доаѓа од САД, не е приоритет - вели Власидис.

Според него, дали ќе може да има решение на спорот до мај, зависи од два услова: кога ќе има избори и дали ќе победи левицата или десницата.

- Во Грција, по изборите ќе имаме нова политичка сцена. Решавањето на спорот за името зависи од распоредот на силите. Постојат две можности - ПАСОK и Нова демократија да бидат во заедничка влада, слично како што е сега, но со нов премиер, или пак влада што ќе ја сочинува левицата - анализира Власидис.

Според него, промени во позицијата на Грција за името може да има доколку левицата биде дел од власта.

- Ако има влада во која би биле ПАСОK, Демократската левица и Нова демократија, постои можност Грција да ја смени политиката за името, т.е. да прифатат нешто, да има напредок во преговорите. Тогаш би можело да се очекува попозитивен став за затворање на фронтовите со соседите - вели Власидис, кој објаснува дека с` уште не е сигурно дали изборите ќе се одржат во април. Според него, ќе биде тешко ако гласовите се насочат кон Нова демократија и кон ЛАОС.



Пападимас ја темпира средбата со Груевски пред избори

Оптимизмот дека грчката страна во моментов е спремна за компромис не постои по одговорот на грчкиот премиер Лукас Пападимас, кој му одговори на писмото на својот македонски колега Никола Груевски, со предлог да се сретнат во март.

Дипломатски извори велат дека грчката страна ја темпира средбата со цел да создаде перцепција дека се конструктивни, а непосредно пред изборите.

- Целата меѓународна заедница е свесна дека во вакви околности, со оваа техничка влада, невозможен е напредок - велат нашите извори. Од Владата, пак, не сакаат да коментираат ништо додека не помине средбата и не видат дали ќе има суштински преговори.

- Сепак, ја поздравуваме одлуката за средба која доаѓа по сериозно наше инсистирање и серија повици - велат од Владата.
Расмусен ги израдувал Грците
Прво решение за името, а потоа покана за Македонија за членство во НАТО, е пораката што ја испрати генералниот секретар на алијансата, Андерс Фог Расмусен, вчера од Атина. Повторувајќи го она што го кажа во декември по пресудата на Меѓународниот суд во Хаг, Расмусен доби пофалби од грчките домаќини за својата позиција, но и барање од нив да помогне во надминување на проблемот.

- Kога ќе се реши името, ќе бидеме подготвени за преговори со владата во Скопје и оваа одлука с` уште важи – изјавил Расмусен во интервју за грчки медиуми.

Но, со оглед дека решение уште не е најдено, Расмусен додава дека ги поттикнува сите страни да сторат с` што можат за да го решат проблемот. Според него, тоа ќе биде подобро и за Грција, но и за сите сојузници од Западен Балкан кои сакаат да се приклучат во евро-атлантските структури.

Расмусен во Атина престојуваше по повод 60-годишнината од членството на Грција во НАТО и беше примен од грчкиот државен врв. Претседателот Папулјас му се заблагодарил на Расмусен за пренесените ставови. Грчкиот шеф на државата, како што изјавил, дури и се пошегувал со упорноста на Македонија во „менувањето“ на историјата и обидот Александар Велики да се претстави како „скопјанец“.

- Ја разбирате нашата чувствителност за ова прашање, со оглед дека нашиот северен сосед го задржува тврдиот став, иако ние пруживме рака и се однесуваме како добри соседи - се пожалил Папулјас пред првиот човек на НАТО.

Во рамките на престојот во Атина, Расмусен, заедно со министерот Димас, учествуваше и се обрати на конференцијата „Сегашни и идни перспективи за Грција и за НАТО“. И таму, а потоа и на конференцијата со новинарите не го споменал прашањето за името, но и тој и Димас јасно кажале дека начинот на одлучување во алијансата, за што ќе се зборува и во Чикаго, останува ист, со консензус и дека и Грција и НАТО ја поддржуваат интеграцијата на земјите од Западен Балкан откако ќе ги исполнат условите, вклучувајќи ги и добрососедските односи.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=34887D3D82369F498317D5EA20C1F431

Абе и НАТО и ЕУ нека идат во п.м.
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
НАТО не фала... Тоа е само организација која убива недолжно население, не сакам мојата држава да биде во таков злосторнички сојуз!
КАЖИ НЕ!
КАЖИ НЕ!
КАЖИ НЕ!
 
Член од
12 април 2010
Мислења
10.060
Поени од реакции
15.032
same shit since 2008.......
***
добро бре...кој сака да влезе во НАТО?
 

old_School_mk

Програмер, гејмер, psy-trance уживател
Член од
11 август 2009
Мислења
6.158
Поени од реакции
5.933
Преку кур од ЕУ и НАТО.... Политичариве само не' спамираат иако знаат дека многу поголем дел од населението е ПРОТИВ влез во нив.
 

Mr.47

Juve Fan
Член од
29 јули 2008
Мислења
10.044
Поени од реакции
6.071
Кој сака? Па Целата влада, целата опозиција, но не и народот.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Значи вакви теории, секогаш се занимливи, но речиси никогаш вистинити. Значи позицијата и на Грција и НАТО е следната: Без соодветно решение и заеднички компромис по прашање за името, нема покана и секако нема членство. Преведено од дипломатски јазик тоа значи: Додека не го смените името (а и секако идентитетот, бидејќи се цели кон тоа, во сите досегашни понудени пакети) нема да влезете и никој вас ништо не ве прашува, иако повремено ќе бидете потапшувани по рамо. Тоа е факт, нема што да си дискутира. Доколку сега добиеме покана, ќе бидеме на иста положба со Грција и нема да може толку лесно да не уценуваат, а нив не им одговара тоа. Вака мислат дека не имаат во рака. И она што е најбитно, Македонија моментално ама воопшто не е приоритет, ниту претставува некој значаен интерес. Да, за НАТО е интерес Балканот да се интегрира во НАТО, но во моментов не е клучен интерес. Доколку бевме врвен геополитички и стратешки интерес, ќе влезевме одма и никој немаше да ја праша Грција што сака. Не сме (реално) светски релевантен фактор, па од нас да зависат некои клучни стратешки точки. И онака не сме во НАТО, а сепак праќаме трупи во Авганистан и останатите воени жаришта, а секако знаат дека ќе продолжиме да учествуваме во мисиите и покрај тоа што не сме полноправни членки. Ние моментално ги исполнуваме сите обврски како полноправна членка, но не ги уживаме и правата на полноправна членка. Значи во суштина само даваме, а ништо не добиваме. Тоа е сега за сега. Интересите се менуваат, така што може и ситуацијата да се смени, но секако не во толку краток временски период од неколку месеци.
 

Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
4.109
Поени од реакции
9.469
НАТО не фала... Тоа е само организација која убива недолжно население, не сакам мојата држава да биде во таков злосторнички сојуз!
КАЖИ НЕ!
КАЖИ НЕ!
КАЖИ НЕ!
Не дека не си во право, али да не искочи или си во НАТО или си невино население.
 

methMKD

Евроскептик
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.826
Поени од реакции
723
НАТО не фала... Тоа е само организација која убива недолжно население, не сакам мојата држава да биде во таков злосторнички сојуз!
КАЖИ НЕ!
КАЖИ НЕ!
КАЖИ НЕ!
па и вака убиваме недолжно население сеедно ни е :D :D али името не го даваме така да кој ги е*е
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
па и вака убиваме недолжно население сеедно ни е :D :D али името не го даваме така да кој ги е*е
Затоа што сме дегени. Затоа не ни работат фабриките, се што произведуваа идеше во тие земји затоа и Југославија имаше пари и добри односи. Многу македонци работеле во Ирак, Авганистан, Либија... Имам комшија до мене работел на главните згради за офицерите во Багдат, а други на палатите на Садам Хусеин, граделе : булевари, училишта, болници итн....
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Ако прифатиме име со географска одредница, тоа е најдоброто можно решение, бидејќи Северна ќе сака да се обедини со Јужна, Источна и Западна Македонија, за да ја добиеме целата држава :)
И после ние сме сакале покажувале иредентизам и сме сакале да ја нападнеме, абе иди убијте се Грци
 
Член од
12 август 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
2.031
Лаги и лаги и само лаги.

Претпоставувам на некого му се ниша столицата :pos:
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.801
Поени од реакции
12.289
Пакетот што е на маса значи дека нашата земја би требало да добие покана за влез во алијансата на самитот во мај, но решение за спорот мора да се најде во рок од една година, оти во спротивно Грција нема да ја ратификува одлуката за членство.
голема работа. Ако не ја ратификува значи не можеме и не треба да влеземе. Ако не треба, може ли еднашка да прекинат да не дават стално со името, има за нив побитни ствари (економијата на пример), а и за нас да проживееме олабавено на пример... и да го смениме курсот кон другиот дел од планетата земја?

од цел текст читаме што кажува Вашингтон, Атина, Василакис, Педеракис, Црцраксис...а што кажува нашиот премиер, нашата влада?
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.306
Поени од реакции
26.208
а што кажува нашиот премиер, нашата влада?
Не очекувај официјален став, ниту од нашата, ниту од нивната влада. Се во моментов е на ниво на шпекулации. Инаку, дека има сериозни разговори, има.
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.283
Ваквото решение е утопија. Нема шанса да се реши проблемот за една година. Од сега им кажувам дека на референдумот нема да имаат мнозинство за промена на името. Народот ќути и трпи. Може да истрпи невработеност, може да му се качат на глава, ама во оној миг кога ќе се отвори прашањето за името народот ќе искочи на улица и тогаш ќе видат кој е Македонецот. Нека се направи прво референдум дали сакаме во НАТО или не. Јас не верувам дека во тие анкети има толку голема подршка за НАТО.
Не менувам име ниту идентитет за никаков сојуз, уште помалку воен сојуз кој врши окупација низ светот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom